Фото: Со новиот „Taycan“ и инвестиција од 6 милијарди евра „Порше“ влегува во електичната ера

Со новиот „Taycan“ автомобилскиот гигант „Порше“ влекува во електичната ера .

Со инвестиции од шест милијарди евра, 1.200 нови вработени, неспоредливо кампањско знаење и цврста заложба за електрична мобилност, производителот на спортски автомобили, „Porsche“ влекува во електичната ера со новиот „Taycan“.

Новиот Taycan се напојува со иновативна технологија, поточно литиум-јонската батерија ќе може да се полни за само четири минути.

Процесот на производство на „Taycan“ е јаглеродно неутрален, со идна цел да воспостави целосна фабрика која нема да има влијание врз животната средина.

Тесните работни односи помеѓу мотоспортот и сериското производство нагласуваат колку е важно споделувањето на знаењата. Како и Porsche 919 Hybrid, кој има повеќе Ле Ман победи, Taycan се напојува со иновативна 800 V технологија. Ова беше една од најважните одлуки за 919, бидејќи нивото на напон ефикасно го поставува курсот за целиот електричен погон: од батеријата,преку изгледот на електрониката и електро моторите, па сè до капацитетот на процесот за полнење. При усвојувањето на пионерскиот пристап и специјалното развивање на соодветните 800 V компоненти, Porsche ги турна границите на она што е технички изводливо – вклучително и во однос на литиум-јонската батерија со течно ладење. Поради интензивното конкурентско опкружување на мотоспортот, Porsche продолжи да ги развива своите технологии. Брендот во моментот располага со најголемата моќ, како никогаш досега. За Taycanова значи дека 800 V архитектура во возилото гарантира дека литиум-јонската батерија може да се полни за само четири минути. Овој трансфер на знаење ќе достигне сосема ново ниво кога Porsche ќе влезе во Формула Е во 2019/2020 сезоната.

Поради исклучително високи температури на Филипини учениците ќе одат на онлајн настава

Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по рекордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. 

Голем број училишта на Филипините немаат климатизација.

Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на учениците да останат дома.

„Со оглед на најновата прогноза за температурите... и најавата за национален штрајк во транспортот, сите државни училишта низ целата земја ќе спроведат асинхрони часови/учење на далечина на 29 и 30 април 2024 година“, соопштија властите на Фејсбук.

Одделот за образование надгледува повеќе од 47.000 училишта низ целата земја на архипелагот.

Во Тајланд, каде што најмалку 30 луѓе починаа од топлотен удар досега оваа година, метеоролошкиот оддел предупреди на „тешки услови“ откако температурите во една северна провинција во саботата надминаа 44,1 Целзиусови степени.

И во Камбоџа, Мјанмар, Виетнам, Индија и Бангладеш, синоптичарите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 Целзиусови во наредните денови.

Глобалните температури достигнаа рекордно ниво лани, а ОН во вторникот соопштија дека Азија се загрева со особено брзо темпо.

Анкета: Повеќето граѓани веќе одлучиле како ќе гласаат

Дел од граѓаните велат дека веќе имаат одлучено за кого ќе го дадат гласот на осми мај.

Оние што ги анкетиравме, сметаат дека кампањата нема да влијае на нивната одлука.

Хоспитализиран таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан!!

Срѓан,таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ итно е примен во болница! 

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска е примен во Ургентниот центар! Информацијата ја пренесе Курир, а според Информер, таткото на првиот светски рекет го повредил рамото и затоа бил хоспитализиран!

Според информациите, повредата на Срѓан Ѓоковиќ настанала откако паднал додека ги хранел птиците. Во таа прилика тој паднал од столот и ги повредил рамото .

Во раните попладневни часови е примен на одделението за ортопедија и се чувствува добро.

- Точно е дека Срѓан Ѓоковиќ е примен во болница. Моментално е на ортопедско поради повреда на рамото. Во моментов се следи состојбата и се вршат сите потребни испитувања - вели извор на Информер запознаен со целиот случај.

Никој од семејството Ѓоковиќ се уште не се изјаснил за овој настан.

притисни ентер