Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
1Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
АвтомобилизамФото: Погледнете што направи „Brabus“ од најлуксузниот електричен „Mercedes“Многу луѓе се прашуваат дали ова е иднината на тјунингот.Ако е така, тогаш тоа значи некои сосема нови правила. Тјунерите се префрлаат на електрични автомобили. Просторот за тјунинг овде е ограничен, особено кога станува збор за погонот. „Brabus“ сепак покажува како тоа може да се направи со „Mercedes EQS 450“, еден од технолошки најнапредните електрични автомобили на денешницата. Интересно е како „Brabus“ прво реши да ја подобри аеродинамиката - на автомобил кој има најнизок коефициент на отпор меѓу сериските автомобили. И успеа во тоа, а подобрувањето е 7,2 отсто. Сите нови делови се направени од карбон, а вклучуваат специјални дефлектори и нови додатоци за спојлер и заден дифузер. Од „Brabus“ велат дека при брзини од 100 до 140 км/ч, досегот ќе се зголеми за околу 7 отсто, односно за околу 50 километри. Тјунингон вклучува и вградување на „Monoblock“ тркала со дијаметар до 22 инчи, доработка на воздушната суспензија и персонализирана внатрешност. За потсетување, „EQS 450+“ има моќност од 245 kW (и 568 Nm) и „NEDC“ потрошувачка од 16,0-19,1 kWh/h, или 20,4-15,7 kWh/100 km според „WLTP“. До 100 км/ч достигнува за 6,2 секунди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМеси и Интер Мајами се уште не преговараат за нов договорИ покрај сè почестите шпекулации во медиумите за иднината на еден од најдобрите светски фудбакери во историјата, Лионел Меси и Интер Мајами во моментов не преговараат за продолжување на договорот. Според информациите што ги пренесе новинарот Jarm21, во овој момент нема официјални разговори меѓу двете страни за нов договор. Причината е сосема едноставна: капитенот на тимот има важечки договор што трае до крајот на сезоната 2028 во МЛС, па двете страни сметаат дека е прерано да се разговара за продолжување на соработката. Кога клубот го објави најновиот договор на Меси, сопственикот Дејвид Бекам гордо истакна дека во својот град го довеле најдобриот играч во историјата на овој спорт. Волшебникот од Аргентина, останува заштитно лице на франшизата додека таа се подготвува за преселба во својот нов дом, стадионот „Мајами Фридом Парк“. На 39-годишна возраст, Меси продолжува да прикажува неверојатни игри на теренот; неодамна постави уште еден историски рекорд постигнувајќи го својот 36-ти гол во финале за време на триумфот во Купот Кампеонес – повеќе од кој било друг фудбалер во историјата. Силата на проектот во Мајами дополнително е потврдена со неодамнешното доаѓање на новиот тренер Кристијан „Кили“ Гонзалес – поранешен соиграч од репрезентацијата на аргентинската ѕвезда – што јасно покажува дека тимот се гради целосно околу капитенот. Со оглед на тоа што договорот му трае до крајот на 2028 година, и Меси и раководството на клубот имаат предност во поглед на времето. Меси постојано истакнува колку е среќен во Мајами, додека претставниците на клубот го сметаат за клучна фигура за нивните спортски и маркетиншки амбиции во годините што следат; следствено на тоа, нема апсолутно никаква причина за загриженост.Тагови: Интер Мајами Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаФилипче: Недозволиво да се распродава државното земјишете за туѓи интересиВо југоисточниот плански регион се планираат два нови рудника регираше претседателот на СДСМ Венко Филипче тој побара да се повлече просторниот план во кој е предвидено до 2040 да се отворат рудници на метали.Тој рече дека рудниците ќе ја загрозат животната средина, и вели дека е недозволиво да се распродава државното земјишете за туѓи интереси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
СветСилен земјотрес ја погоди Турција, луѓето во паника,истрчаа на улиците Земјотрес со јачина од 5,4 степени е регистриран во југоисточниот дел на Турција, во област што беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во 2023 година.Турската Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот, со епицентар во областа Каракопру во регионот Шанлиурфа, имал магнитуда од 5,4 и бил регистриран во 10:40 часот по локално време. Земјотресот бил почувствуван во Шанлиурфа, како и во Адијаман, Газиантеп, Дијарбакир, Елазиг и многу околни провинции, објави „Ен Сон Хабер“ (En Son Haber). Земјотресот предизвика краткотрајна паника во Шанлиурфа, а како што пренесе gazeteipekyol.com, по потресот, некои граѓани ги напуштија своите домови и работни места и излегоа на улиците од претпазливост. На 6 февруари 2023 година, разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија, предизвикувајќи катастрофални штети и загуба на повеќе од 53.000 човечки животи. Главниот земјотрес имаше магнитуда од 7,8, а беше проследен со серија разорни последователни потреси, вклучително и нов силен земјотрес со магнитуда од 7,5 истиот ден. Милиони луѓе во Кахраманмараш, Шанлиурфа, Хатај и Газиантеп останаа без дом во една од најголемите природни катастрофи во модерната историја на овој регион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00