Фото- видео: Секси Ријана! - Канал 5

Фото- видео: Секси Ријана!

Светската музичка ѕвезда Ријана е посветена на семејството, но и на својата линија производи.

Фото- видео: Секси Ријана!

Поради тоа сексапилната пејачка многу често објавува разни фотографии на социјалните мрежи со цел да го промовира својот бренд Фенти.

Популарната Рири сега објави видео во провокативна долна облека од тантела рекламирајќи специјален крем за масажа и нега на кожата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието промовиран Кодексот за етичко однесување на пратениците

Денеска во Собранието се одржа промоцијата на Кодексот за етичко однесување на пратениците, кој претходно беше донесен од страна на пратениците.

Во Собранието промовиран Кодексот за етичко однесување на пратениците

На настанот се обратија претседателот на Собранието Африм Гаши; шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал; вишиот резидентен директор на НДИ Македонија и лидер на тимот на Швајцарската програма за парламентарна поддршка (ПСП), Роберт Скот Хејзлет; претставничката на Одделот за демократско управување и родова еднаквост при ОДИХР, Ајла Ван Хеел Мердановиќ; како и претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Миле Лефков.

Во своето обраќање, претседателот Гаши истакна дека Етичкиот кодекс, пред сè, претставува морален договор што пратениците го склучуваат меѓу себе и со граѓаните што ги претставуваат.

„Бидејќи верувам дека никој од нас не сака овој документ, по неговото усвојување, да остане само архивски материјал, денес сме собрани да го прифатиме како заедничка обврска: јавниот интерес секогаш да биде над личниот интерес; политичката дебата да се води врз основа на аргументи, а не на навреди; политичките разлики да не се претвораат во лични непријателства; а достоинството на Собранието секојдневно да се штити со одговорност и посветеност“, истакна Гаши.

Тој изрази благодарност до пратениците и пратеничките групи, меѓународните партнери и Службата на Собранието, која со својот професионален ангажман и посветеност даде значаен придонес во секоја фаза од процесот на подготовка на Кодексот.

Во своето обраќање, амбасадорот Вал истакна:

„Етичкиот кодекс не само што им дава на пратениците практична алатка за справување со етички прашања од реалниот живот, туку означува и конкретен чекор кон потранспарентна, одговорна и доверлива парламентарна работа во државата. Интегритетот се гради преку секојдневните избори на оние на кои им се доверени јавните функции.“

Роберт Скот Хејзлет истакна дека Швајцарската програма за парламентарна поддршка обезбедуваше континуирана поддршка на Собранието во текот на сложениот процес на изготвување и финализирање на оваа регулатива за интегритет од 2019 година.

„Ова е една од многуте области каде што Швајцарија застана покрај Собранието како стабилен и сигурен партнер во демократските реформи“, рече Хејзлет.

Ајла Ван Хеел Мердановиќ ја истакна важноста на парламентарниот интегритет како алатка за зајакнување на довербата на граѓаните во етиката на парламентарното одлучување.

„Заедничка цел е да го поддржиме процесот на унапредување на парламентарната етика. Драго ни е што денес го гледаме резултатот од повеќемесечната меѓупартиска соработка. За поздрав е и вклучувањето на родовите перспективи во Кодексот“, истакна Мердановиќ

Во своето обраќање, Миле Лефков посочи дека овој Етички кодекс е важен документ за враќањето на довербата во Собранието.

Тој истакна дека со овој документ се покажува дека Собранието знае да ја прифати меѓународната експертиза. Она што го прави овој Кодекс поразличен е тоа што вклучува вистински механизми за негова примена: формирање паритетна работна група која ќе се грижи за спроведувањето на Етичкиот кодекс, назначување повереник за доверливо советување на пратениците, како и донесување упатство, при што повторно ќе се искористи меѓународната експертиза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Во петок авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 10.07.2026 година (петок), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје.

Град Скопје: Во петок авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадиновска-Стојчевска: Со ребалансот власта крати од инвестициите во културата

Ребалансот на Буџетот уште еднаш покажа дека културата не е приоритет за оваа власт.

Костадиновска-Стојчевска: Со ребалансот власта крати од инвестициите во културата

Наместо инвестиции во културното наследство, македонскиот јазик и капиталните културни проекти, се крати токму таму каде што државата има обврска да заштитува и да вложува, обвини пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска на седницата на Комисијата за буџет.

Таа посочи дека зад бројките во ребалансот се крие јасна политика на запоставување на културата, но и сериозен проблем со транспарентноста во трошењето на јавните средства.

„Овој ребаланс покажува дека она што не му било приоритет на министерот повторно останува загрозено. Културното наследство, македонскиот јазик и важните културни проекти повторно се оставени без вистинска поддршка“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Пратеничката Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека владејачкото мнозинство го одби предлогот на СДСМ за формирање фонд за културно наследство финансиран од средствата од игрите на среќа.

„Културното наследство и неговата заштита се оставени без вистинска грижа. И со овој ребаланс повторно не се обезбедуваат средства за она што треба да биде наша трајна обврска“, рече Костадиновска-Стојчевска

Во однос на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, Костадиновска-Стојчевска, посочи дека наместо кадровско зајакнување и функционален инспекторат, средствата не се насочуваат кон неговото реално работење.

„Наместо нови вработувања, експерти и инспектори кои ќе овозможат инспекторатот да функционира, слушнавме дека средствата ќе се трошат за канцелариска опрема. Македонскиот јазик заслужува институција која функционира, а не институција без капацитет“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека Министерството за култура и туризам работи нетранспарентно, посочувајќи дека веќе две години не се објавуваат резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес.

„Две години по ред Министерството не ја исполнува својата обврска да ги објави резултатите од конкурсите. Јавноста не знае кој добил средства, колку средства добил, за кои проекти и според кои критериуми. Тоа е основата на отчетноста и транспарентноста во трошењето на парите на граѓаните“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Ова како што кажа создава сомнеж и ја враќа државата во период кога граѓаните немаа увид како се распределуваат средствата за култура.

„Не е во ред повторно да се вратиме во време кога ништо не се објавуваше и кога јавноста не можеше да види кој ги троши парите и кои проекти се финансираат. Кога станува збор за пари на граѓаните, отчетноста не е избор, туку обврска. Културата, јазикот и културното наследство не смеат да бидат последна ставка во буџетот. Потребна е политика која ќе ги штити и развива, а не политика која ќе ги запоставува“, порача пратеничката од СДСМ, Костадиновска Стојчевска.

Со ребаланост се намалуват парите и за реконструкцијата на Музејот на Република Северна Македонија, иако таму се чуваат исклучително значајни артефакти и вратени украдени икони, а потсети и на намалувањето и неизвесноста околу финансирањето на филмските проекти.

„Од предвидените средства за реконструкција на Музејот на Република Северна Македонија повторно има кратење. Тоа значи дека се одложува можноста јавноста да ги види вредните артефакти и иконите кои се вратени во државата. Исто така и кратењето на средствата во Агенцијата за филм директно ги загрозува проектите кои се повеќегодишни и кои веќе имаат преземени обврски. Културата не смее да биде поле каде што прво се ветува, а потоа се кратат средства“, посочи Костадиновска-Стојчевска.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер