Фото: Карлеуша скоро гола на концерт во Арена во Белград - Канал 5

Фото: Карлеуша скоро гола на концерт во Арена во Белград

Младата и популарна српска пејачка Милица Павловиќ синоќа одржа концерт во преполната  Старк Арена во Белград .

Фото: Карлеуша скоро гола на концерт во Арена во Белград

Судејќи по фотографиите овој концерт уште долго ќе се памети не само поради одличната забава туку и поради екстравагантната гостинка на бината.

Атрактивната Милица покажа дека вложила многу труд во својот концерт и настап, стајлинг, кореографија, за што добила позитивни коментари и од многу нејзини колеги и колешки.

Милица на концертот во Белград имаше и гостинка на бината која повторно се појави во супер провокативно издание.

Во супер секси провокативно издание на концертот на Милица се појави како гостинка нејзината одлична пријателка мегапопуларната и контроверзна пејачка Јелена Карлеуша.

Популарната Џеј Кеј и Милица заедно го отпеале дуетот „Машала“.

А публиката била воодушевена од стајлингот на пејачките кои на себе скоро и да немале ништо од гардероба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата бара решение за проблемот со Бугарија и откочување на европските интеграции

Постои позитивен имплус за изнаоѓање механизам за деблокада на евроинтеграциите и земјава континуирано преговара и со европските претставници и со официјална Софија.

Владата бара решение за проблемот со Бугарија и откочување на европските интеграции

Постои позитивен имплус за изнаоѓање механизам за деблокада на евроинтеграциите и земјава континуирано преговара и со европските претставници и со официјална Софија, но конкретно решение засега нема, посочи шефот на дипломатијата Муцунски. Вели разговорите ќе продолжат и натаму и уште еднаш потенцираше дека Македонија нема да остапи од националните интереси – јазикот и идентитетот, а на сите досегашни средби се укажувало и на ризикот од билатерализација на процесот.

„Содржината на тие разговори и деталите не ги претставуваме поединечно пред јавноста, бидејќи тогаш би воделе преговори и разговори пред јавноста и тоа не би донело до никакво решение. Сум кажал дека ние немаме алтернатива освен да бараме решение, но тоа што ја уверувам македонската јавност е дека било кое решение ќе биде во рамките на принципите и постулатите коишто владата јавно ги има кажано. А дали работиме за решение, секако дека работиме и не сме престанале да работиме за изнаоѓање на праведливо и одржливо решение во изминатите две години“– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

Ставот на Муцунски е дека протоколите потпишани со Бугарија не се дел од преговарачката рамка и дека во неа нема експлицитна одредба која се однесува на моментот на влегување во сила на уставните измени. Не прецизираше дали како опција на маса во разговорите повторно се и уставни измени со одложено дејство. Македонија вели ќе продолжи да инсисистира и на целосно и доследно спроведување на пресудите од Стразбур за непочитување на правата на Македонците во Бугарија.

„Согласно моето толкување како министер и како правник протоколите не се дел од преговарачката рамка. Преговарачката рамка нема ниту експлицитна, ниту имплицитна одредба според која влегувањето во сила на уставните измени претставува некаква одредница за одблокирање на преговарачкиот процес. “– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

Во однос на евентуални можи закани од Иран поради поддршката која земјава ја дава на воените акции на САД во Заливот, Муцунски вели дека такви закани во моментот нема, а во случај да има безбедносните институции и НАТО ќе ги превенираат истите. Иран пред некој ден упати директно предупредување до Бугарија дека ќе ја смета за непријателска земја поради најавеното распоредување американски воени авиони на нејзина територија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Комисија за заразни болести апелира: Водата во Гостивар сè уште не е за пиење

Хидричната епидемија во Гостивар е под контрола и состојбата е стабилна – велат од Комисијата за заштита од заразни болести.

Комисија за заразни болести апелира: Водата во Гостивар сè уште не е за пиење

Според сегашните показатели нема зголемување на бројот на заразени, а симптомите се исти – стомачни тегоби кои се самолимитирачки или може да и поминат сами по себе, без посебен лек или терапија. Во принцип, лекувањето е симптоматско и секако мора да се обрати внимание на дехидратацијата, но засега нема простор за загриженост, појаснува д-р Жаклина Шопова, специјалист инфектолог и Претседателка на Комисијата за заштита од заразни болести.

Не се исклучува веројатноста за појава на жолтица и други болести, и за тоа Комисијата навремено ги има известено властите, но здравствениот систем има капацитет да менаџира при вакви состојби, појаснува Д-р Шопова.

Токму поради веројатноста за шиење на зарази, апелот до граѓаните на Гостивар останува – вода од чешм да не се кортисти, ниту за пиење, ниту за готвење или миење на овошки и зеленчук и лична хигиена. Според Комисијата за заштита од заразни болести состојбата целосно ќе се стабилизира кога водата ќе биде безбедна за употреба што се очекува да се случи до 1 ви август, но и ако во меѓувреме граѓаните се придржуваат до апелите, да употребуваат само флаширана, односно чиста вода.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка

Ешерихија коли, ентерококи и зголемен број на колимфорни бактерии се детектирани во водата во Крушево...

Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка

По гостиварци, забрана за користење на водата добија и крушевчани, но само за пиење, може да ја употребуваат технички, но откако ќе ја превријат најмалку 10 минути, велат од центарот за здравје во Прилеп. Изворот на загаденоста не е канализациски или фекален, туку причината е недоволното хлорирање на водата, а и можен дефект на цевководот, што може да доведе до секундарна контаминација со материи од органско потекло.. Зголемен број на лица кои побарале лекарска помош нема, епидемиолошката состојба мирува – вели директорот на ЦЈЗ – Прилеп Кузевски.

-Водата е бактериолошки неисправна и има отсуство на резидуален хлор. Одма да кажам, водата не смее да се пие, не смее да се користи за перење, миење, не смее да се користи за миење на садови, исклучиво само како техничка вода. Денес се зема третиот примерок од трите мерни места, утре ќе излезе веќе првиот од средата земен, веќе понеделник или вторник ние ќе ги имаме третите последователни резултати,- - Д-р Горан Кузевски – Специјалист епидемиолог – Директор на ЦЈЗ Прилеп.

Во меѓувреме, во Гостивар и натаму продолжува хиперхлорирањето, се вршат постојани анализи, со цел гостиварчани до крајот на викендот, или в понеделник да добијат барем техничка вода, а кон крајот на следната недела и питка.

Што се однесува до Валандово, според анализите, водата е безбедна и граѓаните можат да ја користат за сите потреби. Анализите покажале дека присуството на арсен е 1,47 мгл на литар, што е далеку од максималната граница од 10мгл. Градоначалникот Камчев побара јавноста исклучиво да се води од експертите за да не се доведува во заблуда.

-Дилемата е расчистена, Валандово има безбедна вода за пиење, ние како Општина Валандово и како ЈП Комунално претпријатие во текот на наредниот период ќе направиме уште вонредни анализи, граѓаните мора да знаат каква вода консумираат и ние како општина имаме обврска да алармираме ако се случуваат било какви физички или хемиски промени во водата за пиење,- Ѓоко Камчев – Градоначалник на О. Валандово.

Опозициската СДСМ пак во прашање го доведе квалитетот на водата И во Велес, откако објавија извештај кој според нив покажувал дека и таму водата е загадена со бактеријата Ешерихија Коли. Градоначалникот Колев за Канал 5 вели дека се злоупотребени лански извештаи од велешки села кои не се на градската водоводна мрежа. Тој уверува дека велешани ја пијат најчистата вода во Македонија, а за оние кои како што вели лажно обвинуваат, најавува тужба

-Користат стари извештаи од места кои немаат никаква поврзаност со градскиот водовод. Водата во Велес нема никаков проблем, никогаш немала, нема ниту да има, се работи стручно и секојдневно истата подлежи на проверки. По консултацијата која ја имав со адвокатот од општината, ќе ги преземам сите законски дејствија кои ми се на располагање, со цел да ги заштитам граѓаните на Велес од лажни вести,- – Марко Колев – Градоначалник на Велес .

Што се однесува до загадената вода во болницата во тетовски Лешок, каде според опозициската СДСМ биле детектирани колиформни бактерии , Канал 5 побара, но досега не добивме одговор од надлежните во Тетово .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер