„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
1„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
ЕвропаФранцуски командоси извршија упад на руски танкер во близина на Италија, Макрон објави снимка (ВИДЕО)Францускиот претседател Емануел Макрон објави драматични снимки на социјалните мрежи од француски маринци кои го напаѓаат нафтениот танкер „Деливер“.Францускиот претседател Емануел Макрон објави драматични снимки на социјалните мрежи од француски маринци кои го напаѓаат нафтениот танкер „Деливер“, за кој се сомнева дека е дел од руската „сенка флота“ што ја користи Москва за да ги заобиколи западните санкции. „Француската морнарица го пресретна танкерот „Деливер“ во вторник додека минуваше покрај брегот на Сицилија, кршејќи го поморскиот закон“, напиша Макрон во објава на платформата X, заедно со видео на кое се гледаат командоси од воени хеликоптери како се спуштаат на палубата на бродот. „Нема да им дозволиме да ја финансираат војната на Русија“ Макрон нагласи дека акцијата јасно ја покажува решеноста на европските сојузници да се справат со руските нафтоводи и се случи само неколку дена по слична, голема операција на Обединетото Кралство. „Оваа најнова акција против сенката флота ја илустрира решеноста на Европејците. Нема да дозволиме сенката флота да ги избегне санкциите и да ги финансира руските воени напори. Европа е решена. Ќе продолжи со сите потребни напори за да ја зголеми цената на војната за Русија и да овозможи воспоставување силен и траен мир во Украина“, рече Макрон. Западните земји го засилија притисокот врз „сенката на флота“ - мрежа од стари танкери што Русија ги користи за да го скрие потеклото на својата нафта и да продолжи да ја извезува и покрај меѓународното ембарго. La Marine Nationale a arraisonné mardi le pétrolier Deliver alors qu’il transitait au large de la Sicile en infraction avec le droit de la mer. Cette nouvelle action contre la flotte fantôme, conduite quelques jours après une opération similaire par le Royaume-Uni… pic.twitter.com/5Gjn43MhLr — Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) June 25, 2026 Британците неодамна спроведоа слична акција во Ла Манш Операцијата на која се осврнува Макрон се случи на 14 јуни, кога британските специјални сили и агенти на Националната агенција за борба против криминалот го претресоа танкерот Смиртос во Ла Манш. Тоа беше прва таква операција предводена од Велика Британија и беше спроведена откако беше утврдено дека танкер влегол во британските територијални води без легитимно знаме. Имено, кратко пред тоа, Камерун, под дипломатски притисок од Европската Унија, ги отстрани Смиртос и 35 други бродови од руската сенка на флота од својот регистар на бродови, оставајќи го танкерот технички без државјанство. Бродот Смиртос, кој транспортираше повеќе од 100.000 тони руска сурова нафта од типот Урал од пристаништето Уст-Луга до Индија, беше задржан од британските власти во сидрото во близина на Вејмут. Индискиот капетан на бродот, Аџај Пант, беше веднаш уапсен и официјално обвинет пред британскиот суд за директно кршење на санкциите против Русија, за што се соочува со затворска казна до 10 години. Официјална Москва остро реагираше на овие постапки на западните морнарици, нарекувајќи го пресретнувањето и запленувањето на бродовите кршење на меѓународното право и „чин на меѓународно пиратство“.Тагови: Емануел Макрон Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
КошаркаЕвропска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“. Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup. Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации. Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром. Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот. Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.Тагови: МЗТ Скопје Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Македонија„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајотКампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот. Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот. Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија. Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСо дрон погодени два трговски брода во Црното море кај брегот на Бугарија Два трговски брода се погодени од дронови во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. Едениот брод веќе потонал соопштија од владата на Бугарија. Во тек е потрага по исчезнатите членови на екипажот, а засега никој не е обвинет за нападот, кој според досегашните информации е прв таков напад врз бродови во економската зона на земја-членка на НАТО. Бугарскиот премиер Румен Радев ќе ѝ се обрати на јавноста во 11:15 часот по локално време, на почетокот на вонредната седница посветена на нападите со дронови во кои беа погодени два трговски брода во Црното Море во близина на Бугарија – од кои едниот потона – соопшти владата. Не се знае од каде дошле дроновите. Екипажот на потонатиот брод се води како исчезнат, додека членовите на екипажот на другиот брод се спасени, изјави Румен Николов, раководител на операциите за спасување во Варна, како што пренесе јавниот сервис БНР. Бугарскиот портал Maritime.bg објави дека станува збор за бродовите „Алфа Ватан“ (Alfa Watan), кој плови под знамето на Того и за кој се наведува дека потонал, и „Ејбл“ (Able), кој плови под знамето на Палау. Сите 18 членови на екипажот на вториот брод го напуштиле пловилото откако избувнал пожар и биле спасени од бугарскиот ферибот „Диоскурија“ (Dioscuria). Некои од нив се повредени. Сè уште не е утврдено од каде дошле дроновите, објави порталот. Инцидентот се случи само еден ден откако најмалку еден дрон нападна товарен брод во сопственост на Турција, кој превезувал жито во Црното Море. Бродот на крајот потона по избувнувањето на пожарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter