Фото: Енрике во прегратки на обожавателка ?? - Канал 5

Фото: Енрике во прегратки на обожавателка ??

Мегапопуларниот пејач Енрике Иглесијас ги шокираше своите фанови со ново видео кое се прошири на социјалните мрежи. 

Фото: Енрике во прегратки на обожавателка ??

Светскиот заводник кој е во брак екс руската тенисерка Ана Курникова повеќе од две децении, е виден во прегратка со обожавателка. Енрике дури ја бакнува обожавателката пред таа да ја сврти главата за да го бакне во усни.

Енрике изгледаше изненаден од моментот, но ја фати обожавателката за половината и и дозволи да направи селфи пред да се повлече и да побегне додека неговото обезбедување гледаше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција.

Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Во случајот со набавката на хеликоптери од „Леонардо’’, иако цената на набавката која ја направила Славјанка чинела 213 милиони евра, таа нагло рипнала за 37 милиони евра повеќе во 2024 година за време на техничка влада.

И тука Филипче јасно и гласно посочи дека станува збор за кривично дело и дека треба да се истражи. И му благодариме за признанието.

Но, исто вака гласен Филипче треба да е и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добивал автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев.

Има многу признанија кои Филипче треба да ги истакне во јавноста, но се надеваме дека ова е само почеток и го охрабруваме да не молчи. Вистината излегува на виделина.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

https://we.tl/t-vwQAFhYQ9i69aYxe

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен.

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

- До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

Расте бројот на заболени од канцер во Македонија.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти  годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти.

Од 200 до 300 нови пациенти има годишно.

притисни ентер