Шоу бизФото: Карлеуша во топлес и црвена тангаЈелена Карлеуша ги изненади своите фанови со „жешка“ комбинација.Таа позира во црвени чизми, танга, корсет а на преку окото има повез во облик на срце. Карлеуша позира без градник, па со рацете ги прекрива своите гради. View this post on Instagram A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) Бидејќи сопругот на Јелена, фудбалерот Душко Тошиќ е во Белград, многумина коментираат дека тој ја фотографирал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо скопските општини и натаму се наоѓа застоена вода, која е „рај“ за комарцитеМинистерот за здравство Клековски и експертите за комарци на секоја прес-конференција апелира и објаснува дека најголема причина за прежвивување на комарците се застоените води. Една таква слики е во урбано место каде претекувањето на езерото во водата формира застојана вода. И покрај апелите и состаноците со градоначалниците од општините во Град Скопје, за испразнување на фонатани и водни површини во дел од населбите каде водните површини треба да се убав декор и уживање, оставаат слика на места со запуштени вода што се излева од базените и прави застој на вода во плочките до фонтаната во скопски Аеродром. Ентомологот од центарот за јавно здравје Николина Соколовска, објаснува дека обичните домашни комарци се тие што ја пренесуваат нилската треска од како ќе се заразат од птица, најчесто гаврани. Најголем рај за комарците е застоената вода, отпадот што не се собира на време. Граѓаните раскажуваат дека ги избегнуваат водените површини, она каде што е суво комарци нема. Соколовска објаснува дека прскањето најмногу зависи од временските услови. Науката објаснува дека најдобро прскањето да биде од крајот на март, а општините да имаат претходен план и навремено треба да ги завршат тендерите за набавка на средства за прскање. Многу често, кај граѓаните преовладува срамот ако член од семејство се заболи од нилска треска, и во неговиот дом и околина треба да се прска против комарци. Досега кај 43 граѓани е потврдена нилската треска, пет починаа, 21 се лекуваат во инфективната клиника. Сите потврдени се од Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќескаДесет пожари се’ уште се активни на територијата на Македонија. Критично е во мариовско Бонче каде на пладне еден крак повторно се разгоре откако синоќа пожарот ставен под контрола. Попладнево поради силен ветер пламните јазици повторно се разгореа, се активираше огнена точка и огнот се прошири на уште еден крак. Екипи на ЦУК заедно со битолските доброволци пожарникри и локани доброволци, се на терен и како што оценува Ангелов селото не е загрозено и очекуваат во текот на денот и овој пожар да биде ставен под контрола. Состојбата во село Палиград е стабилна, таму утринава интервенираат три „ертрактори“, бидејќи огнот се приближил на стотина метри од последните куќи во селото. Меѓу време се разгоре пожар во селотот Бигла, каде неодговорно лице палело гуми во својот дом, и од невнимани огнот се проширил во блиската борова шума. Противпожрните единици од Дечлево се не терен, таму се упатени трите ер-трктори и еден политиски хелоктоптр. Инаку доброволните пожарникари од Битола и Кочани сведочеа од терен за тешката битка со пламените јазици кај Бонче, а според сведоштвата од терен, нивната интервенција била пресудна селото да биде спасено од огнената стихија. Во Бонче исто така екипи на итната помош интервенирале на терен, едно лице вдишало чад справувајќи се со огнената стихија.. Во моментот на територија на МАакедонија има 10 Активни пожари, два се ставени под контрола, 1 пожар е изгаснат. Покрај активниот пожар во Бонче, се уште гори кај Палиград и Цветово во општините Зелениково и Студеничани. Активни пожари има и во општините Делчево, Македонски Брод, Прилеп, Липково, Кичево и Желино. Пожарите во општините Маврово, Ростуше и Врапчиште, се ставени под контрола, Пожарот во општина Теарце е изгаснат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе избегнува „Табановце“, се повеќе се користи граничниоот премин Пелинце - Прохор ПчинскиВоведувањето на системот „Сејф сити“ и наплатата на сообраќајните казни за странски возила предизвикува промени во изборот на граничните премини кон Србија.На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат колони возила на вториот граничен премин Пелинце – Прохор Пчински, кој има само една лента и е далеку од коридорот 10, во обид да ги избегнат гужвите на Табановце и евентуалните казни што ги чекаат. Но, според информациите од МВР, наскоро на сите гранични премини ќе се издаваат платните налози. За 6 месеци од стартот на Сејф сити, пола од вкупно направените прекршоци, или околу 180.000 ги сториле странски возачи, а само на 19 и 20 август над 5.500, во најголем дел за пречекорување на дозволената брзина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook