Фото: Во специјални дресови до титула!!

Фудбалерите на богатиот ПСЖ во 33 коло од Лига ! во голем стил ја одбранија шампионската круна во Франција.

Во дрес со мотиви на Нотр Дам, најдобриот млад фудбалер на светот Килијан Мбапе постигна хет-трик, а Бразилецот Нејмар по подлг период поради повреда се врати на теренот во победата над Монако од 3-1.

Бритни Спирс ги загрижи фановите со објавата на Инстаграм

Новите фотографии објавени на Инстаграм од пејачката Бритни Спирс ги загрижија нејзините обожаватели.

Таа најпрвин објави фотографија од себеси како држи букет маргаритки и со порака што за некои им беше чудна.

„Бог е во малите работи, сè е важно“, напиша таа до фотографијата на која некои ги забележале неуредните нокти со изгребан лак за нокти.

„Дали ни испраќа повик за помош со овие нокти?“ се прашуваа фановите, а многу други изразија загриженост, читајќи го истиот повик на фотографијата со цвеќиња.

Таа наскоро објави фотографија на која позира во жешки панталони и кратка маица и со малку замачкана шминка.

„Бог да ве благослови сите“, напиша таа покрај фотографијата.

Следеа веднаш барањата од обожавателите да објави видео, за да им покаже дека е во ред.

"Брит, добро сте. Ве молиме, објавете видео за сите загрижени фанови", "Бог да те благослови, сите се бориме за вас", "Шминката околу очите е повик за помош", "Ако сте во опасност, облечете на следната фотографија нешто розово “, и пишале фановите.

GOD BLESS YOU ALL !!!!!

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Некои дури заклучија дека фотографиите воопшто не ги објавува таа и дека ова е знак дека е во опасност. Започнаа да пишуваат во коментарите дека полиција треба да биде испратена на нејзината адреса.

„Дали некој ја знае нејзината адреса? Треба да ја повикаме полицијата да ја провери нејзината состојба. Повикајте ги сите да ги поплават со повици“, беа некои од коментарите.

Супермодел подига 55 килограми како пердув (ВИДЕО)

По повеќе од една и пол година откако стана мајка ,супермоделот Кејт Аптон докажа дека е во животна форма.

Со своите 6,2 милиони следбеници, таа сподели видео од кревање тегови од 55 килограми како од шега.

Снимката е направена во домашната сала. Аптон носи розови шорцеви и качулка со долги ракави.

Кејт зазеде цврст и стабилен став. Ги затвори очите и вдиши за да се подготви за предизвикот. Таа започна да ги крева теговите под будното око на тренерот Бен Бруно. Таа успеа да ги крене и спушти седум пати пред да запре за да се одмори.

За помалку од 24 часа, видеото го погледнале скоро половина милион луѓе, а повеќе од 500 коментираа.

„Таа е во добра форма“, „Колку си силна“, „Импресивно“, ја пофалија нејзините фанови.

Пијаниот бразилски фудбалер Адриано не може да стои (ВИДЕО)

Прославениот бразилски фудбалер  Адријано, се чини, сè уште страда од старите пороци.

Алкохолот и лудите забави беа актуелни за време на неговите најпознати играчки денови во Интер во 2004 година, а судејќи според новото видео од Бразил, 38-годишниот играч сеуште сака добра забава.

Адријано беше на забава минатата сабота во видливо пијана состојба, и покрај пандемијата на коронавирус.

Тој едвај можеше да оди со помош на пријател и некако успеа да се збогува со другите луѓе, но според изразот на лицето, поранешниот играч на репрезентацијата на Бразил делува уништен.

Позната е приказна дека неговите пороци биле предизвикани од тешката трагедија кога го загубил својот татко пред 15 години.

Падна во депресија и западна во алкохолизам.

Кога му било речено дека го загубил татко му, кој починал од срцев удар, неговиот свет се распаднал.

"Тоа остави непремостлива празнина во мојот живот. Интересно е тоа што мојот роден Бразил ми даде малку светлина во некои ужасни денови. Вие не можете да ја замислите мојата состојба на умот. Се обидуваат да ме урнат, но јас постигнам гол. Цела моја енергија ја посветив на споменот на татко ми. Се сеќавам на прегратките на моите соиграчи. Интер секогаш беше таму во мојот најтежок период. Морати ми беше како татко, исто како и Занети. Искрено сум им благодарен".

притисни ентер