Шоу бизФото: Прија ужива на јахтата на Лепа Брена Една од најпопуларните млади пејачки на Балканот, Александра Пријовиќ дефинитовно е во одлични односи со својата свркрва, Лепа Брена. Деновиве, популарната Прија ги полни батериите на црногорското крајбрежје, а на своите следбеници на социјалните мрежи им покажа дел од својот луксузен одмор, што предизвика лавина од коментари. Популарната ѕвезда објави фотографии од јахтата на Лепа Брена, каде што ужива во друштво на своите најблиски, далеку од деловните обврски и концертните гужви. Ова лето, Александра одлучи да си подари неколку дена целосно опуштање, а според објавите што ги сподели, очигледно е дека ужива покрај морето. Посебно внимание привлече фотографијата на која пејачката, облечена во костим за капење, позира покрај кормилото на луксузна јахта, со насмевка на лицето и поглед вперен кон морето. Луксузната јахта на Лепа Брена со години го привлекува вниманието на јавноста, а познато е дека фолк-дивата често ги собира семејството и блиските пријатели на неа за време на летните месеци. Овој пат меѓу гостите беше и Александра Пријовиќ, која со години негува близок однос со Брена, како на приватен, така и на професионален план. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБен Афлек ги обожава сите свои поранешни партнерки, но не престанува да зборува за овие двеМегапопуларниот актер Бен Афлек, иако официјално е разведен, сè уште го привлекува вниманието на јавноста поради своите поранешни партнерки и пријателскиот однос што го одржува со Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер. Афлек игра главна улога во филмот „Animals“, кој воедно и го режираше за „Нетфликс“, па деновиве е на голема промотивна турнеја. Во интервју за „Варајети“ (Variety), тој беше прашан што мисли за актерскиот талент на Џенифер Лопез. Тој беше продуцент на нејзиниот филм од 2025 година, „Kiss of the Spider Woman“, за кој многумина сметаа дека таа заслужила номинација за „Оскар“. Истото мислење преовладуваше и по нејзината улога во филмот „Hustlers“, пренесува „Hola“. Џенифер не доби номинација за ниту еден од тие филмови, а кога го прашаа зошто смета дека нејзиниот талент често се занемарува, Бен призна дека е „пристрасен“. „Имам голема почит и ценење за она што таа го прави. Она што го имам забележано кога станува збор за наградите е дека комерцијалниот успех на некое остварување не секогаш се совпаѓа со мојот вкус“, рече тој. Претходно во истото интервју, тој ја спомна не само Лопез, туку и својата прва поранешна сопруга, Џенифер Гарнер, па така нивните имиња ретко се спомнуваа заедно во истиот разговор. Кога го прашаа за ѕвездите, нивната моќ за градење бренд, како и за секторот за содржини и рекламирање на неговата компанија „Artists Equity“, Бен ги пофали двете поранешни сопруги. „Уметниците треба да заработуваат пари. Ова е особено очигледно во музичката индустрија. Од луѓето се очекува, било премолчено или сосема отворено, да заработуваат пари и на други начини“, рече актерот. „Денес имате и свој идентитет на социјалните мрежи. Работите на негово градење. Гледав како Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер брилијантно го развиваат своето присуство во тие простори и создаваат вредност“, рече тој и призна дека не верувал оти и самиот некогаш би можел да го направи истото.Тагови: Бен Афлек Џенифер Гарнер Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамМазда вгради звучник што му овозможува на возачот да им се обрати на пешацитеНовите автомобили од „Mazda CX-6e“ е опремена со необична функција која му овозможува на возачот да испраќа гласовни пораки до пешаците и велосипедистите преку надворешен звучник. Сепак, системот дозволува и внесување на сосема произволен текст. Функцијата, наречена „External Announcement“ (Надворешно соопштение), е дизајнирана како начин возачот да ги предупреди другите учесници во сообраќајот. Меѓу претходно дефинираните пораки се вклучени опции како „Еј пријателе, тука сум“ и „Те молам, погледни нагоре и внимавај на патот; чувај се“. Проблемот е во тоа што системот им овозможува на корисниците и сами да креираат пораки. Возачите го внесуваат текстот преку големиот централен дисплеј од 26,45 инчи, без очигледен филтер што би спречил употреба на навредлива или несоодветна содржина. Како резултат на тоа, функцијата наменета за добронамерна комуникација лесно може да се претвори во алатка за провоцирање на пешаците, пренесува *Revija HAK*. Оваа функција е преземена од кинескиот пазар, каде што се продава технички сродниот модел Deepal S07. Како што пренесува B92, Mazda можеби ќе го реши проблемот преку софтверско ажурирање. На одредени пазари, CX-6e користи литиум-железо-фосфатна батерија со капацитет од 78 kWh, која поддржува брзо полнење со моќност до 200 kW. Неговиот деклариран досег изнесува до 484 км според WLTP циклусот. Достапен е во една конфигурација на погонскиот систем, која вклучува електромотор со моќност од 255 КС и погон на задните тркала. Сè уште не е потврдено дали функцијата за надворешен звучник е достапна кај европската верзија на CX-6e.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter