Фото: Новак на заслужен одмор во Црна Гора

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи својот одмор да го помине во Црна Гора.

Тој престојувал на Свети Стефан а потоа се упатил во еден ресторан каде се фотографирал со персоналот.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ престојува во Црна Гора а на Инстаграм е објавена фотографија со перосналот од еден ресторан кој го посетил во Бока Которска.

Ѓоковиќ, по освојувањето на титулата на Вимблдон, одлучил да го посети црногорското приморје.

Можно олабавување на мерките ако граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите.

Тој не прецизира дали ќе има олеснувања или евентуални укинувања, но уште еднаш повтори дека Владата се држи до препораките на Комиисјата за заразни болести.

-Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитугваат мрките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комиисјата за заразни болести, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања на настанот по повод Светскиот ден на туризмот, 27 Септември. /МИА

„Само Вистина“ вечерва со Стојанче Ангелов и Александар Пандов

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Стојанче Ангелов и Александар Пандов.

Драги пријатели, вечерва во Само Вистина, секој својата ќе ја кажат Стојанче Ангелов и Александар Пандов.

Ослободители во Втората светска војна или окупатори, како македонците ги чувствуваат браќата од истокот?

Дали трагедијата во Тетово ќе ги „разбуди“ институциите?

Кој нуди идеи, а кој решенија за проблемите на граѓаните?

Вечерва во Само Вистина со Стојанче Ангелов и Александар Пандов, на Канал 5 Телевизија.

САД: Досега се дадени 390 милиони дози вакцини против Ковид-19

Во САД до денеска се дадени 390,1 милиони дози вакцини против Ковид-19, додека низ земјата се дистрибуирани 417,8 милиони дози, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на својата веб-страница.

Тој број е малку поголем во однос на саботата, до кога беа поделени околу 389,4 милиони дози.

Целосно се вакцинирани 183,7 милиони граѓани (55,3 проценти), а 213,4 милиони луѓе примиле барем една доза (64,3 проценти), се наведува на сајтот на ЦДЦ.

Дополнителна, трета доза на вакцината против коронавирус примиле 2,66 милиони луѓе од 13 август, кога ЦДЦ одобри употреба на трета доза за лица со ослабен имунитет.

притисни ентер