Фото: Дупка до пеколот!! - Канал 5

Фото: Дупка до пеколот!!

Супер длабоката бушотина која руските геолози ја пробушиле во Колска во Мурманската област е најдлабоката вештачка дупка на светот.

Фото: Дупка до пеколот!!

Според американската астрофизичарка Сабрина Стривал таа влева страв и потсетува на хорор филмовите .

Американската астрофизичарка за научниот магазин „ Sajentifik Amerikan", пишува дека најдлабоката бушотина на светот е „патот кој води до центарот на Земјата“, како и оти воопшто не изненадува фактот што меѓу народот оваа дупка е позната и под името „патот до пеколот“.

Но, астрофизичарката Стривал на читателите им пренесува дека во дупката не може да се падне и не е опасна за човекот поради нејзините димензии.

-Пред сликата за супердлабоката бушотина да почне да ве прогонува и да ви предизвикува кошмари, обидете се да запаметите дека нејзиниот пречник е само 23 сантиметри. Што значи дека во неа не може да се падне, потсетува Стривал.

Колската супердлабока бушотина се наоѓа западно од градот Заполарни, во близина на границата со Норвешка. Бушењето на најдлабоката дупка на светот траело цели 20 години, почнувајќи од далечната 1970 година.

Колската бушотина е влезена и во Гинисовата книга на рекорди како најдлабоката вештачка дупка на светот длабока неверојатни 12 261 метар.

За време на бушењето се случиле неколку инциденти поради што работата на бушотината била прекинувана.

Поедини работници кои учествувале во овој неверојатен проект подоцна соопштиле дека сеизмичките сензори бележеле чудни звуци од дупката. По што се појавиле гласини дека советските геолози „стигнале до пеколот“ и го слушнале „стенкањето на грешниците од подземјето“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме проследено со обилни врнежи го зафати југозападниот дел на Словенија, при што поројни поплави ги поплавија станбените, земјоделските, училишните и другите објекти, а излеаните водотеци ги поплавија патиштата.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме го зафати подрачјето меѓу регионот Крас и ридестиот предел Идрија-Церкно. Според извештајот на оперативниот центар за итни случаи, пожарникарите испумпувале вода од објекти, спасувале луѓе заглавени во возила, ги штителе загрозените локации со вреќи со песок и расчистувале наноси од одрони.

Патиштата во општините Комен и Ајдовшчина станале непроодни поради одрони од камења и свлечишта, пренесува Срна.

Најголем број инциденти – 38 – се регистрирани на подрачјето што го покрива Регионалниот оперативен центар во Нова Горица, а по него следи подрачјето на Регионалниот оперативен центар во Постојна, каде што се случиле 17 инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња волшебникот Лионел Меси, пред два дена се прости од аргентинската репрезентација на натпреварот против Бенин и со тоа заокружи една фантастична фудбалска приказна.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Сепак, Лионел Меси нема намера да застане кога станува збор за клупскиот фудбал, а пристигна и една многу интересна понуда.

Меси има освоено бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не настапил во Копа Либертадорес.

„Мислам дека му преостанува уште да заигра во Копа Либертадорес, па затоа го прашувам дали би го прифатил овој предизвик“, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез.

Иако фудбалерот на Интер Мајами сè уште не размислувал за оваа одлука, навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување.

Меси практично освои сè што можеше да се освои, а евентуалното освојување на уште еден трофеј во неговата богата кариера би претставувало вистинска круна на неговите достигнувања.

На 39-годишна возраст, Меси веќе зад себе има осум „Златни топки“, шест „Златни копачки“, четири титули во Лигата на шампионите, десет титули во Шпанија, две титули на Копа Америка, трофејот од Финалисима и Светското првенство во 2022 година, како и бројни други признанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2026 година е Наванетен Пилај.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Пилај е јужноафриканска адвокатка и судијка, позната по својата долгогодишна работа во заштитата на човековите права и меѓународната правда.

Таа ја доби наградата за нејзините напори во промовирањето на мирот и меѓународното право.

Гледајте ја церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во живо:

За потсетување, Норвешкиот Нобелов комитет доби номинации за 287 кандидати, од кои нешто повеќе од една четвртина се организации, објави претходно АП.

YouTube video

Како што објавува Тајм, 208 кандидати се поединци, а 79 се организации.

Овогодинешната церемонија на доделување на наградите ја одбележува 125-годишнината од Нобеловата награда за мир, која е доделена на 112 поединци и 28 организации од 1901 година.

Црвениот крст е награден три пати, а Агенцијата на ОН за бегалци двапати. Меѓу индивидуалните добитници беа 20 жени, од кои осум беа наградени во последните 15 години.

Минатогодишната добитничка беше лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која беше наградена за нејзината борба за демократска транзиција во Венецуела. Подоцна таа му ја додели Нобеловата награда на Трамп, но Нобеловиот комитет рече дека самата награда не може да му се додели на друго лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер