Французите решија кога ќе им почне новата фудбалска сезона

Раководството на француската фудбалска лига денеска донесе одлука дека новиот шампионат во првата и втората лига ќе започне на 22 август.

ЛФП додаде дека тоа е само привремен календар, што ќе зависи од одлуката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), поврзана со продолжувањето на Еврокуповите, што ќе се направи на 17 јуни.

Франција е единствената голема европска лига која одлучи да не ја продолжи тековната сезона прекината со пандемија на коронавирус, по одлуката на тамошната влада да ги забрани сите јавни настани до крајот на август.

Париз СЖ беше прогласен за шампион, додека Амиенс и Тулуз го загубија својот прволигашки статус.

Сè уште не е познато дали ќе се игра финалето на Лига купот (Париз СЖ- Лион) и Купот (Париз СЖ - Сен-Етјен) за оваа сезона.

притисни ентер