Американскиот актер, режисер, сценарист и продуцент одлучил летото да го мине на брегот на Јадранот, во Хрватска во друштво на најтесното семејство.
Сталоне од Венеција пристигнал со авион во Сплит, со него допатувале и неговите ќерки Систина, Софија и Скарлет Роза како и сопругата Џенифер Флавиа.
Според хрватските медиуми Сталоне добро „маскиран и камуфлиран“ слетал во Сплит во намера да не биде препознаен од новинарите и обожавателите . Семејството Сталоне директно од сплитскиот аеродром се упатило во луксузен хотел каде ќе го мине летниот одмор.