Фото: Лепа Брена на насловната на „Вог“

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена се најде на насловната страница на најновото издание на магазинот „Вог“.

Мегапопуларната пејачка со насловната страна на тиражниот магазин само уште еднаш потврди дека е една од најголемите икони од нашите простори.

Брена на насловната страница на Вог блесна во никогаш поскап стајлинг.

Таа носи бунда од 11.000 евра од францускиот бренд „Алаја“.

Како што наведува „Вог“, Брена е избрана за насловна бидејќи е вистински феномен, ѕвезда без споредба и икона. Тие истакнуваат дека пејачката е и вистинско олицетворение на југословенскиот поп културен идентитет.

Таа за насловната страница ја фотографирал фотографот Бранислав Симончик, а целата фотосесија е направена во титовата вила „Галеб“.

Коментарите за ова издание на Лепа Брена се повеќе од позитивни.

Светскиот шампион во Формула 1 ќе има дете со 8 години постара девојка

Холанѓанецот Макс Верстапен (27), четирикратен светски шампион во Формула 1, на Инстаграм објави дека го чека своето прво дете со девојката Кели Пике (35).

"Малиот Верстапен-Пике е на пат. Не можевме да бидеме посреќни со нашето мало чудо", напиша тој покрај фотографијата на која го држи стомакот на својата девојка, по што веднаш следеа бројни честитки од пријателите и обожавателите.

Инаку, Кели Пике е ќерка на трикратниот шампион во Формула 1 Нелсон Пике, а веќе ја има 5-годишната ќерка Пенелопе со поранешниот партнер, исто така Формула 1 возач Даниил Квјат.

Извор: Индекс.хр

МНР: Да се одложат сите патувања кон Сирија

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  да ја напуштат во прва можна прилика. 

Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава.

Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија.

Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ).

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Папата Франциск со модринка на лицето на церемонијата за нови кардинали

Папата Франциск денеска ја предводеше свеченоста во базиликата Свети Петар за воведување 21 нов католички кардинал, на која се појави со голема модринка на брадата, за која Ватикан соопшти дека е последица на пад од претходното утро.

И покрај повредата, папата, кој овој месец полни 88 години, беше во добра форма на церемонијата.

На свеченоста беа именувани кардинали од 17 земји, меѓу кои Перу, Аргентина, Јапонија, Филипини, Алжир, Индија и Србија.

Прес-службата на Ватикан информираше дека папата удрил со брадата од ноќна масичка во вчера наутро.

Папата Франциск ја презеде должноста во 2013 година, а во последните години повремено има проблеми со здравјето, поради што користи инвалидска количка поради болки во колената и грбот./MИА

притисни ентер