Фото: Се враќаат „Fiat Ulysse“ и „Scudo“ - Канал 5

Фото: Се враќаат „Fiat Ulysse“ и „Scudo“

Италијанскиот произведувач ја претстави новата генерација од совите комби возила.

Фото: Се враќаат „Fiat Ulysse“ и „Scudo“

„Fiat“ ги објави првиот фотографии и детали за новите модели кои ги носат веќе користените ознаки во гамата на овој бренд- „Ulysse“ и „Scudo“.

„Ulysse“ е „MPV“ (повеќенаменско возило), додека „Scudo“ е лесно комерцијално возило а двата модели во суштина се модифицирани верзии од коми возилата од средна големина од групацијата „Stellantis“ (Opel, Peugeot, Citroen...), со маска и амблем од „Fiat“.

Италијанскиот произведувач вели дека покрај верзиите со мотори на внатрешно согорување, во понудата ќе има и модели на електричен погон.

Новиот „Fiat Ulysse“, кој е патничка верзија, ќе биде достапен во различни конфигурации со шест до девет седишта, задоволувајќи ги потребите на големите семејства но и на деловните корисници.

Од друга страна, „Fiat Professional“ че го понуди моделот „Scudo“ во каросерија „Van“, „Combi“ и „Cab“.

Верзиите со мотор на внатрешно согорување ќе бидат понудени само со дизел мотори со мануелен или осум-степен автоматсни менувач. Погонот ќе биде на предните тркала.

Се очекува дека целосно електричните верзии ќе користат електромотор кој произведува 136 КС и батерии од 50 kWh или 75 kWh.

Инаку, „Stellantis“ претходно најави комби возила со технологија на водородни ќелии кои во иднина би можел да ги користи и „Fiat“.

Имињата „Ulysse“ и „Scudo“ „Fiat“ ги има користено во перид од 1994 до 2002 и од 1996 до 2016 а тие модели се реализирани во соработка со „PSA“ групацијата. Како и нивните претходници, новите „Fiat Ulysse“ и „Scudo“ ќе се произведуваат во фабрика во Франција, заедно со нивните сестринси модели.

„Scudo“ ќе биде достапен за нарачување во поголем број од земјите до крајот на 2021 или почетокот на 2022 година а „Ulysse“ ќе следи малку подоцна цо првиот квартал од 2022. Цените се уште не се соопштени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема.

Лишен од слобода битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава

На 16.08.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште.

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе боиде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Заврши екскурзијата за исончаниот Клековски - го дочека епидемија на западнонилска треска!

Во најлошиот период за здравјето на граѓаните, министерот за здравство Клековски беше на екскурзија.

СДСМ: Заврши екскурзијата за исончаниот Клековски - го дочека епидемија на западнонилска треска!

За него не беше научна - беше туристичка.

Сега, исончан од сонце, на прес-конференција објавува нови бројки:

35 потврдени случаи на западнонилска треска,

3 суспектни случаи,

3 смртни случаи,

а 6 лица се во критична состојба на интензивна нега.

Колку оваа власт не се грижи за народот.

Мицкоски на екскурзија го остави народот без вода за пиење.

Клековски на екскурзија го остави народот без вода за пиење, со епидемија на жолтица и западнонилска треска.

Тошковски го остави народот без информација кој е виновен за труењето. Од него само добивме хиперхлорирање.

Ваков степен на неодговорност не е виден никаде.

Нема експерти.

Нема превенција.

Нема ниту навремено прскање против комарци.

Нема институции.

Нема извештаи.

Од една криза во друга.

Од една епидемија во друга.

Целосен колапс на системот.

Знаеме дека овие тендер-патриоти се членови на „промакедонска“ партија со бугарски државјанства. Но односот кон народот е како кон туѓ народ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велјановски: „Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево нови инвестиции за посилна македонска економија

Инвестициониот циклус во Македонија продолжува. 

Велјановски: „Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево нови инвестиции за посилна македонска економија

Покрај компаниите кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции, а паралелно Владата води преговори со нови компании кои имаат интерес да инвестираат во нашата земја.

Целта е да привлечеме инвестиции кои носат ново производство, современи технологии, добро платени работни места и поголем извоз, а истовремено да ја диверзифицираме економијата и да не зависиме само од една индустрија.

Една од значајните нови инвестиции е инвестицијата на „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово. Станува збор за мултинационална компанија, со повеќе од четири децении искуство во автомобилската индустрија, производител на безбедносни системи, контролни кабли и механизми за водечките светски производители. Во периодот од 2026 до 2030 година, компанијата планира да инвестира околу 20 до 21 милион евра, а според бизнис-планот се очекува отворање на 400 до 500 нови работни места. Планот предвидува и извоз кој би достигнал околу 45 милиони евра годишно.

Во ТИРЗ Скопје 1, започна изградбата на новата фабрика на „Чагатај Кабло“. Инвестицијата е вредна околу 6 милиони евра, ќе опфати производствен објект од 10.000 квадратни метри и ќе овозможи до 200 нови работни места.

Особено значајни се и инвестициите во современи и високотехнолошки индустрии. Во ТИРЗ Кичево започна изградбата на фабриката за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“, додека германската „BMZ Group“ реализира инвестиција од 65 милиони евра во производство на литиум јонски батерии, со планирани 700 нови работни места. Во оваа група се и инвестицијата на „Епсотех“ за развојно истражувачки центар и инвестицијата на американскиот „Вебтек“ за производство на сопирачки за шински возила.

Она што особено радува е што инвестицискиот интерес се шири надвор од автомобилската индустрија. Една турска и една германска компанија од областа на високите технологии потврдија дека ќе инвестираат во Македонија. Нивните вкупни инвестиции се очекува да достигнат околу 80 милиони евра, со околу 1.000 нови работни места и заеднички извоз од над 200 милиони евра.

Со три странски компании се завршени преговорите за инвестиции и отворање фабрики во Македонија. Станува збор за компании од автомобилската индустрија, високите технологии и фармацевтската индустрија.

Паралелно, Владата преговара со уште околу десет компании од различни сектори, меѓу кои високите технологии, автомобилската индустрија, енергетиката и други индустрии со висока додадена вредност. Целта е овие разговори да ги претвориме во конкретни инвестиции, нови производствени капацитети и нови работни места.

Во телекомуникацискиот сектор, компанијата „4iG“, која ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија, планира да инвестира повеќе од 100 милиони евра во развојот на новиот оператор, што ќе значи поголема конкуренција, нови услуги и дополнителни можности за граѓаните.

Овие инвестиции се потврда дека Македонија станува поатрактивна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги поддржува домашните компании, но и да ги отвораме вратите за странските инвеститори кои сакаат да произведуваат и да создаваат во Македонија.

YouTube video

Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер