3Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
АвтомобилизамФото: Мерцедес ја претстави новата Т-класаМодеот е заснован на Мерцедес Цитан, а дизајниран е да обезбеди повеќе луксуз и содржина.Германскиот производител им понуди на клиентите уште еден семеен миниван базиран на механичка основа на Рено Кангу. Дизајнерски речиси идентичен со новиот Цитан, кој дебитираше во 2021 година во патничка и карго верзии, Мерцедес Т-класа носи поголема удобност и премиум чувство во сегментот на мали семејни комбиња. Тесните разлики меѓу двата модели се практично незабележливи, а димензиите на надворешноста се исти. Т-класата е долга 4.498 мм, широка 1.859 мм и висока 1.811 мм. Меѓуоскиното растојание е 2.716 мм. Автомобилот нуди доволно простор за удобно сместување на 5 возрасни патници, а Мерцедес Т-класа, покрај огромниот багажник, може да се пофали и со низок праг за товарење предмети од само 561 мм. Инаку, минималниот капацитет на багажниот простор е 520 литри, а максималниот - 2127 литри. Всушност, максималната вредност е 2390 литри, доколку клиентот ја избере опционалната мрежа за багаж. Производителот наведува дека во вториот ред на седишта ќе може да се постават три детски седишта. Ако некому тоа сепак не му е доволно, наскоро ќе дебитира верзија со продолжено меѓуоскино растојание и опција за 7 седишта. Што се однесува до погонот, се нудат два мотори - дизел и бензинец, секој достапен во две опции за моќност. Дизелот има зафатнина од 1,5 литри и 95 КС (верзија T160 d) или 116 КС (T180 d). Двете опции може да се комбинираат со 6-брзински мануелен или автоматски менувач, а помоќната варијанта има карактеристика што ви овозможува да ја зголемите моќноста за момент (на пример при претекнување) до 121 КС. Забрзувањето до 100 не е импресивно и трае 15,1 секунди (T160 d) и 13,2 секунди (T180 d). Бензинските мотори се од 1,33 литри, со 102 КС (Т160) или 131 КС (Т180) - помоќниот може да се нарача со автоматски менувач, додека првиот може да се добие само со рачен. Тие забрзуваат до 100 km/h за 14,7 s (T160) и 11,6 s (T180). За полесен пристап до задните седишта, Т-класа е опремена со лизгачки врати, додека повисоките нивоа на опрема ќе имаат и електрични задни прозорци. Мерцедес најави дека во иднина ќе биде достапна и целосно електрична верзија (EQT). Кога станува збор за цената, таа сигурно нема да ги израдува потенцијалните купувачи. Т-класата на Мерцедес стартува со цена која е нешто под 30.000 евра, колку што треба да се издвои за основниот бензинец „T160“ со 102 коњски сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан14 хоспитализирани, а изгорени се куќи и автомобили во Хрватска кај Омиш Хрватското крајбрежје кај градот Омиш се соочува со пожари.36 лица биле примени во сплитската болница ,а 14 лица се хоспитализирани, изгорени се куќи и автомобили. Пожарот што избувна во Локва Рогозница синоќа се прошири и во градот Омиш. Неколку стотици луѓе се евакуирани, а за жал повредени се и локални жители и пожарникари. Информации пристигнуваат и од терен за изгорени куќи и автомобили. Пристигнуваат и канадери за да им помогнат на исцрпените противпожарни екипи.изгорената површина се проценува помеѓу 900 и 1000 хектари. Во текот на ноќта, пожарот, носен од силни ветрови, се проширил сè до Омиш. Во еден момент, пожарот се приближил на 50 метри од центарот на градот. Некои делови од градот останале и без електрична енергија. Нема информации дали има македонски граѓани затеканати во градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаОд денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во ГостиварГостиварци извесно е дека од денеска ќе имаат безбедна вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките парОд локалниот кризен штаб за Канал 5 вчера потврдија дека до примероците земени вчера се добри и доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува денеска да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.-трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа. Резултатите што ги добиле се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште едни резултати. Од кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од институтот за јавно здравје и агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.Тагови: вода за пиење Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
БалканВо моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобренаВо моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобрена, информираа властите во Грција во однос на големиот пожар кај Сивири, посочувајќи дека по морски пат било евакуирано 481 лице, пренесува МИА.Со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, но и со траект што сообраќа од Солун до островите од групата споради, туристи и жители успешно, по морски пат беа евакуирани од Сивири. Сивири е целосно евакуирано, а според информациите на МИА не е дозволено никој да се врати во градот, а во прекин е сообраќајот во поширокиот регион. Оние кои не го напуштија Сивири по копнен пат, беа евакуирани од плажа, земајќи ги со себе само основните неопходни работи. Од МНР велат дека по избувнувањето на пожарот во Сивири на првиот крак на полуостровот Халкидики во Грција, македонски државјани телефонски се обратиле до нашето дипломатско-конзуларното претставништво во Солун од каде што им биле пренесени упатствата и насоките издадени од надлежните грчки власти. +389 75 268 736, КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУН: +30 694 526 8068 И +389 71 323 001“, [email protected]Тагови: пожар Халкидики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter