Фото: Саманта е најубавата полицајка на светот

Со нејзината мајка од Доминиканската Република во САД се доселила кога имала пет години, дипломирала финансиски менаџмент.

Саманта Сепулведа има 35 години и работи во њујоршката полиција и од неа криминалците не бегаат.

-Секогаш успевам да ги наговорам мажите да појдат со мене- вели секси полицајката која воедно е и Инстаграм ѕвезда.

Таа во 2010 почнала да работи како полицајка, а три години подоцна станала модел за долна облека.

Кога е на работа таа се обидува да изгледа што по мажествено.

-Не носам шминка и косата ја носам заврзана- вели оваа убавица на која често на улица луѓето и бараат да ги уапси.

Со нејзината мајка од Доминиканската Република во САД се доселила кога имала пет години, дипломирала финансиски менаџмент, но сепак се одлучила за оваа професија, и како што вели не погрешила.

“You’re a cop? Arrest me?” 🤨 ... I don’t often post photos of myself in uniform as most officers know, if you’re a cop you try to be discrete but I wanted to share with you guys a photo of me after my meal break but still all business 👮🏻‍♀️🚔🚨😬🙌🏼 I got my game face on cause YOU WON’T CATCH ME SLIPPING 😂😆 It’s not glamorous, no make up, not for show but it’s exactly what I signed up for 💪🏼🇺🇸 #samanthasepulveda #TheModelCop 👮🏻‍♀️💃🏻 #SammySep 🇺🇸 ... #bluelivesmatter #bluelives #police #backtheblue #thinblueline #thinbluelinefamily #cops #doitforlove #civilservice #policeofficer #watchyoursix 🖤💙🖤 #leo #lawenforcement #lawenforcementofficer #firstresponder @leocivvies @det_mike_lowrey @thick_blueline #brotherhood #sisterhood #policefamily @thetacticalcop #tactical #tacticalgear @bluelinefamilies

A post shared by Samantha Sepulveda™✨ (@sammysep) on

Генчов: Полека се претвораме во „Албано-Македонија“

„А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ?“

Политиката е сурова и бара од секого да фати страна. Ние сме од 1994 аспирант за ЕУ и членка за НАТО и ги поддржуваме западните вредности. Но, во обид да најдам пример за било која институција, Совет на ЕУ, Унијата, или различни апликации за членстви и не најдов ниту еден пример, во кој нашата земја гласала поразлично од Албанија и Косово. Такво нешто нема. Според мојата теорија полека се претвораме во „Албано-Македонија“ не во Северна Македонија. И да има елементи да се поддржи било која резолуција против злосторства против човештвото, секоја капка крв ја осудувам, но во политиката често се соочуваме со двојни стандарди. Меѓу нашите сограѓани доколу направите анкета, Србија и натаму е најсојузнички настроена и не може еден министер за надворешни работи тоа да го нема предвид. А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ, праша Александар Генчов во Само Вистина.

Ужас во Бразил: Најмалку 20 полураспаднати тела се најдени во чамец

Најмалку 20 тела во фаза на распаѓање се пронајдени во чамец во близина на брегот на североисточниот дел на Бразил, соопштија официјални лица.

Бродот бил пронајден во близина на брегот на Браганца, североисточно од Паро, на 13 април.

Оттогаш се покренати две истраги.

Официјални лица изјавија дека најмалку 20 тела биле пронајдени во чамецот, но поради распаѓањето на телата, не е познато колкумина загинале во чамецот.

Се претпоставува дека починатите не се од Бразил, туку најверојатно од Карибите, изјавиле истражувачите за CNN Brasil.

Локалните власти соопштија дека немало неодамнешни извештаи за исчезнати Бразилци.

Новинар е убиен во трговски во Колумбија, зашто пишувал за корупција- десет луѓе немо посматраа

Новинарот Хаиме Васкез (54) е убиен во неделата во североисточниот колумбиски град на границата со Венецуела, а се претпоставува дека причината поради која бил нападнат е тоа што главно пишувал и истражувал случаи поврзани со корупција.

Тој бил адвокат, новинар и активист познат по „разоткривањето на корупцијата“ во регионот, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро на социјалната мрежа Х, поранешна Твитер.

Претседателот наредил „детална истрага“ за да се фатат сторителите на ова ужасно злосторство.

Доказите, во форма на видео снимки, објавени од колумбиските медиуми потврдуваат дека Хаиме Васкез бил убиен во неделата во продавница во Кукута пред најмалку десет сведоци.

Хаиме бил љубител на „истражување и истакнување во јавните дебати каде што даваше одговори на прашања за кои многу луѓе не сакаат да зборуваат“, рече Џонатан Мохика, пријател на Хаиме Васкез.

Новинарот правел емисии на социјалната мрежа Фејсбук во кои јавно зборувал за незаконитости во јавниот сектор и злоупотреба на овластувањата од страна на локалните власти.

„Постојано добиваше закани поради неговите откритија“, рече Мохика.

Колумбиската фондација за слобода на печатот го осуди убиството и повика на „брза и темелна истрага“.

„Работата на Хаиме Васкез, која откри неправилности во јавните договори и коруптивни практики, го направи многу познат“, соопшти Фондацијата.

Според нивните податоци, дури 163 новинари добиле закани во текот на 2023 година.

притисни ентер