Фото: Ким Кардашијан се пофали со нова фризура

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан веќе неколку месеци имаше кратка боб фризура и црна коса. Но, со есента Ким одлучила драстично да се промени.

Популарната старлета досега беше една од најпознатите бринети на светот, со куси епизоди кога беше русокоса.

Но, сепак нејзин заштитен знак беше долгата црна коса. Старлетата сега ги изненади фановите со нова боја и фризура.

Ким сега има коса со боја на чоколадо,а на својата кратка боб фризура додала екстензии, по што косата повторно и е долга до бујните гради.

Образовни дилеми: 1 септември во клупите, или пред компјутер

Далечинско образование или редовна настава во училниците, прашање кое веќе долго време си го поставуваат како родителите така и просветните работници. 

МОН со стратешка цел од неколку можни сценарија, прибира предлози како би се одвивала учебната година. Во меѓувреме, наставниците со кои поразговаравме водени од изминатата пракса со далечинско образование детектирале слабости. За истите велат веќе доставиле предлози до МОН. Немањето на пристап до интернет како и компјутер за секое дете се само дел од можните пропусти за учениците и самите наставници за квалитетна настава.

Институциите на системот во земјата мора да имаат изготвен Концепт за развој на систем за далечинско учење, кој би бил применлив не само во кризни ситуации како актуелната со Ковид 19, туку и во секоја друга прилика велат од МОН. Појаснуваат дека голем број лица веќе се вклучија со свои коментари, предлози и сугестии истите ќе бидат разгледани и се што е издржано ќе бид еприфатено во интерес на квалитетното образование

„Изработката на овој документ не значи дека новата учебна година ќе започне и ќе се реализира исклучиво преку далечинско учење. Но, ние уште сега, преку еден инклузивен пристап на креирање решенија се подготвуваме за постапување при секое евентуално сценарио, вклучително и за настава од далечина доколку ситуацијата го наложи тоа. Друго сценарио и најпосакувано е целосно нормализирање на наставата, односно спроведување на воспитно – образовниот процес како и до пред појавата на пандемијата, или пак, реорганизација на истиот преку редуцирање на бројот на ученици во училница, воведување на смени во училиштата и слично.“ – велат од МОН.

Според последните податоци од МОН обезбедени во текот на кризата со ковид 19, околу 30 000 ученици (од ранливи категории) немаат ИТ-уред во домашни услови a во истиот тој период МОН додели интернет ваучери на околу 30 илјади ученици. За следната учебна година велат дека се во фаза на креирање на решенија за сите можни сценарија од септември.

Пандемијата и карантинот ги зголемуваат случаите на семејно насилство

Пандемијата ги одложува и браковите. 

Веќе се соочуваме со бран на психички последици поради пандемијата, а воочливо е зголемувањето и на семејното насилство, бидејќи насилниците имаат поголема контрола врз жрвите, вели за Канал 5 Д-р Славица Арсова, од Клиниката за психијатрија.

Пандемијата ги одложува и браковите. Забележано е оти граѓаните се одлучуваат да ги поместат плановите за в година, велат за Канал 5 од Управата за водење на матичните книги. Оттаму додаваат дека бројот на склучени бракови во изминатите неколку месеци е видно намален во однос на изминатите години.

-Во јануари годинава склучени се 1046 бракови , во февруари има 922, март - 507, април - 268, а во мај склучени се 366. Приметно е од странките кои се обраќаат до Управата за водење на матичните книги дека склучувањето на бракот го одлагаат за следната година, но ако имаат итна потреба од тоа бракот го склучуват по предвиден протокол - во матичните канцеларии во присуство на максимум пет лица и тоа двајца маладоженци, двајца сведоци и матичар. Сите мора да имаат заштитни средства.- Управа за водење на матичните книги.

Дел од причините за намалениот број на бракови се неможност за организирање на прослави, но и нецелосното функционирање на институциите во период кога во земјава беа воведени рестриктивни мерки, па поради заштита од ширење на заразата, се работеше во смени и со намален интензитет.

Туристичките работници пред банкрот, бараат итна помош од државата

5 илјади семејства ќе останат без работа, а туристичките агенции ќе банкротираат, ако не продолжат економски мерки, алармира секторот. 

Повторно испратија листа на барања до министерството за економија. Бараат субвенциите за плати да продолжат до крајот на годината, да се ослободат од даночните давачки, а враќањето кредити да се одложи до септември идната година.

„Наш апел е дека во август месец првиот удар ќе биде со 5 илјади отпуштени луѓе и 5 илјади семејства бидејќи се фамилијарни бизниси, ќе бидат во Завод за вработување, а тоа ќе продолжи... Наша цел како сериозна комора е тоа да биде спречено и на време да се делува, во спротивно ќе бидеме ние носени од ветерот, освен што имаме проблеми со непредвидливиот вирус, сега не ни треба и во економијата да имаме непромислени потези.“ истакна Емил Димитриевски, од туристичката комора.

Од туристичката комора имаат забелешки и во однос на протоколите за патување. Бараат капацитетот за пополнетост во автобусите наместо 50 да биде 70%, а зелените картони да важат и следната година.

„Во овој случај кој ќе им ги доплати на превозниците празните седишта и веднаш цената на чинење на билетите се покачува.“/ „Доколку патуваат семејство ако тие може во хотел да се сместат во иста соба, како тогаш да не може да патуваат и да седат на исто седиште. Тоа од страна на Комисијата за здравство не е земено во предвид од практичен аспект.“ вели Билјана Пејковска Ристовска, од туристичката комора.

Од комората сметаат дека туристичките ваучери од 100 евра, граѓаните треба да ги искористат исклучиво преку туристичките агенции. Комората вчера ги доставила барањата во министерството за економија, од каде чекаат позитивен одговор.

Во земјава работат неколку илјади туристички агенции кои што од почеток на Корона кризата седат без работа.

притисни ентер