Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите
2Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите
Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
2Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
ЗабаваФото: Таа е најплатената љубовница на светот!!Прекрасната украинска манекенка Јана Орфејева има само 21 година но неделно заработува по 30 000 фунти, и тоа не на модната писта.Украинската убавица е платена љубовница на саудискиот принц, пренесува „Дејли Стар“. Јана веќе две години живее како платена љубовница на принцот . Таа покрај тоа што дневно на сметка добива по 4000 фунти( околу 4500 евра), богатиот принц редовно и подарува и скапи автомобили и ја носи на луксузни патувања. Но, великодушниот принц не се запира само на ова, тој на јана покрај редовната плата во неколку наврати и подарил и многу пари. Во една прилика Јана добила 115 000 фунти на подарок. Украинската манекенка со добиените пари си купила луксузни станови во Киев и Москва. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез позира без облека, а косата никогаш не ѝ била посветла (ВИДЕО)Џенифер Лопез избра костим од Барбарела за овогодинешниот Ноќ на вештерките, ликот што Џејн Фонда го играше во истоимениот филм од 1968 година. За таа пригода, таа беше трансформирана со помош на прекрасна руса фризура моделирана по познатата актерка, а носеше и реплика од проѕирниот боди со светки од филмот. Таа дополнително го адаптираше костимот за Ноќта на вештерките со солзи и детали што имитираат крв. Пејачката и актерка често експериментирала со фризури во текот на својата кариера, од природни кадрици од деведесеттите до медено руси прамени, пишува Харперс Базар. Најсветлата нијанса досега Иако Ноќта на вештерките заврши, се чини дека Лопез сè уште не е подготвена да се збогува со својот нов изглед. Нејзиниот фризер Крис Аплтон објави претходно невидени фотографии на Инстаграм на кои пејачката е речиси непрепознатлива. View this post on Instagram A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) На фотографиите, Лопез позира целосно гола, а посебно внимание привлекува нејзината екстремно светла руса коса, најсветлата нијанса што некогаш ја носела. „Бомбастични боцки“, напиша Аплтон во описот на објавата, алудирајќи на Барбарела и нејзиниот костим. Тој ја обликуваше нејзината коса во луксузни, волуменозни кадрици, со дополнителен волумен нагласен на темето. Фризерот одговорен за бројни трансформации Аплтон стои зад многу фризури на Џенифер Лопез, вклучувајќи го и нејзиното неодамнешно „фенирање од милион долари“. Станува збор за луксузно стилизирана коса со костенливи прамени и шишки што го врамуваат лицето. @jlo Her specialty is LOVE ❤️ Barbarella 🚀 Happy Halloween everybody! ♬ original sound - JLO View this post on Instagram A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) Перика или трајна промена? Дали Лопез ќе ја задржи новата боја на косата сè уште не е познато. Не е ни јасно дали носи перика на фотографиите. Имено, Аплтон е позната по големите трансформации на изгледот на неговите познати клиенти, вклучувајќи ги Ким Кардашијан и самата Џенифер Лопез. Затоа, останува да се види дали ова е потрајна промена или само привремен експеримент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Ширење паника или паника кај МицкоскиМицкоски сега ја обвинува опозицијата за ширење паника.Како шири паника СДСМ кога уште пред една година алармиравме да не се дозволи ова со банката? Дали СДСМ ширеше паника во Европа и во Црна Гора каде што е одбиена оваа банка и забранет е велз на нејзиниот сопственик? Дали СДСМ ширеше паника во Србија каде што се отворени истраги за криминал, каде е приведен Мацура и прогласен стечај на Алта банка? Прашањето е едноставно, дали СДСМ ширеше паника во Европа, Црна Гора, Србија или Мицкоски е во паника затоа што знае дека ќе одговара затоа што ја донесе Вучиќевата пералница на пари во Македонија? Еве ја хронологијата. Факти, не шпекулации. Во 2023 и 2024 Алта група на Давор Мацура се обидува да ја преземе Addiko банка во повеќе земји, вклучувајќи Црна Гора. Европската централна банка и австрискиот регулатор реагираат. Во август 2024 ECB привремено го суспендира правото на глас поради тајно заедничко дејствување. Во септември австрискиот регулатор изрекува санкција. Financial Times пишува за проверки околу потеклото на капиталот и контролите против перење пари. Формалниот сопственик е човек што до вчера држеше менувачница во Земун. Нема банкарско искуство. Има сомнежи за капиталот. Во октомври 2025 Централната банка на Црна Гора го одбива преземањето на Addiko. Гувернерката Ирена Радовиќ потврдува дека имало притисоци кога го одбиле планот. Мацура планирал по Addiko да влезе уште во две банки. Алта не добива банкарска дозвола во Црна Гора. Регулаторот вели: интегритетот на пазарот е поважен. Во истиот период, октомври 2025, Алта банка АД Белград ја купува Стопанска банка Битола со одобрение на НБРМ. 95 проценти од акциите. Покрај банката, Алта група во 2026 ги купува и ЗОИЛ Македонија АД Битола - 100 проценти од осигурителната компанија. Компанијата е преименувана во Алта осигурување АД Скопје. Владата на Мицкоски праќа укажување на јавни претпријатија да одлучат за преземање акции од страна на Алта банка. Мицкоски не само што ја турка банката во Македонија. Го турка и осигурувањето. Ја внесува целата група во Македонија. Во октомври 2026 Мацура е вратен од аеродром во Подгорица. Забранет му е влез во Црна Гора од причини на национална безбедност. По изборите во Србија паѓа СНС. Се појавуваат тврдења за големи одливи. На 30 и 31 октомври Народната банка на Србија ја одзема дозволата на Алта банка АД Белград. Се отвора стечај. Вучиќева гувернерка на Народната банка на Србија рече дека сè е во ред со банката, а веќе истата ноќ, во 2:30 часот по полноќ, ѝ беше одземена дозволата за работа. Српското Обвинителство отвора истрага. На 2 ноември е уапсен Мацура. Сомнеж дека изнел околу 380 милиони евра од трезорот - дел физички, дел преку фиктивно евидентирање. На 3 ноември судот формално отвора стечај. Во Македонија, гувернерот рече дека сè е во ред, а во рок од 24 часа беше воведена принудна управа во банката. На 1 ноември НБРМ воведува присилна управа над Алта банка АД Битола. Одредуваат лимити за граѓаните. Штедачите не можат да дојдат до своите пари. Вчера гувернерот на Народната банка на Македонија изјави дека токму Мицкоски бил тој што вршел притисок за дозволата. Значи: во Европа има санкции и суспензии. Во Црна Гора има одбивање и притисоци што не поминале. Во Србија има стечај, апсење и истрага за 380 милиони евра. Формалниот сопственик е човек од менувачница. Постојат сомнежи за потеклото на капиталот. И покрај сето тоа, Мицкоски врши притисок за дозвола и ја внесува банката во Македонија. Го внесува и осигурувањето. Ја внесува целата Вучиќева пералница на пари од криминал и корупција. Ја внесува со пари на јавни претпријатија и на граѓаните. Сега, кога сè се одмотува, Мицкоски ја обвинува опозицијата за ширење паника. Не ширевме паника во Европа. Не ширевме паника во Црна Гора. Не ширевме паника во Србија. Фактите се на виделина. Мицкоски е во паника затоа што знае дека ќе одговара. Затоа што знае дека документите и трансакциите се тука. Затоа што знае дека не може да се сокрие кој вршел притисок. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Паниката е кај Мицкоски. Вистината е во документите. Мицкоски мора да одговара!, се наведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаШасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителитеБорбата против корупцијата мора да донесе конкретни резултати, одговорност за високата корупција и ефикасна конфискација на незаконски стекнатиот имот. Ова е една од клучните пораки на министерот за правда, Јетон Шасивари, од Министерскиот форум ЕУ - Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Будва, каде што учествуваше на панелот посветен на борбата против корупцијата. Министерот нагласи дека владеењето на правото и борбата против корупцијата се основа за демократска стабилност и доверба во институциите. Особено внимание посвети на предметите од висока корупција, чиј исход претставува вистински тест за ефикасноста и независноста на правосудниот систем. „Особено внимание посветуваме на ефикасното постапување по предметите од висока корупција, како еден од клучните показатели за ефективноста на правосудниот систем и неговата способност да обезбеди одговорност без оглед на позицијата или влијанието на сторителите“, истакна Шасивари. Во фокусот на неговото обраќање беа и законодавните реформи. Подготвени се нов Кривичен законик и нов Закон за кривичната постапка, со кои се предвидуваат построги санкции за коруптивните кривични дела и поефикасни механизми за конфискација на имотот и имотната корист. „Нашата цел е јасна – криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане во рацете на сторителите“, порача министерот. Шасивари ги претстави и подготвените измени на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, новиот Закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи, како и измените на Законот за лобирање. Со овие решенија се предвидува зајакнување на контролата на имотната состојба, спречување на судирот на интереси и поголема институционална одговорност. Покрај законските измени, министерот се осврна и на конкретните активности за зајакнување на интегритетот во правосудството. Во соработка со ОБСЕ, претседателите на основните судови од апелационите подрачја Штип, Гостивар, Битола и Скопје потпишаа политики за интегритет. Дополнително, се унапредуваат механизмите за дисциплинска одговорност и професионално постапување, додека шестиот евалуациски круг на ГРЕКО претставува дополнителна можност за проценка и подобрување на антикорупциските механизми. Говорејќи за меѓународната соработка, Шасивари нагласи дека корупцијата не познава граници и дека нејзиното сузбивање бара заедничко дејствување, размена на информации и поефикасна соработка со европските институции, вклучително и со ЕВРОПРАВДА. Министерот ја поздрави новата антикорупциска стратегија на Европската унија и ја истакна важноста на поддршката од Европската комисија за спроведувањето на реформите. „За нас е особено важно реформите да донесат видливи и конкретни придобивки, како за институциите, така и за граѓаните“, нагласи Шасивари, соопштуваат од МП.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00