Фото: Ким и Кортни Кардашијан во танги!!! - Канал 5

Фото: Ким и Кортни Кардашијан во танги!!!

Сестрите Кардашијан Ким и Кортни „уловени“ во танги.

Фото: Ким и Кортни Кардашијан во танги!!!

Папараци ги фатиле сетрите Ким и Кортни на одмор на егзотична дестинација,каде се славел роденденот на малата Сторми.

40 годишната Ким и една година постарата Кортни се „уловени“ во танги на плажа на островот Туркс.

Во прв план на фотките секако се нивните бујни задници. Ким и Кортни според она што може да се види на фотографиите вистински уживале во забавата на плажа.

Фотките не се многу слични на оние кои Ким и Кортни ги објавуваат на социјалните мрежи.

Инаку, покрај Ким и Кортни на краткиот одмор биле и останатите сестри, кој ова патување го искористиле за заеднички да го прослават роденденот на ќерката на најмладата американска милијардерка Кајли Џенер, 3 годишната Сторми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин и Си Џинпинг се сретнаа на маргините на самитот на ШОС: Кина и Русија го засилуваат стратешкото партнерство

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Киргистан.

Путин и Си Џинпинг се сретнаа на маргините на самитот на ШОС: Кина и Русија го засилуваат стратешкото партнерство

Кинескиот претседател Си Џинпинг му рече на рускиот претседател Владимир Путин дека под нивното „стратешко водство и заеднички напори“, темелите на билатералните односи ќе бидат посилни, со посветла перспектива, објави кинеската државна новинска агенција Синхуа.

„Неизвесностите и непредвидливите фактори во меѓународната ситуација значително се зголемија“, рече Си, додавајќи дека аспирацијата на народот за мир, развој и соработка останува непроменета.

„Кина е подготвена да соработува со Русија и другите земји за зајакнување на силите што ја водат реформата на глобалното управување и промовирање на рамноправен и уреден мултиполарен свет“, рече Си за време на состанокот на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Киргистан.

Двајцата лидери, исто така, разговараа за меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес, според Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Потпишан е договорот за набавка на 150 електрични автобуси

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје информираше дека е потпишан договорот за набавка на 150 електрични автобуси. Набавката ја спроведе централната власт, договорот е потпишан со унгарската фирма „Икарус“.

Ѓорѓиевски: Потпишан е договорот за набавка на 150 електрични автобуси

– Сум ги видел автобусите, ултрасовремени. Нашите тимови веќе работат на двете позиции, Автокоманда и Ѓорче Петров, каде ќе се поставуваат полначите за електричните автобуси – рече Ѓорѓиевски. Тој најави дека наредната недела ќе биде распишан тендерот за проектирање и изградба на трасата за системот БРТ за брзиот автобуски превоз.

Тендерот за нови автобуси го спроведе Министерството за транспорт и врски. Ова беше трета јавна набавка по ред, откако првите две беа поништени. Министерот Александар Николоски пред еден месец кога заврши тендерот рече дека првите 30 автобуси ќе стигнат до крајот на декември. Според условите во тендерската документација, планирано е сите 150 автобуси да бидат испорачани во рок од 18 месеци.

Проценетата вредност на целокупната набавка, според огласот објавен на Бирото за јавни набавки, изнесува околу 51 милион евра. Од 150 автобуси, 100 ќе бидат за Град Скопје, а останатите 50 за другите градови.

Новите автобуси значително ќе го подобрат квалитетот на јавниот превоз во Скопје. Патниците повеќе години наназад се соочуваат со нередовен превоз, а ЈСП „Скопје“ нема доволно возила за да ги задоволи потребите на градот, објави „Плус инфо“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холивудска ѕвезда падна во депресија на трибините на УС Опен по поразот на Ѓоковиќ (ФОТО)

Легендарниот холивудски актер, Орландо Блум, беше на трибините на Отвореното првенство на САД на првиот ден од турнирот, каде што дојде да го гледа Новак Ѓоковиќ во дуел против Маријано Навоне од Аргентина.

Холивудска ѕвезда падна во депресија на трибините на УС Опен по поразот на Ѓоковиќ (ФОТО)

Орландо Блум и претходно доаѓаше на натпреварите на Новак и фотографите често го фотографираа на трибините во ложата, а овој пат истото беше и кај Артур Еш, објави Телеграф.

Сепак, за разлика од многу други ситуации, кога го гледавме насмеан, сега се забележани фотографии каде што е видливо незадоволен и лошо расположен.

Очигледно, болната ситуација со Новак Ѓоковиќ и тортурата низ која помина поради повредата на теренот влијаеше и на легендарниот актер.

Речиси целиот стадион беше со Новак Ѓоковиќ, кој плачеше во финишот од натпреварот кога повеќе не можеше да издржи бидејќи неговото тело откажа.

Во тој момент, Орландо Блум изгледаше како да страда подеднакво со Новак Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер