СветФранција пресретна руски танкер во Атлантикот; Макрон: „Ова е само почеток“Француската морнарица се качи на руски танкер во Атлантикот со поддршка на сојузниците, заплени документи под сомнение за лажно знаме и отвори постапка против екипажот.Француската морнарица се качи на уште еден руски танкер за нафта викендов за време на операција на отворено море во Атлантикот, со поддршка на неколку партнери, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, изјави претседателот Емануел Макрон. Според Атлантската поморска администрација, пресретнувањето на танкерот што доаѓаше од Мурманск, Русија, се случило на повеќе од 400 наутички милји (740 км) западно од 'ртот Бретања. По качувањето, прегледот на документите ги потврди сомневањата за неправилно истакнување на знамето, а случајот беше проследен до јавниот обвинител во Брест. Бродот во моментов е придружуван од француски воени бродови за понатамошни проверки. Макрон рече дека е неприфатливо бродовите да ги заобиколуваат санкциите, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната на Русија против Украина, нагласувајќи дека ваквите бродови претставуваат закана и за животната средина и за безбедноста. Пресретнувањето на танкерот „Тагора“ е четвртиот ваков случај на Франција, по операциите на бродовите „Дејна“, „Гринч“ и „Боракај“. Сите претходно беа приведени, а потоа ослободени откако платија казни. Франција најави построги казни за прекршувања на знамето и пловидбата. Руската амбасада во Париз објави Капетанот на бродот Тагор, кој беше запрен и задржан од француската морнарица во Атлантскиот Океан, е руски државјанин, објави денес руската амбасада во Париз, додавајќи дека побарала информации од француските власти во врска со државјанството на членовите на екипажот на бродот, пренесува ТАС. Во меѓувреме, руската агенција РИА Новости објави дека надлежните француски институции не ја информирале Русија за своите постапки во врска со танкерот Тагор, кој наводно испловил од Русија, и бил задржан во Атлантикот бидејќи, како што се претпоставува, испловил од Мурманск под лажно знаме. „Севкупно, немаше известување од француска страна за дејствија поврзани со овој брод“, потврди руската амбасада за РИА Новости.Тагови: нафта русија Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноемвриИзведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: балетска приказна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинариИскра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter