СДСМ: Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?
2СДСМ: Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
ЗабаваФото: Инструкторка која знае што сака со своето телоПамела Пропст е фитнес инструктор, модел и бизнис жена.Атрактивната Памела најмногу од се го сака своето тело. Убавата инструкторка редовно внимава на исхраната и секојдневно вежба во теретана , каде работи вежби кои им помагаат да го одржи своето тело во совршена форма и изглед. Инаку ако видите каков задник има убавата Памела нема да ве изненади фактот што убавата инструкторка потекнува од Бразил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДва нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче Петров, донирани од Гоу Грин Општина Ѓорче Петров доби два нови полначи за електрични возила, донирани од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ (Go Green). Полначите, со моќност од по 22 kW, се поставени на општинскиот паркинг на улицата „Ѓорче Петров“ бр. 22, каде што се инсталирани, тестирани и ставени во функција. Со оваа донација се унапредува инфраструктурата за електрична мобилност во општината и се создаваат подобри услови за користење електрични возила од страна на локалните жители и посетители. Полначите се приклучени на електричната мрежа, со придонес од соларната енергија произведена од фотонапонските панели на општинската зграда. На овој начин, локалното производство на обновлива енергија се поврзува со потребите за полнење електрични возила. Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје Донацијата е реализирана во рамките на проектот Community Mobility Co-operative Pilot (COMOCO), што во Македонија го спроведува „СмартАП - Лабораторија за социјални иновации“, чија цел е развој и тестирање модели за заедничко користење и управување со инфраструктурата за електрична мобилност. Преку соработката со Општина Ѓорче Петров, „Гоу Грин“ придонесува за развој на практични решенија за одржлива урбана мобилност и поголема примена на електричните возила во локалната заедница. Поставувањето на двата полначи претставува конкретен пример за тоа како соработката меѓу граѓанските организации и локалната самоуправа може да резултира со функционална инфраструктура и долгорочни придобивки за граѓаните. Ваквите иницијативи се важен чекор кон почиста, поодржлива и поефикасна мобилност во урбаните средини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на БалтикотТајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на Балтикот, откриени детали за тоа што му рекле лидерите на Финска и НорвешкаФинскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе воспоставија таен канал за комуникација со рускиот претседател Владимир Путин – со посредство на еден руски олигарх – во обид да спречат директен воен судир во Балтичкото Море. Според „Волстрит џурнал“, двајцата лидери се обиделе да ги ублажат стравувањата на Москва во врска со можна поморска блокада и да спречат опасна ескалација. Балтичкото Море стана една од најчувствителните точки на тензија меѓу Русија и Западот. Русија преку овие води транспортира повеќе од 60 отсто од својот извоз на нафта по морски пат – со што ја финансира својата воена економија – додека околните региони се граничат со земји-членки на НАТО. Поради запленувањето на танкери што припаѓаат на руската „флота од сенка“, како и изјавите на одредени европски политичари за можното затворање на Финскиот Залив, во Москва расте загриженоста од можноста за поморска блокада. Како одговор, Кремљ нареди руските танкери да бидат придружувани од воени бродови опремени со ракети способни да носат нуклеарни боеви глави. Германската крајбрежна стража забележала 260 вакви случаи во текот на изминатата година. Тензиите дополнително се заострија поради инциденти на море. Во јуни, руската корвета „Сообразителни“ за малку ќе се судреше со пловила на германската крајбрежна стража. Во септември, кон дански хеликоптер беа испукани сигнални ракети, додека во октомври беше блокиран пристапот до танкер кој наишол на проблеми во близина на островот Борнхолм. Според „Волстрит џурнал“ (WSJ), Москва во септември испратила и писмено предупредување до НАТО, во кое навела дека е подготвена да изврши превентивни нуклеарни напади за да ги заштити своите интереси на Балтикот – дури и во отсуство на директен напад врз руска територија. Поради ризикот од неконтролирана ескалација, Пентагон кон крајот на октомври ги повика своите сојузници од балтичките земји да ја ублажат својата реторика. По ова, Хелсинки и Осло одлучија да се обидат директно да ја деескалираат ситуацијата. Бидејќи официјалните дипломатски канали не вродија со плод, Стуб и Сторе стапија во контакт со еден руски олигарх, кој отпатува во Норвешка на разговори со високи функционери. По овие консултации, тој се врати во Москва за да му ја пренесе пораката од двајцата лидери на Путин. Претседателите на Финска и Русија, заедно со норвешкиот премиер, на 27 октомври остварија телефонски разговор. Во официјалното соопштение се наведува дека дискусијата била фокусирана на ставање крај на војната во Украина; сепак, „Волстрит џурнал“ (WSJ) пренесува дека двајцата европски лидери всушност се обиделе да ги отстранат стравувањата на Кремљ во врска со можна поморска блокада. „Немаме намера да го блокираме Балтикот во мирнодопски услови – во тоа можете да бидете сигурни. Ќе постапуваме во согласност со законот“, изјавил Стуб за време на разговорот, според „Волстрит џурнал“.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаСДСМ: Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?Илјадници вработени во култура криминалната власт ги става под ризик да останат без колективните договори и да се врати состојбата пред 2020 година.Пари во Буџетот нема за да ги следи обврските од Колективниот договор. Документ што со години ги гарантира работничките права на вработените во културниот сектор. Зошто е тоа така? Дали криминалната влада која контролира се во државата однапред ја знае одлуката на Уставниот суд кој утрте треба да одлучува по предметот со кој е оспорен Колективниот договор за културата. Сакаме да испратиме јасна порака: работничките права не смеат да бидат загрозени, а Уставниот суд не смее да стане продолжена рака на која било власт! Колективниот договор за култура беше резултат на долгогодишна синдикална борба, преговори и социјален дијалог. Тој донесе конкретно подобрување на материјалниот и професионалниот статус на илјадници културни работници. Наместо укинување на договорот што ги штити нивните права потребно е целосна негова спроведување и реализација. ВМРО-ОКГ треба да разбере дека Колективниот договор не е партиска придобивка. Тој е договор за работничките права. Доколку постојат правни недоречености, Владата има обврска да понуди законски решенија со кои ќе се гарантираат правата на вработените, а не да остане нем набљудувач додека се отвора можноста за нивно уназадување. СДСМ ги поддржува културните работници во секоја законска и синдикална форма на борба за заштита на нивните права. Културата не е партиски плен. Културните работници не се колатерална штета на политиките на оваа власт. Рацете подалеку од работничките права! Колективниот договор за култура мора да биде заштитен заради работниците! Прес конференција на СДСМ, Мирче Најдоски – Комисија за култура СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter