Фото: Брена и Боба купуваат јахта од 890 000 евра

Брачната двојка Брена и Слободан Живојиновиќ  одлучила да се поднови со нов брод!

Големата балканска музичка ѕвезда и екс тенисерот се договориле да ја продадат старата јахта за околу 100 000 евра и да купат поголема и полуксузна. Брена и Боба во Италија ја порачале јахтата од моделот „Азимут с26“ од 26 метри која има шест кабини, кујна, салон со кино и други луксузни работи.

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ купуваат јахта од 890 000 евра, пренесоа дел од српските медиуми. Тие се решиле да го продадат својот брод купен во 2015 година за околу 100 000 евра и да купат нова многу поголема и полуксузна јахта.

Оваа нивна одлука најмногу ги израдува синовите Виктор и Стефан кој сега ќе можат со друштво да летуваат на својата јахта.

- Брена и Боба често со семејството и пријателите крстосуваат по Јадранот, но сега ќе имаат многу поголем комфор, изјавил за медиумите извор близок до Брена и Боба.

Новата jахта, популарната брачна двојка ја пазарела во Италија, од компанијата „Азимут“ која спаѓа во редот на најдобрите производители на луксузни јахти на светот.

- Боба и Брена неодамна биле на саем на наутика во Италија, каде им се допаднал моделот „Азимут с26“ . Оваа јахта е долга 26 метри и широка скоро шест .Има четири кабини и осум кревети, како и уште две кабини со по еден кревет за членовите на екипажот. Јахтата има комплетно опремена и модерна кујна и домашно кино опремено со најсовременото озвучување, раскажал изворот кој истакнал дека за дизајнот на јахтата биле задолжени двајца реномирани италијански архитекти.

- Ентериерот го дизајнирал Карло Галеаци а надворешниот дизајн е на Стефано Ринини. Максималната брзина на бродот е 77 км . на час и опремена е со најсовремениот систем за навигација. Брена и Боба веќе ја порачале оваа јахта и наскоро од Италија со неа ќе пловат до Црна Гора, каде таа ќе биде восидрена, дополнил истиот извор.

Хоспитализиран таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан!!

Срѓан,таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ итно е примен во болница! 

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска е примен во Ургентниот центар! Информацијата ја пренесе Курир, а според Информер, таткото на првиот светски рекет го повредил рамото и затоа бил хоспитализиран!

Според информациите, повредата на Срѓан Ѓоковиќ настанала откако паднал додека ги хранел птиците. Во таа прилика тој паднал од столот и ги повредил рамото .

Во раните попладневни часови е примен на одделението за ортопедија и се чувствува добро.

- Точно е дека Срѓан Ѓоковиќ е примен во болница. Моментално е на ортопедско поради повреда на рамото. Во моментов се следи состојбата и се вршат сите потребни испитувања - вели извор на Информер запознаен со целиот случај.

Никој од семејството Ѓоковиќ се уште не се изјаснил за овој настан.

Во Драчево на Цветници осветен 63 метарски крст

Токму на Цветници, на само една недела пред најголемиот верски празник Велигден, Кисела Вода и Скопје добија уште едно гигантско верско обележје, се освети 63 метри високиот крст во Драчево, во „Паркот на Бранителите“. 

Симболот на кој бил распнат Исус Христос, денеска е симбол на љубовта, мирот и благосостојбата, порача Г.г Стефан кој го водеше осветувањето на овој нов православен објект во главниот град.

На денот кога Исус Христос за последен пат влегов во Еурасалим, на една недела до неговото воскресение, овој крст претставува најголема молитва кон Бога, кажа Тодор Петров од светскиот македонски конгрес и инвеститор, додека пак градоначалникот на Кисела Вода – Орце Ѓеорѓиевски порача дека погледот кон небото во Драчево повеќе нема да биде ист.

За драчевчани овој симбол претставува еден убав ден за православието, обединувањето, љубовта и благосостојбата, како еден предевсник за Велигден кој е се поблиску.

63 метарскиот крст е 12ти најголем во светот и втор во Македонија, по милениумскиот на планината Водно.. Има распон од 34 метри, конструкцијата му е челична и се темели врз 12 шипови, плус 4 кои одат 16 метри во длабочина поради статика, а излеани се и 720 тони бетон од кои најмногу се под земја.

Мицкоски: Народот кажа, идната коалиција ќе ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

Изборната кампања влегува во втората половина, а со неа и постизборните комбинаторики.

За ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „Вреди“ веќе нема дилеми кој треба да ја предводи новата македонска влада.

Ивана Стојановска ги има информациите.

Ивана, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево со веројатно најексплицитна порака досега?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер