Николоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравството
1Николоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравството
Шоу бизФото: Светска музичка ѕвезда повторно воодушеви во бикини Светската музичка ѕвезда Никол Шерзингер повторно ги воодушеви своите следбеници со нови фотографии во бикини.Убавата Никол е една од ретките на светската музичка сцена која изгледа идентично како и на почетокот на кариерата, а армијата обожаватели со ентузијазам го коментираат секое нејзино појавување, но и нејзините објави на Инстаграм. Откако го прослави својот 44-ти роденден во друштво на својот вереник, поранешната членка на групата „The Pussycat Dolls“ отпатува за Португалија, каде објави серија фотографии од плажа. И овој пат никого не остави рамнодушен, а на коментарите под објавата не им се гледаше крај. На фотките Никол позира во мало црно бикини кое одлично и прилегаше на нејзината фигура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравствотоДенес се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор —историски документ кој остави силна трага во развојот на државата. Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, да се даде пообјективен осврт на она што се случувало во тие денови. Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата, но се избра патот на договорот, патот на компромисот и на политичката зрелост, истакна во своето обраќање заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на Свечената седница по повод 25 години Охридски рамковен договор. “ Дефинитивно она што можеме да го кажеме е дека Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата. Постоеше неизвесност, поделби, страв и државата беше на ивица да стане држава на поделби, на раздор, на силен национализам. Пред 25 години државата можеше да тргне по тој пат, но избра да тргне по сосема друг пат — пат на соработка, на дијалог, на меѓусебно почитување и меѓусебно разбирање. Се избра патот на договорот, патот на компромисот и на политичката зрелост. Тука е несомнена улогата и на меѓународната заедница, нашите партнери од Европската Унија и од НАТО, таму каде што државата природно припаѓа — не само заради својата политичка определба, туку и заради јасната определба на сите кои што живеат во Македонија, која што е јасно прозападна и проатлантска. Мораме да бидеме отворени — јас секогаш сакам да бидам отворен и да кажеме дека ако гледаме наназад, децении по потпишувањето на договорот, имаше и поединци и цели политички структури и цели политички партии, кои што за среќа не се дел од оваа Влада, коишто договорот го злоупотребуваа за свои лични интереси. Се обидуваа да прават раздор, да поттикнуваат лажен национализам, етнички тензии и на тој начин да владеат со државата. Може да признаеме дека долго и успеваа да го прават тоа и за за сега, еве да видиме во овие две години, дека во суштина најголемиот дел од работите беа поврзани со личниот и семејниот интерес.” – се обрати заменик претседателот на Владата, Николоски. Денеска државата се гради да биде пропсеритетна преку силни инвестиции во инфраструктура, здравството, во образованието. “Градиме модерна инфраструктура: За некој ден ќе почнеме да го градиме автопатот Скопје – Блаце. Интензивно се гради Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. Во тек на септември ќе почнеме и Букојчани – Кичево. Очекувам во тек на октомври да пуштиме уште една делница од Кичево – Охрид, а веќе во првиот квартал следната година да го завршиме целиот автопат Кичево – Охрид – Струга. Се гради Битола – Прилеп. Го пуштивме Градско – Дреново – Фариш. Го пуштивме Куманово – Крива Паланка. Почнуваме е да градиме Кочани – Виница – Делчево, како и Радовиш – Струмица – граница со Бугарија. Ова не начинот на кој треба да се развива државата исто како што се развива и железницата. Веќе интензивно работиме на Коридорот 8 поврзување со Бугарија. Очекувам во соработка со Европската Унија веќе следната година да почнеме да работиме: прва фаза Скопје - Јегуновце-Тетово– Гостивар, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза Кичево – Охрид – Струга. Се инвестира многу и во образованието, каде што се прават темелни реформи коишто треба да дадат иднина на државата преку образование на нови генерации. Има силен инвестициски циклус: се градат основни училишта, средни училишта, универзитети, се помага на истите и се стимулира научната дејност. Истото се прави и во здравството и во социјалната грижа и така ќе продолжиме да работиме. Рамковниот договор е едно поглавје од нашата историја коешто сведочи дека научивме да живееме заедно, но во исто време е и обврска да им оставиме на идните генерации една поправедна, обединета и просперитетна држава. За да не се сеќаваат, како што јас се сеќавам на таа година кога бев трета година средно, а летото наместо за летен распуст зборувавме за некои други работи Мислам дека идните генерации треба да зборуваат за тоа каде ќе се запишат на факултет, кој постигнал подобар успех и на кој концерт ќе одат. Обврска на сите нас е да ја сакаме, почитуваме и развиваме заедничката држава” – заклучи заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Скопје пронајдени тројца илегални мигранти од судан при контрола на камионЦаринската управа денеска информираше дека пронајдени биле тројца илегални мигранти од Судан при контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење.„Царински службеници од царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба“, посочија од царина. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. „Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на царинската управа во заштита на државата. Мигрантите се предадени на министерството за внатрешни работи“, додаваат од управата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЖивотТрамп планира градежни проекти во Белата куќа од речиси милијарда долариАдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од средствата да бидат обезбедени од даночните обврзнициСпоред весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од Конгресот. Парите биле пренасочени во сметката на извршната резиденција на Белата куќа наменета за поправки и реставрација, за проекти кои администрацијата ги опишува како „проекти за модернизација“. Во извештајот се наведува дека планираните зафати вклучуваат изградба на балска сала во источното крило, уредување на плоштадот Лафајет, изградба на хелиодром, нов центар за безбедносна проверка на посетителите и други подобрувања, со што проценетата вкупна цена достигнува најмалку 927 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook