Франк Кеси: И пристапив на Барселона само поради Чави

Засилувањето на Барселона од Милан, Франк Кеси, откри дека клучен фактор за трансферот е желбата да игра под раководство на Чави.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска додаде дека кога ке те покани во својот тим тренер од калибарот на Чави, тогаш е јасно дека сите дотогашни напори и труд, добиваат дополнителна вредност. Кеси е играч од средината на теренот и очекува дека Чави ке му го најде вистинското место во тимот на Барселона.

Македонија се најде во новиот Закон за буџет за одбрана на САД

Во амандман на Законот за национална одбрана, Конгресот побара од Пентагон да предложи повеќе воени вежби со Македонија следната година, се дознава од нацрт-законот за буџетот за одбрана за следната фискална година.

Со овој федерален закон САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон и годинава за првпат во него се најде и Македонија.

Согласно амандманот, Конгресот му наложува на секретарот за одбрана, во консултација со командантот на Европската команда на САД, да достави до Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, брифинг во врска со плановите за дополнителни НАТО или заеднички вежби на САД и Македонија за време на фискалната 2023 година која започнува на 1 октомври 2022 година. Тоа треба да се направи најдоцна до 1 декември.

-Комитетот силно ја поддржува интегралната улога на Македонија како сојузник на НАТО и ја истакнува вредноста на НАТО вежбата Брз одговор 22 во Македонија за НАТО интероперабилноста, регионалната интеграција и одвраќање против руската агресија“, се вели во Законот.

Во него се додава дека од суштинско значење е „САД и останатите НАТО членки да продолжат да спроведуваат слични вежби со Македонија и да настојуваат на натамошната интеграција“.

Македонија е вметната во предложениот законски текст по барање на конгресменката Лиса Мeклејн, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, а на барање на Обединета македонска дијаспора (ОМД), дознава Гласот на Америка.

Градоначалникот на Венеција: Двајца арогантни идиоти го исмеваат нашиот град (ВИДЕО)

Градоначалникот на Венеција ги критикуваше „двајцата идиоти“ кои беа снимени како сурфаат на Големиот канал и ветуваат бесплатна вечера на секој што ќе ги идентификува.

Откако неговата жалба на Твитер стана вирална, Луиџи Бруњаро објави дека дуото е пронајдено и нивните скејтборди се конфискувани. Тој додаде дека ќе бидат третирани „како што заслужуваат“.

„Еве двајца арогантни идиоти кои го исмеваат нашиот град“, коментира Бруњаро, објавувајќи видео од сурферите на моторизирани даски на каналот, најпознатиот во градот.

„Итно треба да им дадеме поголеми овластувања на градоначалниците кога станува збор за јавната безбедност“, додаде тој.

Украинците најавуваат контраофанзива, го објавија и датумот

Наскоро би можела да започне долгоочекуваната контраофанзива на Украина за враќање на изгубената територија.

Националната разузнавачка служба за одбрана навести некои случувања денес, при што портпаролот рече: „Ќе има многу случувања низ фронтот во блиска иднина“.

Андриј Јусов продолжи: „Не станува збор за какви било обврзувачки датуми, сепак, мора да го земеме предвид факторот на Денот на независноста на Украина“. Денот на независноста на Украина е 24 август.

„Централната разузнавачка агенција веќе долго време вели дека август и септември ќе бидат исклучително важни периоди за понатамошен развој на целиот фронт“, рече тој.

притисни ентер