ЗабаваФото: Ирина Шајк во врска со НБА ѕвездаСпоред дел од американските медиуми, руската убавица, манекенката Ирина Шајк има нова љубов, а нејзиниот избор изненади многумина.Заводливата манекенка Ирина Шајк најверојатно е „слаба“ на спортисти и познати актери. 40 годишната Ирина сега повторно е зафатена, а според странските медиуми, нејзиното срце го освоил многу помлад спортист, 29 годишната НБА-ѕвезда Девин Букер. „Сè уште е почеток, но навистина си се допаѓаат“, откри извор близок до парот, додавајќи дека се запознале преку заеднички пријатели пред неколку месеци и дека се обидуваат да поминуваат што е можно повеќе време заедно во текот на летото, пред тој да почне со подготовките за новата сезона. „Очекувајте да ја видите Ирина на некои од неговите натпревари“, додаде изворот. „Таа навистина се приврза кон него.“ Во неделата, профилот „Deuxmoi“ објави фотографија од Букер, снимен одзади додека го напушташе „Tutto Caffé“ во Ист Хемптон, а повеќе извори наведуваат дека тој и Ирина биле видени заедно во Хемптонс. Devin Booker was seen at Delilah’s Chase party alongside Irina Shayk. The source claims Irina was frequently seen with Booker throughout the night and appeared to be “all over him.” However, the eyewitness also alleges that Booker was seen being affectionate with two other… pic.twitter.com/RtLirMtEMR — CantGuardBook (@CGBBURNER) July 27, 2026 Инаку, и Ирина и Девин имаат врски со познати личности. Од 2015 до 2019 година, Ирина беше во врска со актерот Бредли Купер, со кого ја има деветгодишната ќерка Леа. Во 2021 година, таа накратко беше поврзувана со Канје Вест (49), а во 2023 година со Том Брејди, претходно имаше долга врска и со свестката фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо. Ирина и поранешната ѕвезда на НФЛ раскинаа по помалку од четири месеци врска, а по тоа Ирина немаше сериозна врска, иако беше поврзувана со бројни познати мажи. Што се однесува до ѕвездата на НБА лигашот феникс, Девон Букер, тој беше во бурна долгогодишна врска со манекенката Кендал Џенер од 2020 до 2022 година. Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаЈаневска ќе има средба со студентите за нов модел на студентски оброкДополнителен попуст од 20 проценти за студентите, не само за субвенционираниот оброк, туку и за сите други производи што ќе ги купуваат со сопствени средства кај оператори кои ќе ги избере Владата. Ова го предвидува новиот модел што го подготвува Министерството за образование, а кој ќе функционира преку електронска апликација. Сепак, конечен договор сè уште нема. Министерката Весна Јаневска денеска најави средба со новиот претседател на Студентското собрание на УКИМ, по што ќе следуваат разговори и со студентските претставници од сите универзитети. ,, Сè додека немаме конечен став од студентите, ние го разработуваме овој модел. Она што е важно е дека ќе станува збор за електронска апликација преку која студентите, кај сите оператори што ќе ги избере Владата, ќе добиваат 20 отсто попуст со картичката за студентски оброк, односно со е-апликацијата или ваучерот за студентски оброк. Попустот ќе важи за она што ќе го купат со тие средства, но и за сè друго што ќе го купат кај избраниот оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и дека водиме голема грижа за младите луѓе во земјата,, – Весна Јаневска, министерка за образование и наука Покрај повисоката финансиска поддршка за исхрана, Владата подготвува и поширок пакет поволности за студентите, кој ќе опфати и други производи и услуги. Според премиерот Mицкоски станува збор за иновативен модел кој досега не бил применет во ниту една друга држава. Надлежните институции веќе работат на решението, а конкретните детали ќе бидат соопштени наскоро. Владата претходно предложи месечната вредност на студентскиот оброк од околу 3.500 да се зголеми на 4.500 денари, односно околу 180 денари дневно за 25 субвенционирани дена, наместо досегашните 140 денари, и да оди преку ваучери. Студентските претставници пак побараа дневниот износ да се усогласи со стапката на инфлација и да нема ограничување каде да ги користат средствата за исхрана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Македонија напредна за 16 места на индексот на ОН за е-влада за 2026Наскоро нови услуги од МВР и ФЗО.Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги од МВР и Фондот за здравство на националниот портал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФормиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски.Прашуваат каде што повеќето молчат, бараат одговорност онаму каде што недостасува и остануваат будното око во општеството што неретко ги изложува под притисоци, закани и обиди за замолчување – Дали денешното формирање на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите ќе гарантира реален институционален механизам за сигурност? Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски, кој кажа дека ова тело ќе има задача да создаде услови за послободно и професионално новинарство, без било какви стравувања. -Новинарите не треба да бидат храбри, туку сигурни и безбедни да поставуваат прашање да добиваат одговори во јавен интерес на крајот на денот. Тоа не е обесхрабрувачка порака за новинарите, туку бара одговорност од страна на институциите од аспект на овозможување на општествена сигурност за да го работат она што е нивна работа, зошто – затоа што вашата работа, на новинарите е да го заштитите јавниот интерес и да отворите прашања во јавноста кои што се од интерес за граѓантие и тоа така треба да биде. И се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри во споредба од претходно. - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Иницијативата за форимрањето на комитетот е на Владата, во согласност со препораките на Советот на Европа, чии претставници беа дел од дискусијата и посочија дека има простор за напредок. Покрај МВР, која претседава со истиот, меѓудригуте, дел се и новинарски здруженија и јавното обвинителство. Шефицата на ОЈО – ГОКК, Искра Хаџи Василева порача дека комитетот е значаен исчекор кон поголема безбедност и сигурност. -Слободата на изразување е највисок демократски стандард кој институциите се обврзани да го штитат, правото на јавноста да биде навремено и точно информирана никој не смее да го загрозува, а оние кои ќе се обидат тоа да го сторат, мора да бидат идентификувани и санкционирани- Искра Хаџи - Василева – ЈО на ОЈО ГОКК Последната евидентирана закана се случи викендов кон новинарот Кристијан Ландов, по неговата емисија за случај во Охрид, по што како што е пријавено, на социјалните мрежи му се заканувале по животот преку саботирање на неговото возило. Остра реакција за ова пристигна од ЗНМ, а министерот Тошковски кажа дека се преземени сите чекори за расчистување на случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter