Фото: Девојката која го привлече вниманието на Надал, сега е секс бомба! - Канал 5

Фото: Девојката која го привлече вниманието на Надал, сега е секс бомба!

Еден од најдобрите тенисери во светот во историјата, Шпанецот Рафаел Надал пред десетина години настапи на турнир во Рио де Жанеиро. 

Фото: Девојката која го привлече вниманието на Надал, сега е секс бомба!

Сега медиумите се присетија на еден детал од тој тунир која се уште се раскажува.

Сите се уште се сеќаваат на моментот кога една убава девојка го привлече вниманието на Надал.

YouTube video

За време на осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето, Фернанда Маја беше задолжена да застане до клупата на Рафа и да му помогне.

Тие денови популарниот Рафа се обидуваше суптилно да погледнува во убавата Фернанда, но тоа не можеше да остане не забележано од камерите.

Убавата Фернанда на најдобар можен начин ја искористи својата популарност и стана водителка на каналот „SBT Esporte Rio“.

Потоа и коментатор на радиото „De Primeira Radio MixFM“ и презентер на стадионот на нејзиниот сакан тим Ботафого „Нилтон Сантос“.

И сега Фернадна е вистинска убавица мајка на две деца. Интересно нејзината ќерка го добила името Рафаела токму по славниот Шпанец Рафаел Надал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Норвешката принцеза со трансплантација доби нови бели дробови

Норвешката принцеза Мете-Марит успешно претрпе трансплантација на бели дробови и се опоравува од процедурата, објави канцеларијата на кралското семејство. 

Норвешката принцеза со трансплантација доби нови бели дробови

На 52-годишната сопруга на норвешкиот престолонаследник Хаакон ѝ беше дијагностицирана белодробна фиброза во 2018 година, хронична болест која предизвикува лузни на белите дробови и доведува до намален внес на кислород.

Универзитетската болница во Осло на 5 јуни потврди дека Мете-Марит е ставена на листа на чекање за трансплантација на бели дробови по значително влошување на нејзиното здравје, поради што, според проценките, ѝ останала само една година живот без операција.

„Како и сите новотрансплантирани пациенти, принцезата ќе остане во болница уште неколку недели“, изјави професорката Аре Холм од Универзитетската болница во Осло во соопштение доставено од палатата.

Престолонаследникот Хакон во декември изјави дека семејството забележало промена во состојбата на Мете-Марит и дека таа се соочува со сè потешкотии во дишењето.

Премиерот Јонас Гар Сторе ја пофали принцезата за отвореното зборување за нејзината состојба, велејќи дека тоа би можело да им помогне на другите кои страдаат од слични заболувања. Мете-Марит имала 25 години, обична жена и немажена самохрана мајка кога го запознала Хакон на музички фестивал во 1999 година. Тоа беше почеток на неочекувана кралска романса што започна со медиумска фанфара и на крајот го привлече вниманието на јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вајц за Канал 5: Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија

„Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија“, вели во ексклузивно интервју за Канал 5 известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц.

Вајц за Канал 5: Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија

Тој признава дека не ја поддржувал спорната терминологија и одредбите кои се однесуваат на билатералните прашања меѓу Скопје и Софија и оценува дека тие не требало да бидат дел од извештајот за напредокот на земјата.

Во видеото погледнете го целото интервјуто на Јован Ѓорговски со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АНБ: По претреси на повеќе локации во Скопје пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.

Во рамките на постапката се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик и за истите е поднесена кривична пријава.

АНБ: По претреси на повеќе локации во Скопје пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.

На 16 јуни 2026 година, во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи, а под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамки на предистражната постапка поврзана со кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик, беа извршени претреси на повеќе локации на територија на Град Скопје при што се пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.

Во рамките на постапката се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик и за истите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

За две од лицата опфатени со кривичната пријава е определена мерка притвор, односно домашен притвор, а останатите три лица во моментот се на издржување казна затвор, односно мерка притвор во Казнено поправните установи за кривични дела поврзани со тероризам.

Наведените активности се преземени врз основа на претходно обезбедени информации од страна на Агенцијата за национална безбедност, како и информации обезбедени во рамки на меѓународната стратешка соработка.

Според информациите со кои располага Агенцијата за национална безбедност, лицата како идеолошки поддржувачи на терористичката организација „Исламска држава“ во изминатиот период спровеле активности за воспоставување конекции со медиумски пропагандни канали на споменатата организација, но и создавање на локална мрежа преку која дисеминирале екстремни и насилни наративи, со цел поттикнување на терористички активности во земјата. Како дел од групата, споменатите давале и логистичка поддршка на други лица, претходно веќе опфатени во контратерористички активности на Агенцијата.

Агенцијата за национална безбедност останува посветена на својата примарна превентивна функција да работи на ефикасно и навремено попречување на ризиците и заканите по националната безбедност, со цел заштита на уставниот поредок и безбедноста на граѓаните, стои во соопштението од Агенцијата за национална безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер