Фото: Жешка голферка!! - Канал 5

Фото: Жешка голферка!!

Елеонора Инкардона е веројатно една од најубавите голферки на светот.

Фото: Жешка голферка!!

Инаку не е професионален играч на голф убавата Елеонора има голема страст кон спортот кој ја споил со нејзиното момче Мирко Маноло.

Италијанската убавица има 28 години и на социјалните мрежи објавува супер секси фотографии од голф терените . На многу од фотките таа гордо ги покажува своите природни атрибути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ бара одговорност, три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клинички

Три цели недели пациентите чекаат, оставени сами на себе. Ама болеста не чека.

СДСМ бара одговорност, три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клинички

Ова е хаос којшто го направи Клековски. Тотален распад на јавното здравство под оваа криминална власт.

Зад секој одложен преглед стои човек што чека дијагноза. Семејство што стравува. Пациент што не знае кога ќе почне да се лекува.

Клековски нека излезе веднаш пред пациентите и нека одговори: зошто три недели нема решение?

Каде се упатуваат итните случаи? Колку прегледи се одложени? Како е можно да не се лекуваат пацинетите?

Здравството, клниките не се партиски плен. За здравјето на луѓето се работи.

Не може само криминални тендери да им биде во фокусот. Не може за тендери да има а за томографи да нема пари.

Граѓаните плаќаат здравствено осигурување за да добијат преглед и лекување, а не затворени врати и префрлање одговорност.

Исто како во Гостивар, 5.000 луѓе беа отруени, одговорност нема.

Граѓаните со најскапото нешто ја плаќаат цената за катасторфалните политики на оваа арамиска, криминална власт.

Доста со арамиски работи.

СДСМ бара веднаш да се стават во функција сите томографи за да може да продолжат прегледите.

Бараме точен рок за ставање на томографите во функција и утврдување на одговорност.

Од Министерот Клековски па се до раководството на клинички.

Прес конференција на СДСМ, Елена Радеска, член на Комисија за здравство

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов систем за „F-16“: Крај на пукањето врз сојузници

Нов електронски систем за автоматско препознавање на пријателски и непријателски авиони успешно ги помина воените тестирања и е одобрен за употреба на ловците „F-16“.

Нов систем за „F-16“: Крај на пукањето врз сојузници

Системот од компанијата „BAE Systems“, означен како „AN/APX-127(V)1 Combined Interrogator Transponder “претставува модернизирано решение што интегрира две функции во еден уред. Неговата цел е да го намали ризикот воените пилоти случајно да пукаат врз сојузнички авиони.

Кога пилот на „F-16“ ќе открие неидентифициран авион на радарот, системот испраќа шифрирано дигитално барање до него преку радио-сигнал. Овој процес е познат како идентификација преку барање или „испрашување“.

Ако авионот му припаѓа на пријателска земја или на сојузник од НАТО, неговиот систем автоматски го прима сигналот, го дешифрира користејќи безбеден воен клуч и враќа прецизно дефиниран, исто така шифриран, одговор.

Ако „F-16“ добие валиден одговор, неговиот систем го означува авионот како пријателски на екранот на пилотот. Доколку нема одговор или примениот код е погрешен, авионот се означува како непозната или непријателска закана.

„BAE Systems“ го дизајнираше новиот уред како директна замена за постарата опрема што се користи на авионите „F-16“ ширум светот. Ова овозможува модернизација на постоечките авиони без потреба од развој на целосно нов систем за идентификација. Системот ефективно функционира како дигитална контрола во воздух: „F-16“ може истовремено да го потврди идентитетот на другите авиони и да го потврди сопствениот идентитет пред сојузничките сили кога тие ќе испратат барање. Ова дополнително го намалува ризикот од погрешна идентификација во ситуации кога во воздушниот простор е присутен голем број авиони.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа

Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа.

Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа

Додека СДС беше на власт, а Петровска беше министерка, Филипче молчеше. За набавката поскапа за 37 милиони евра се сети дури кога се скараа меѓусебно.

Јавноста заслужува одговори во однос на изјавата на Филипче за, како што тој вели криминалот вреден 37 милиони евра.

Обвинување за криминал од 37 милиони евра не е нешто што се вади од фиока кога ќе се започне партиска пресметка.

Го охрабруваме потегот на Филипче да проговори, но исто така го повикуваме и ЈО да го истражи случајот за кој патем се доставени сите информации до надлежните институции.

Правда мора да има.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер