Фото+Видео: Ѕирнете во синото село, во шпанскиот дом на Штрумфовите!

Стотици години, малите куќи во селото Јузкар, во близина на Малага во шпанската провинција Андалузија биле премачкани со вар, па така, немало ништо посебно и значајно во врска со ова шпанско село со околу 220 жители и површина од 33 километри квадратни... Но, неодамна сето тоа се променило!

Местото кое што годишно било посетувано од само неколку стотина туристи, денес е една од главните шпански атракции, а сето тоа е благодарение на големото "реновирање" кое што ова село го доживеало во 2011 година.

Имено, се до пред две години, ова место било обично село во кое што селаните живееле нормален, вообичаен живот без голема посета од туристи, но денес, тие дури и живеат од туризмот, а сето тоа е благодарение на продуцентите од "Sony Pictures" студиото.

Така, во 2011 година продуцентите започнале со потрага на село во Андалузија чии што бели куќи би биле обоени во сина боја, а изборот паднал токму на ова прекрасно место.

Најпрво, жителите биле скептични, но маркетинг виртуозите ги убедиле дека станува збор само за промотивен трик за премиерата на филмот "The Smurfs" и дека сето тоа ќе направи ова село да се издвои од останатите.

И така, во 2011 година, по гласањето на жителите и ветувањето дека по премиерата, на нивните домови повторно ќе им биде вратена првичната боја, дотогаш снежно белите куќи се претвориле во небесно сини домови кои што едноставно воодушевуваат. При фарбањето на куќите биле искористени повеќе од 4.000 литри сина боја и така, селото Јузкар станало село на Штрумфовите.


По преобразбата, се што се случувало во ова село имало поврзаност со Штрумфовите, па така, се приредувале тематски изложби и натпревари, па бил подигнат дури и штрумфовски пазар.

"Треската" отишла дотаму што дури и локалната црква воспримила карактеристики од Штрумфовите, па се приредувале и т.н. сини свадби. Ова, дотогаш обично село, тогаш се претворило во вистинска светска и единствена атракција.

Но, по шест месеци, во селото дошле "виновниците" за таа трансформација и им соопштиле на селаните дека било време да си го одржат ветувањето и да им ги префарбаат домовите со вар, какви што биле претходно... Тогаш се случило и нешто неочекувано!

Имено, селаните одржале повторно гласање и резултатите биле изненадувачки: дури повеќе од 140 жители гласале дека сакаат нивните домови да го задржат штрумфовскиот изглед, а само 30 рекле дека назад ја посакуваат белата боја на куќите.

Така, одлуката била донесена и ден денес, селото Јузкар останува да привлекува огромен број на туристи ширум светот како единствена светска атракција, па според последните информации, од претходните стотина туристи на годишно ниво, денес во Селото на Штрумфовите доаѓаат и повеќе од 80.000 посетители!

Во продолжение уживајте во прошетката низ сината штрумфовска бајка! /Извор: Точка/

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер