Фото: Гаражата на Меси од 30 милиони евра - Канал 5

Фото: Гаражата на Меси од 30 милиони евра

Најдобриот светски фудбалер, Аргентинецот Лионел Меси според дел од медиумите е сопственик на најскапата гаража на светот. 

Фото: Гаражата на Меси од 30 милиони евра

Ѕвездата на ПСЖ ја има убедливо најскапата гаража во светот на спортот, а некои извори тврдат дека автомобилите што ги поседува Меси вредат над 30.000.000 евра!

Кристијано Роналдо неодамна се почести со нов автомобил, но сепак неговата колекција од скапи возила не може да се спореди со онаа што ја има Лионел Меси.

Кристијано и Лео се натпреваруваа за суперскапиот „Ferrari 335 Spider Skagletti“ во Париз. Овој уникатен автомобил е произведен во само четири примероци, а на крајот Меси победи на аукцијата во 2016 година.

Познато е дека Меси поседува 13 автомобили и тие се претежно луксузни или спортски модели.

Меси поседува и „Ferrari F430 Spider“ ,А во колекцијата е и „Pagani Zonda Roadster“, едно од најскапите возила досега. И доста е бизарно што тој автомобил всушност никаде не смее да се вози бидејќи нема дозвола да излезе на пат.

Во гаражата на Меси има и Mercedes SLS AMG, две Maserati и две Gran Turizma, моделите S и MC Strandale. Има и автомобили од марките Ауди , Ренџ Ровер, Лексус, Доџ Чарџер и Кадилак Ескалад.

Тука е и Mini Cooper. Во гаражата на Лео има и Тојота Приус, возило со хибриден погон што е хит кај новата генерација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

Според најновите информации, две лица загинаа во падот на мал авион во Германија, кој се урна на автопатот А2 помеѓу Бург и Кринберг, на североистокот од земјата, соопшти полицијата.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

„Авионот се запали за време на падот. Според сегашните информации, спасувачите пронајдоа две мртви лица во авионот“, изјави за „Билд“ портпаролот на локалната полиција Стефан Бродтрук.

Причината и околностите на несреќата, која се случи непосредно пред 15 часот во покраината Саксонија-Анхалт, сè уште се истражуваат.

Полициската и спасувачката операција траеја неколку часа, а автопатот кон Хановер беше затворен во тој период.

Според порталот „Флајтрадар“, авионот што се урна бил двосед регистриран на воздухопловниот спортски клуб во Кроп, и полетал од нивниот аеродром во Шлезвиг во 12:33 часот, објави Мирор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава, за што кажа дека Народната банка веќе најавила сет мерки и како независно регулаторно тело работи да го заштити интересот на граѓаните, додека како што вели, лидерот на СДС повторно се обидува да создаде паника од случување на домино ефект.

„Народната банка претставува една посебна независно регулаторно тело коешто практично е независно и така треба да биде третирано. Банкарскиот сектор исто така спаѓа во она што се нарекува стратешки сектор, економски сектор во државата и кога се пристапува во вакви кризи, треба да се пристапува многу внимателно, имајќи на ум неколку принципи, а тоа е заштита на депозитот и заштедата на граѓаните, меѓутоа и заштита на самиот банкарски сектор. Гледаме дека Народната банка како регулатор, настапува во моментот во насока на заштита на депозитите на граѓаните. Видовме мерки на прес-конференцијата денес во три насоки, зголемување нели на обемот, на местата за пристапност за подигање на готовина“, рече Лефков.

Лефков го посочи и односот на опозицијата и прес-конференциите на лидерот на СДС, каде тој се обидува да создаде паника и како што вели бомбастично најавува некој домино ефект, односно ефект на други банки, за што кажа дека не е точно.

„Апелирам дека политиката и прстите на политиката треба да бидат особено внимателни кога станува збор за банкарскиот сектор и не треба на овој начин да се обидуваат да креираат хистерија. Важно е институциите да го дадат својот одговор, а ние како Собрание на Комисијата за финансирање и буџет да се разгледаат сите оние аспекти во коишто институциите требало да постапат не постапиле или како постапувале“, истакна Лефков и додаде:

„Во дадениот момент се заштитуваат депозитите на граѓаните и се работи активно на мерки и начини за подигање на платите, социјалните придонеси, другите плаќање. Се настојува да се преброди ова и да не се создаде она што Венко го најави како домино ефект во другите банки. Важно е банкарскиот систем да биде стабилен и многу е важно неодговорни политичари да не постапуваат неодговорно, обидувајќи се да добијат некој политички поен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Организиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз .

Организиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина.

Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства.

Распоредот и местата на поаѓање се следниве:

Прилеп: Плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот;

Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот;

Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот.

Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, соопштуваат од НБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер