3Хакери ги објавија податоците на над 40.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД
Шоу бизФото: Карлеуша како зајачица од „Плејбој“Сексапилната српска пејачка Јелена Карлеуша повторно провоцира преку социјалните медиуми.Популарната Карли се надмина себе си, со фотографија на која можат да и позавидат и зајачиците од Плејбој. Јелена објави фотки на кои позира во необични секси чорапи и брус, а на главата има каубојски шешикр. Карлеуша позира така што во преден план е нејзиниот буен задник во танга.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 30. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 30. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаЗоран Иванов и Благојче Атанасовски вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Зоран Иванов и Благојче АтанасовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКако да ѝ се помогне на личност која тагува? Еве што да се каже, а што да се избегнуваЗагубата на драга личност или нешто што го сакаме, е универзално човечко искуство, постојат начини како на овие лица да им помогнете да се носат со емоциите и секојдневните обврски. Што е тагата? Тагата најчесто се дефинира како душевна болка што се јавува после загуба, особено после смрт на саканата личност. Таа е исклучително сложена и влијае на когнитивните функции, социјалниот живот, однесувањето и духовноста. Една од најпознатите теории за тагата е петте фази на тагата на Елизабет Киблер-Рос (негирање, гнев, внатрешни преговори, депресија и прифаќање), која првично се темели на искуствата на луѓето кои умирале, а не оние кои загубиле блиска личност. Понатаму, овој модел не бил замислен како линеарен процес низ кој секој мора да помине по истиот редослед. Иако гореспоменатите емоции можат да бидат дел од процесот на тагување, исто така е вообичаено да се јави: вкочанетост, исцрпеност, повлекување, раздразливост и нарушувања на сонот. Многу експерти денес го сметаат за корисен моделот на Џ. Вилијам Ворден кој наведува четири задачи за лицето што тагува: прифаќање на реалноста на загубата, преработка на болката, прилагодување на светот без починатиот и пронаоѓање начин да се зачува споменот на личноста, додека истовремено продолжувате со сопствениот живот. Овие задачи не се одвиваат секогаш по предвидениот редослед. Тагувањето често се опишува како бран – по период на смиреност, тој може ненадејно да надојде и да ве исфрли од рамнотежа. Иако е неизбежно, тагувањето исто така што води кон изолација, бидејќи секој поединец минува низ него на свој, уникатен начин. Врз овој процес влијаат односот што лицето го имало со починатиот, културолошката позадина и стилот на приврзаност. Како да му пружите поддршка на некој што тагува Бидете присутни и слушајте. Избегнувањето на луѓето што тагуваат поради непријатност често боли повеќе отколку која било неспретна забелешка. Поставувајте благи, отворени прашања за тоа како се чувствуваат или дали би сакале да споделат некој спомен за блиската личност. Не прекинувајте ги и не нудете решенија, туку признајте ја нивната болка: „Многу ми е жал“ или „Тука сум за тебе“. Понекогаш, доволно е само да седите во тишина, бидејќи тагата исцрпува, па оние што тагуваат често немаат енергија за разговор. Понудете конкретна помош. Наместо нејасни фрази како „Јави се ако ти треба нешто“, понудете нешто конкретно. Прашајте дали можете да го прошетате нивното куче, да завршите некои обврски, да донесете оброк или да ги чувате децата. Загубата носи бројни обврски за кои човекот можеби нема енергија, па затоа практичната, конкретна помош е од непроценливо значење. Бидете искрени и користете го името на починатото лице. Сосема е во ред да признаете дека не знаете што да кажете. Реченица како: „Не знам што да кажам, но тука сум да те ислушам“, покажува искрена поддршка. Не плашете се да го изговорите името на починатиот. Лицето што тагува веројатно постојано размислува за него, а спомнувањето на името покажува дека личноста не е заборавена. Ако имате некој убав спомен, слободно споделете го. Продолжете да се јавувате или да контактирате и по првите неколку недели. Поддршката од околината често се намалува еден или два месеца по смртта – период кога борбата може да стане уште потешка. Потрудете се редовно да проверувате како се. Водете сметка за важните датуми, како што се родендени или годишнини, и испратете порака. Тоа е знак дека мислите на нив и дека починатото лице не е заборавено. Обрнете внимание на знаци кои може да укажуваат на проблем. Тагувањето, само по себе, не е ментално заболување; Сепак, понекогаш тоа може да прерасне во нарушување на долготрајна тага, што го спречува лицето да функционира во секојдневниот живот. Знаците вклучуваат постојана вкочанетост, интензивна осаменост или чувство на бесмисленост, кои траат подолго од една година (или шест месеци кај децата). Во такви ситуации, нежно поттикнете го лицето да побара помош од психолог или терапевт. Што не треба да кажувате или правите Избегнувајте клишеа и духовни фрази. Изразите како „Сега е на подобро место“ или „Сè се случува со некаква причина“ ретко помагаат, и често предизвикуваат гнев. Лицето што тагува сака неговиот близок да биде тука, со него. Истото важи и за духовните забелешки; не претпоставувајте ништо за нечии верски убедувања, бидејќи загубата може да ја разниша дури и најцврстата вера. Не нудете нејасна помош и погрижете се да го исполните она што сте го ветиле. Реченицата „Кажи ми ако ти треба нешто“ го префрла товарот врз лицето што тагува – кое можеби нема доволно сила дури ни да сфати што му е потребно. Наместо тоа, понудете конкретна помош. Ако ја прифатат вашата понуда, погрижете се навистина да ја реализирате. Доверливоста е клучна во таквите моменти. Не правете споредби и не поставувајте временски ограничувања. Избегнувајте да кажете: „Знам како се чувствуваш“. Дури и ако сте доживеале слична загуба, секој тагува на свој начин. Фокусот мора да остане на нивното искуство, а не на вашето. Понатаму, не одредувајте временска рамка за закрепнување. Тагувањето не е линеарен процес и нема „рок на траење“. Дозволете простор за сите чувства и не сфаќајте ги реакциите лично. На лицето што тагува треба да му се дозволи да почувствува сè – од тага и болка, до гнев, па дури и олеснување. Не ги оценувајте нивните емоции како несоодветни. Вашите обиди да помогнете може да наидат на молк или гнев, што, најверојатно, нема никаква врска со вас. Бидете трпеливи; иако не постојат „совршени“ зборови, постојаното присуство ја прави загубата поподнослива. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook