Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
МакедонијаЃорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиенаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен. - До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии - арамијата троши како да има бунар без дноАрамијата ја троши народната каса како да е бунар без дно. Троши ама не за граѓаните, не поголеми плати и пензии - туку за криминални партиски тендери. И сега пари нема за до крајот на годината! Состојбата со централниот Буџетот е катастрофална. Буџетскиот дефицит ќе надмине 900 милиони евра. Целиот планиран дефицит е веќе потрошен, нема пари за плати и пензии и тековни трошоци до крајот на годината. Затоа нов ребаланс. Втор само два месеци после последниот ребаланс. Ребалансот не е заради некакви мерки за горивата, тоа е уште една лага, ребалансот е поради катастрофалната состојба со буџетот и потфрлањата во приходите. Наместо да скрати од непродуктивните трошења, да го запре луксузот и партиските тендери – повторно нови задолжувања. Како што најавивме. Едното веќе го почнаа, 250 милиони евра за буџетски потреби до крајот на годината. Следува и задолжување од огромни 1,3 милијарди евра. Не за развој, не за инвестиции што ќе донесат нови работни места - туку за да се покријат дупките во касата. Наместо да обезбеди стабилни приходи и одговорно трошење, трупа долг врз долг за да ги сервисира основните обврски. За две години Мицкоски создаде нови 4 милијарди евра долг или колку половина од задолжувањата за 35 години. Со долговите кон ЈПДП и другите јавни претпријатија долгот веќе надминува 63% од БДП. Каматите што државата ги плаќа годишно се зголемија од 120 на околу 350 милиони евра. Овие милијарди долгови не се за повисоки плати, пензии, инвестиции и подобар стандард. Тоа се пари што денес ги троши Мицкоски, а утре ќе ги враќаат граѓаните, затоа што кредитот не е приход, туку долг. Ова е резултатот од катастрофалните економските политики на Мицкоски - раскрчмување на народната каса. Буџет што се полни со кредити, додека граѓаните едвај врзвуваат крај со крај. Бајките на Мицкоски за „трета економија во Европа“ паднаа во вода. Со Мицкоски државата се движи кон економски и социјален амбис. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМајката на судијата Ристов: Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко-Не ни ги даде Ѓоко, парите се наши, ги чувавме за стари години, мајката на судијата Ристов на денешното рочеште сведочеше дека созиданите 350 илјади евра биле нивни заработени на пазари од земјоделие а не на нивниот син..Се што ќе останело од паричињата во фолиичка ги ставала зад плочките.. Обвинителката смета дека сведоштвата на родителите немаат некое поголемо значење, а одбраната пак уверува дека имаат аргументи против Обвинението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНапад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот Три лица се повредени во уште еден напад со нож во училиште во Полска.Петнаесетгодишник вооружен со нож наводно упаднал во училиште во близина на Вишково и со нож нападнал три лица, меѓу кои директорот на училиштето и домарот. Министерот за внатрешни работи Марчин Кирвински изјави дека осомничениот е уапсен и додаде дека врз домарот се врши реанимација. Според полицијата, директорот бил повреден додека се обидувал да го совлада ученикот пред пристигнувањето на полицијата на местото на настанот. Напаѓачот наводно бил ученик во завршната година од средното училиште, соопшти полицијата. Тинејџерот е задржан во притвор додека трае истрагата. Во соопштение, полицијата наведе дека осомничениот влегол во училиштето и „повредил тројца вработени со остар предмет“. „Полицијата пристигна на местото на настанот само неколку минути по пријавата.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter