Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовремено
2Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовремено
АвтомобилизамФото: Откриен изгледот на БМВ М4 моделотИнстаграм страницата „zer.o.wt“ успеала да стигне до фотографии од новиот БМВ М4 модел.На фотографиите се гледаат предниот и задниот дел од новиот БМВ М4, автомобил кој треба на пазарот да се појави во 2021 година. Судејќи според фотографиите станува збор за спортски автомобил која ја продолжува долгата традиција на претходните модели. Но, сега моделот поседува агресивни и по масивни браници и предна маска. Најверојатно моделот ќе биде голем и гломазен. Секако мора да се земе во предвид дека двете фотографии се компјутерски направени фотки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на отворање на трговски комплекс „Триангла“Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на отворањето на трговски комплекс „Триангла“ во општината Гази Баба. Денес присуствував на отворањето на новиот современ трговски комплекс „Триангла“ (Fashion Park Triangla), во Општина Гази Баба. Станува збор за значајна приватна инвестиција која носи нови содржини, домашни и меѓународни брендови, угостителски и услужни дејности, како и можности за отворање на околу 250 нови работни места. Ваквите инвестиции се важен двигател на локалната економија, придонесуваат за развојот на Гази Баба и создаваат нови можности за граѓаните и бизнис-заедницата. Честитки до инвеститорите за реализираниот проект и многу успех во понатамошното работење! , објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовременоМакедонија гради шест автопати истовремено, а динамиката на реализација на сите делници се одвива одлично.Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 каде што говореше за напредокот на најголемите инфраструктурни проекти во земјава и ги откри роковите за нивно завршување. За автопатската делница Кичево–Букојчани, чија изградба започна пред неколку дена, Николоски истакна дека станува збор за технички сложен проект, а како обезбедување дека рокот на изграбда ќе биде испочитуван, обезбедени се високи банкарски гаранции од изведувачите. "Во однос на Кичево-Букојчани, има многу сериозни банкарски гаранции за изведувачите коишто ги поднесоа за извршување на автопатот во рок. Се работи за тешка делница, но не е долга делницата. Оставаме 4 години, и убеден сум дека овој рок ќе биде испочитуван", посочи вицепремиерот. Заменик претседателот на Владата зборуваше и за автопатските делници кои ги гради конзорциумот "Бехтел и Енка", каде динамиката на работите се одвива според планираното. "На Тетово-Гостивар целокупниот пат е пробиен и тоа можат да го видат сите кои патуваат, на Гостивар-Букојчани можат да се видат големите мостови кои веќе се изградени, а очекувам во најбрзо време да го промовираме најголемиот мост како завршен. Динамиката на двата оди добро и очекувам да завршат во 2029 година. Уште подобра динамика имаме на Прилеп-Битола, каде од 40км колку што ќе биде вкупната траса, веќе првото отварање ќе го имаме на средина на следната година, околу 12 км, втора половина следната година ќе имаме уште едно отварање и 2028 ќе го завршиме цел", истакна Николоски. Во однос на планираната автопатска делница од Струга до Ќафасан, Николоски откри дека државата разгледува алтернативна рута поради ставовите за овој регион на УНЕСКО, која би можела да биде прифатлива. Тој додаде дека изградбата на автопатот од Скопје до Блаце, се очекува да биде завршен до 2030 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТурција би можело да организира предвремени избори за Ердоган повторно да се кандидира Турција веројатно ќе одржи избори порано од првично закажаното во мај 2028 година, потег што ќе му овозможи на претседателот Таип Ердоган да ги заобиколи уставните ограничувања и повторно да се кандидира. Ова го изјави неговиот советник Мехмет Уџум, објави Ројтерс. „Речиси е сигурно дека изборите во 2028 година ќе се одржат во март или април“, изјави Уџум за новинарите во Анкара. Иако не зборуваше директно за плановите на претседателот, неговата изјава е најјасна јавна поддршка досега од висок функционер за идејата на сојузниците на Ердоган да го поместат датумот на изборите за да обезбедат нов мандат. Реџеп Таип Ердоган е на власт во Турција речиси 23 години, прво како премиер, а потоа како претседател. Референдумот од 2017 година го воведе извршниот претседателски систем, што му овозможи да биде реизбран во 2018 и 2023 година. Иако Уставот го ограничува претседателскиот мандат на два мандата, тој дозволува повторна кандидатура ако парламентот распише предвремени избори за време на вториот мандат на сегашниот претседател. Turkey floats earlier 2028 vote that would clear way for Erdogan to run again https://t.co/Lqg9nTw7JZ — The Straits Times (@straits_times) October 15, 2026 Ставовите на опозицијата и владејачката партија Турската опозиција е исто така за предвремени избори, но велат дека нивната цел е да ги оспорат економските политики на Ердоган, а не да му дозволат повторно да се кандидира. „За нас е неприфатливо целото прашање да се сведе на тоа како повторно да се избере Таип Ердоган за претседател“, изјави минатата недела лидерот на главната опозициска партија, Озгур Озел. Од друга страна, сојузникот на Ердоган, Девлет Бахчели, лидер на националистичката МХП, минатата недела го повика парламентот да распише избори во погодно време за да „може претседателот Ердоган повторно да се кандидира“. Потребно парламентарно мнозинство За распишување предвремени избори е потребно мнозинство од три петтини во парламентот, или 360 од 600 членови на парламентот. Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган и нејзините сојузници моментално имаат 331 место. Тоа значи дека на владејачката коалиција ѝ недостасуваат 29 гласови за таа одлука, што може да претставува предизвик.Тагови: Ердоган турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook