Францускиот парламент го усвои предлог-законот за забрана на електронски цигари - Канал 5

Францускиот парламент го усвои предлог-законот за забрана на електронски цигари

Францускиот парламент го усвои предлог-законот за забрана на електронски цигари за еднократна употреба.

Францускиот парламент го усвои предлог-законот за забрана на електронски цигари

Долниот дом на францускиот Парламент едногласно го усвои нацрт-законот за забрана на електронските цигари за еднократна употреба, во обид да ги заштити младите луѓе и да го ублажи негативното влијание на овие производи врз животната средина.

Пратениците на Националното собрание го усвоија овој закон доцна синоќа со 104 гласа „за“ и ниту еден против.

Предлог-законот, кој претходно го поддржа француската Влада, по усвојувањето на Долниот дом, ќе биде испратен до Сенатот, Горниот дом на Парламентот, каде што се очекува да биде усвоен. Законот би можел да стапи на сила до септември 2024 година.

Електронските цигари за еднократна употреба - кои чинат околу 10 евра - се мали уреди на батерии кои се особено популарни меѓу тинејџерите поради нивните различни вештачки вкусови.

Иако тие се главно без тутун, многу од нив содржат никотин, опасна и зависна хемикалија, а нивните мали литиумски батерии за еднократна употреба често завршуваат на депониите.

Предлог-законот е дел од поширокиот тренд бидејќи Велика Британија, Ирска и Германија разгледуваат слични мерки.

Нов Зеланд и Австралија веќе воведоа ограничувања, при што првите мерки наложуваат пониски концентрации на никотин и ограничувања кои се однесуваат на тоа дека електронските цигари за еднократна употреба не можат да се продаваат во близина на училиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Тројца возеле без положен возачки испит, четворица под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово.

Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли.

Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ.

Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости.

Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија.

Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер