3Димитриеска-Кочоска и Ацевски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МФ и ДЗР – Поголема координација за заштита на јавните средства
ЗабаваФото: Убавицата на Кристијано РоналдоМногу повеќе го сака сексот со неа отколку да постигнува голови. Еве зошто Кристијано Роналдо е толку вљубен во својата Герогина Родригез.Најдобриот фудбалер на Јувентус неодамна призна дека многу повеќе ужива во сексот со својата девојка Георгина отколку кога постигнува голови. Атрактивната Георгина на забава во Мадрид уште еднаш покажа зошто нејзиното славно момче лудува по неа . Герогина на забавата во Мадрид блеснала во светкав долг фустан кој го истакнал нејзиното совршено тело. На забавата се појавила без Кристијано кој имал обврски во Јуве. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
ЕвропаМерц во минус, постојано ја губи поддршкатаГерманскиот канцелар Фридрих Мерц постојано ја губи поддршката кај граѓаните, според резултатите од анкетата за телевизијата „ZDF“. На скала од +5 до -5, Мерц доби рејтинг од минус 1,9 од испитаниците - неговиот најлош резултат досега. На крајот на јули, канцеларот, кој е и лидер на Христијанските демократи (CDU), имаше рејтинг од минус 1,5 во анкетата спроведена од Институтот Вален. На врвот на листата сè уште е министерот за одбрана на социјалдемократите (SPD) Борис Писториус, со рејтинг од 1,3. Лидерот на социјалдемократите и вицеканцелар Ларс Клингбајл останува во негативната зона, со непроменет минус 0,6. На дното на листата од 10-те најважни политичари е копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD) Алис Вајдел со рејтинг од минус 2,5. Анкетата, исто така, укажува на големи сомнежи за поддршката за Мерц во рамките на неговата сопствена партија. Дури 80 проценти од испитаниците, вклучувајќи 67 проценти од поддржувачите на ЦДУ, рекле дека партијата не го поддржува целосно својот лидер. Доколку изборите се одржат следната недела, АфД би освоила 27 проценти од гласовите, според анкетата, и би останала далеку пред ЦДУ, која би добила 22 проценти. Двете партии изгубиле еден процентен поен од анкетата кон крајот на јули. СПД останува на 12 проценти, додека Зелените се зголемија за еден процентен поен на 14 проценти. Левичарската партија остана на 12 проценти. Институтот Вален ја спроведе анкетата од 17 до 19 август, преку телефон и преку интернет, на примерок од 1.319 гласачи. Извор: Б92Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаРеакција на АВМУ на соопштението на СДСМАВМУ одлуките ги носи исклучиво согласно закон и утврдени процедури.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на обидите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да го доведе постапувањето на Агенцијата во конкретни предмети во контекст на дневно-политички интереси. АВМУ постапува исклучиво врз основа на надлежностите и во рамките на постапките утврдени со закон. Пред секоја промена на сопственичка структура на радиодифузер, тој е должен да достави известување за промена на сопственичката структура и воедно да достави соодветна документација. По приемот на известувањето, Агенцијата ја проверува документацијата и нејзината усогласеност со закон и во рок од 30 дена донесува одлука дали промената ќе биде одобрена или одбиена. Законскиот застапник на Радиодифузното друштво Наша ТВ ДООЕЛ Скопје и Трговското радиодифузно друштво РФМ ДООЕЛ Скопје, достави барање за промена на сопственичката структура на 29 јуни. Заради целосно утврдување на сите факти и околности релевантни за предметите, како и обезбедување на сите информации потребни за законито, правилно и објективно одлучување, Советот на Агенцијата го продолжи рокот за одлучување за дополнителни 30 дена. Во овој период, Агенцијата продолжува со проверка на доставената документација и со прибирање на потребните информации од надлежните институции. Постапките по барањата се во тек. Одлуките на АВМУ се носат врз основа на утврдените факти и исполнувањето на законските услови и прописи, а не врз основа на шпекулации, претпоставки или политички обвинувања. Затоа Агенцијата ги повикува политичките субјекти да не ја политизираат и да не ја користат работата на независниот регулатор за сопствени политички интереси. АВМУ и натаму ќе ги извршува своите законски надлежности професионално, независно и транспарентно, во интерес на обезбедување слободен и плуралистички медиумски простор во земјава. АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИТагови: АВМУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска и Ацевски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МФ и ДЗР – Поголема координација за заштита на јавните средстваМинистерството за финансии и Државниот завод за ревизија ја унапрдуваат меѓуинституционалнта соработка и координација со цел градење посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии. Денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и главниот државен ревизок Максим Ацески потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции. Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека денешното потпишување на Меморандумот за соработка со Државниот завод за ревизија го зајакнува партнерство коешто ги поврзува експертските, техничките и аналитичките капацитети на две клучни институции во заштитата на парите на граѓаните и создава поцврста институционална основа за заедничко дејствување во спречувањето и откривањето на неправилности, измами и коруптивни дејствија. „Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија потврдуваат јасна политичка и професионална определба за силни институции, одговорно управување со јавните средства и нулта толеранција кон корупцијата. Ова партнерство не е само административен чекор, туку суштинска реформа, која дава основа за подобра координација, поголема транспарентност и поефикасна заштита на јавните средства. Нашата обврска е секој денар од домашните буџетски средства, како и секое евро од европските фондови, да биде потрошено законски, наменски, одговорно и во интерес на граѓаните“, истакна министерката на потпишувањето на Меморандумот. „Потпишувањето на овој Меморандум претставува воспоставување на бескомпромисен систем на институционална синергија, која преку конкретна примена на меѓународните ревизорски стандарди и операционализација на АФКОС мрежата, гарантира дека секој денар од даночните обврзници е заштитен од неправилности и измами. Со оваа соработка, ние не само што ја подигнуваме транспарентноста и отчетноста на највисоко ниво согласно европските вредности, туку директно го подобруваме квалитетот на услугите за граѓаните, осигурувајќи дека средствата на даночните обврзници се користат наменски во насока на испорака на квалитетни, навремени и континуирани услуги на граѓаните“, изјави главниот државен ревизор Ацевски. Иницијативата за Меморандумoт за соработка меѓу двете институции е резултат на добрата пракса во земјите-членки на Европската унија и истиот воспоставува рамка за соработка во повеќе области од заеднички интерес, овозможува размена на искуства, знаења и податоци, унапредување на професионалните капацитети и примена на европските стандарди. Меморандумот ќе овозможи на двете институции размена на знаења и искуства преку работни средби, работилници, конференции, семинари, обуки и други форми на професионално усовршување. Вработените од Државниот завод за ревизија ќе можат да се вклучат како предавачи во обуките што ги организира Министерството за финансии преку Секторот – Академија за јавни финансии, додека експертите од Министерството за финансии ќе можат да придонесат во програмите за континуирано професионално усовршување на вработените во Државниот завод за ревизија. Предвидена е и редовна размена на стручна литература, сметководствени и ревизорски стандарди, методолошки прирачници, годишни програми за ревизорски активности, како и конечни ревизорски извештаи и акциски планови подготвени од јавните субјекти. Со Меморандумот се предвидени активности за подигнување на јавната свест за превенција и препознавање на неправилностите и измамите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook