Фото: На продажба патики направени специјално за Обама, цената е 25.000 долари - Канал 5

Фото: На продажба патики направени специјално за Обама, цената е 25.000 долари

Патиките на себе имаат патриотски мотиви.

Фото: На продажба патики направени специјално за Обама, цената е 25.000 долари

Аукциската куќа Сотби ги ставила на продажба патиките кои оригинално се дизајнирани за Барак Обама.

Најк патиките чинат 25.000 долари и тоа е конечна цена, затоа што нема да бидат продавани по пат на аукција. Патиките на себе имаат патриотски мотиви.

Станува збор за патики за кошарка дизајнирани 2008 година за Олимписките игри во Пекинг. Поради тоа што Обама е голем љубител на спортот, Најк одлучил да му подари еден пар на тогашниот претседател со неколку додатни патриотски детали.

Секако, купувачот нема да го носи баш овој пар, затоа што покрај оној кој завршил кај Обама и кој, по сите сознанија е и понатаму кај него, направен е уште еден пар.

Од Содби велат дека ова е единствен пар од овие патики и дека претходните 12 години се зачувани во перфектна состојба.

Патиките се продаваат на 12 февруари, само во една големина и само за мажи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е под чие знаме пловел танкерот, на кој што избувнал пожар- осуммина морнари исчезнаа во Црното Море (ВИДЕО)

Црното Море повторно е во состојба на тревога откако танкер под знамето на Сан Марино побарал помош од романските власти поради пожар на бродот, на околу 14 наутички милји од Сулина.

Познато е под чие знаме пловел танкерот, на кој што избувнал пожар- осуммина морнари исчезнаа во Црното Море (ВИДЕО)

Црното Море повторно е во состојба на тревога откако танкер под знамето на Сан Марино побарал помош од романските власти поради пожар на бродот, на околу 14 наутички милји од Сулина, недалеку од границата со Украина, објавува романскиот портал Digi24.

Според првичните информации, на танкерот имало 12 морнари, од кои осум се водат како исчезнати, додека преостанатите четворица се безбедни.

Романските спасувачки екипи интервенираат со брод и хеликоптер, а причината за пожарот сè уште не е позната.

Морнари од блиските бродови изјавија дека виделе два дрона како го погодуваат танкерот, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.

Борбени авиони полетуваат

Инцидентот се случил откако романските воени радари регистрирале дронови во близина на Сулина и во областа на островот Змија во текот на ноќта.

Според романското Министерство за одбрана, дронот влегол во романскиот воздушен простор во 13:34 часот, по што исчезнал од радарот над територијалните води на земјата.

Слична ситуација е забележана претходната вечер, кратко по 20 часот.

Поради безбедносната ситуација, романските борбени авиони беа испратени на летот, додека потрагата по исчезнатите морнари е во тек.

Уште еден инцидент во близина на Сулина

Романските спасувачки служби учествуваа во втора операција во близина на Сулина во среда вечерта, откако беше пријавено дека брод бил нападнат.

Романските спасувачи интервенираа во текот на ноќта за да му помогнат на танкерот Јара Ј, кој го носи знамето на Коморите.

Во тој случај, сите членови на екипажот беа безбедни и останаа на бродот, чии мотори продолжија да работат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Каква лага, не може Милошоски да каже дека Урсула фон дер Лајен лаже

Антонио Милошоски пишува дека СДСМ оставила отворена врата за ново бугарско вето, овојпат за македонскиот јазик во ЕУ. 

СДСМ: Каква лага, не може Милошоски да каже дека Урсула фон дер Лајен лаже

Каква лага!

Како може да каже дека претседателката на Европската комисија лаже?

Таа му кажа на Мицкоски в лице: Европа ве чека со вашиот идентитет и вашиот јазик.

Мицкоски рече: Преспа е ремек-дело на дипломатијата. Сиљановска рече: јазикот и идентитетот се заштитени, тоа е апсолвирано. Македонија на чист македонски јазик го потпиша договорот за Фронтекс.

Сè стои. Сè е потврдено. Од претседателката на Комисијата, од претседателката на државата, од самиот арамија.

Доста повеќе со лаги. Не можете да кажете дека Урсула фон дер Лајен лаже. Не можете да ја препишете вистината на претходната влада, па да ја обвините за тоа што самите го блокирате европскиот пат.

Реформите стојат во место. Вториот рок истече, на 1. јуни беше ветувањето. Нема ни глас од тоа ветување. Затоа патоказ добиваат другите земји, додека Македонија е во изолација.

СДСМ пред изборите кажа, а денес тоа е и на хартија и во лице- дека јазикот и идентитетот се заштитени.

Бандата бега од Лаура Ковеши, не од Бугарија.

Народот гледа. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните, а бандата ќе одговара и пред независното судство и пред Лаура Ковеши, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четиринаесет годишниот Махмут е првата жртва на големите поплави во Истанбул- пред 6 месеци останал сираче

Четиринаесетгодишниот Махмут Ишилдак почина откако беше електрифициран за време на силниот пороен дожд во населбата Фатих во Истанбул.

Четиринаесет годишниот Махмут е првата жртва на големите поплави во Истанбул- пред 6 месеци останал сираче

Момчето било хафиз, што значи дека го знаеше целиот Куран напамет, а неговиот татко, кој работеше како верски учител, почина само шест месеци претходно.

Трагедијата се случи вчера вечерта, пред паркинг во населбата Чукур Бостан во населбата Фатих во Истанбул.

Според достапните информации, Махмут ги соблекол чевлите за време на поројниот дожд за да не се намокри. Во таа прилика, тој стапнал на кабли што биле на земја, по што бил електрифициран.

Момчето беше итно префрлено во болница со сериозни повреди, но лекарите, и покрај нивните напори, можеа само да го прогласат за мртов.

По трагедијата, се дозна дека Махмут имал пет браќа и сестри, а дека неговиот татко, верски учител, починал шест месеци претходно.

Особено трогателен детал е тоа што четиринаесетгодишникот бил хафиз, лице кое го научило напамет целиот Куран. Според неговите роднини, Махмут ќе биде погребан во градот Дизенгоф, Турција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер