Фото: И на топло и на ладно, Карлеуша во секси стајлинг - Канал 5

Фото: И на топло и на ладно, Карлеуша во секси стајлинг

Кога надворешната температура е само 5 степени српската пејачка Јелена Kарлеуша е во секси стајлинг, панталони исечени како танга, халтери, долна облека исто како и во лето.

Фото: И на топло и на ладно, Карлеуша во секси стајлинг

На сексапилната Карли изгледа воопшто не и е студено.

Карлеуша без проблем може да се види и во најпровокативно издание и во сред зима и покрај тоа што за изгледот ќе добие многу критики.

Џеј Кеј и во петата деценија од живото покажува дека зимата не и прави никаков проблем кога ге гардеробата во прашање, нејзината девиза е што помалку гардероба на себа за што по провокативно издание.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Истанбул: Учествував на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави

Денеска во работна посета на Истанбул, Република Турција, учествував на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави., објави на својот фејсбук, премиерто Христијан Мицкоски. 

Мицкоски во Истанбул: Учествував на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави

Во своето обраќање истакнав дека Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка и нови инвестиции.

Посочив дека Македонија денес се позиционира како стабилна и конкурентна бизнис дестинација, со стратешка географска положба, поволна инвестициска клима, модерни индустриски зони и пристап до регионалните и европските пазари. Турските компании преку инвестирање во Македонија добиваат можност да станат дел од европските синџири на снабдување и да го прошират своето присуство на пошироки пазари.

Нагласив дека нашата цел е да градиме долгорочни партнерства кои ќе создаваат нови работни места, поголем економски раст и заеднички успех. Ги поканив турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија, држава која има јасна визија за иднината, отворена врата за нови инвестиции и силна определба за економски развој, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на вицепремиерот Николоски со министерот за трговија Болат и министерот за транспорт Уралоглу во Истанбул

Македонија и Турција продолжуваат да градат силно партнерство засновано на заедничка визија за економски развој и регионална соработка.

Средба на вицепремиерот Николоски со министерот за трговија Болат и министерот за транспорт Уралоглу во Истанбул

Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција

Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што се одржува денеска во Истанбул.

На средбата беа потврдени заедничките заложби на двете земји за продлабочување на економските врски, притоа се разговараше за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување на деловната клима за компаниите од двете држави.

Турција претставува еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија, долгогодишните пријателски односи меѓу двете земји се темел врз кој успешно се развива и економската соработка. Во духот на ова партнерство, целта е односите да ги подигнеме на уште повисоко ниво, преку нови иницијативи и зголемена економска активност, истакна вицепремиерот Николоски.

Посебен фокус на средбата беше ставен на развој на инфраструктурата и регионалното поврзување, притоа вицепремиерот истакна дека во Македонија се реализира најобемниот инвестициски циклус во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура и ги повика сите заинтересирани турски компании да земат учество на меѓународните повици.

Голем број успешни турски компании веќе работат на македонскиот пазар и даваат значаен придонес во развојот на економијата, отворањето нови работни места и зголемувањето на конкурентноста. Токму ваквите позитивни искуства претставуваат дополнителен поттик за привлекување нови инвеститори, истакна вицепремиерот Николоски.

Говорниците се согласија дека Македонија и Турција ќе продолжат да градат силно партнерство засновано на меѓусебна доверба, пријателство и заедничка визија за економски развој и поголема регионална соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски авиони веднаш полетаа кон Европа; Доаѓа ли крајот на војната САД-Иран?

Американската веб-страница „Аксиос“ објави дека четири авиони на американските воздухопловни сили полетале кон Европа како подготовка за можна церемонија на потпишување меѓу САД и Иран за завршување на војната.

Американски авиони веднаш полетаа кон Европа; Доаѓа ли крајот на војната САД-Иран?

Извори на овој медиум запознаени со подготовките наведуваат дека авионите одат во швајцарскиот град Женева, каде што се очекува американскиот потпретседател Џ.Д. Венс да го потпише договорот во име на Вашингтон.

„Аксиос“ открива, повикувајќи се на дипломат од една од земјите што посредуваат во преговорите и неименуван американски функционер, и содржината на Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, за кој претседателот Доналд Трамп тврди дека наскоро ќе биде потпишан.

Документот повикува на итно отстранување на Ормутскиот теснец без наплата на „патарини“ на таа поморска рута, како и ублажување на санкциите против Иран во согласност со тоа колку Техеран го почитува договорот.

Меморандумот би го продолжил сегашниот прекин на огнот за 60 дена, вклучувајќи ја и територијата на Либан, во кој период би се воделе преговори за нуклеарната програма на Иран.

Според информациите доставени преку ноќ од американски и европски претставници, иранските претставници сугерираа дека е многу веројатен договор и дека првиот чекор би можел да биде потпишување на меморандум за разбирање веќе следната недела, за време на самитот на Г7.

Самитот на водечките светски економии се одржува во Евиан, Франција, додека блиската Женева, Швајцарија, се споменува како можно место за церемонијата на потпишување. Иако сè уште не е добиена официјална потврда од Техеран, дипломатски извори велат дека подготовките за потпишување на документот се во тек.

Според CNN, церемонијата на потпишување на меморандумот за разбирање најверојатно ќе се одржи во Женева, а на неа ќе присуствуваат високи американски и ирански претставници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер