Принцот Хари и сопругата Меган точно два месеци по раѓањето на синот Арчи Харисон организираа крштевка.
Свеченоста се одржала на семејниот имот во близина на капелата во која Хари и Меган се венчаа.
Свечениот настан е овековечен со фотографии на кои значајни места имаат заземено две значајни жени.
Автор на фотографиите е Крис Алертон кој изјавил дека му било огромно задоволство да го фотографира британското кралско семејство.
Во првиот ред на сликата се војвотката од Кронвел, принцот Хари, Меган , малиот Арчи и Кејт Мидлтон. Во вториот ред над нив се принцот од Велс, мајката на Меган Маркјл, Дорија Рагланд, две жени и војводата од Кембриџ.
Двете жени се, леди Џејн Фелоус и леди Сара Мекоркодал, родените сестри на принцезата Дајана мајката на принцовите Хари и Вилијам.
Сестрите на Леди Ди биле меѓу 25- те најблиски гости на крштевката на малиот Арчи, а по желба на Меган и Хари се нашле и на семејните свечени фотографии.