3СДСМ: Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода - ниту еден експерт, ниту еден документ, ниту еден одговорен!
Шоу бизФото: Бред Пит со нова 30 години помлада девојкаИзгледа дека Бред Пит повеќе не ја крие врската со Инес де Рамон.Во Кабо Сан Лукас, Мексико, папараците го снимиле 59-годишниот холивудски актер како ужива на базен во друштво на 30 години помлада девојка, која покрај него се сончала топлес, игнорирајќи ги фотографите. Двајцата ја дочекаа Новата година во Мексико, а близок извор откри дека работите меѓу нив е сериозно. "Бред во моментов не се гледа со никој друг и е многу среќен со Инес. Тие се заедно и добро се забавуваат. Им се случува убава работа без никаков стрес", неодамна извор близок до нив откри за „People“. Светските медиуми повторно почнаа да пишуваат дека оскаровецот има нова љубов откако неодамна со Инес де Рамон пристигна на концертот Боно Вокс во Лос Анџелес со својот автомобил Тесла. Изворите на Дејли Мејл опишуваат како Бред ја запознал Инес со своите познати пријатели и сите разговарале во просторија која била затворена за пошироката јавност. Инес неодамна беше сингл, откако објави дека се разделува со ѕвездата на „Вампирски дневници“, Пол Весли. Познато е дека таа е од Њу Џерси и дипломирала бизнис администрација на Универзитетот во Женева во 2013 година. Да потсетиме, странските медиуми веќе некое време пишуваат за романсата на Бред Пит, но и за реакцијата на неговата поранешна сопруга, холивудската актерка Анџелина Џоли (47), која неодамна беше снимена од обожавателите на кафе со ѕвездата на серија „Normal People“ Пол Мескал (26) во кафуле во Лондон. „Анџелина долго време не обрнува внимание на гласините за Бред“, изјави извор близок до актерката за „Hollywood Life“, додавајќи дека таа е „премногу зафатена со грижата за своите шест деца за да се фокусира на новата романса на нејзиниот поранешен сопруг. " Извор: Индекс.хр.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Култура„Готик Војсис“ со рафинирана изведба на средновековна музикаРафинираност, висок квалитет и спиритуалност во изведбата на средновековна музика покажаа членовите на ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија кои синоќа настапија во црквата „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“.Извонредните гласови на мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли донесоа дела од Џоан Меткалф, Џон Данстапл, Ричард Смерт, Арво Перт, Леонел Пауер, композиции од непознати автори од 13-от, 14-от и 15-от век, како и грегоријанскиот напев Gaude, Maria virgo. -Програмата со која настапивме беше мешавина од современа и раносредновековна музика. Кога ја креиравме, сфативме дека тие се вклопуваат совршено. Централно дело на концертот беше делото на Ендру Смит кој е норвешки композитор и е со текст на Stong wel, moder, песна од 14-от век. Сето тоа е базирано на легендата за Богородица и различните аспекти на нејзината пресветост. Сите тие аспекти совршено се вклопија во нашата програма, истакна тенорот Џулијан Поџер. Во своето 46-годишно постоење, ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики. Во Велика Британија ансамблот „Готик Војсис“ редовно настапува на фестивалите во Алдебург и Честер, на фестивалите за рана музика во Јорк и Бирмингем, а честопати гостуваат на меѓународните фестивали во Единбург и Челтнам. Нивните европски турнеи ги носат на фестивалите во Фландерс, Утрехт, Вормс, Штутгарт и Келн, како и на фестивалот „Вестфолд“ во Норвешка. Имаат остварено настапи во Израел, во САД и Јужна Америка. Покрај нивниот репертоар посветен на средновековната и рана музика, „Готик Војсис“ исто така исполнуваат и современа музика, особено дела кои во себе содржат некаква средновековна асоцијација. Голем број од композиторите на денешницата се инспирирани или врз нив влијае средновековната музика, па така честопати ансамблот прави необични и експериментални програми во кои се вметнати нови дела наспроти традиционалните програмски определби.Тагови: Готик Војсис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Ново Село го извади на површина талогот на СДС кој Филипче ги нарекува децаТоа се возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани.Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС. Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога. Тоа е иднината која предавничката СДС и Венко Филипче им ја нуди на граѓаните, насилство, криминал и лица корисници на наркотични средства, какви што има во највисоките партиски редови. Внукот на Заев, Христијан Ефтимов и неговиот другар Илија Стојанов се условно осудени на казна затвор од една година и шест месеци поради насилство врз странски државјани во Струмица. А, тоа и сами го потврдија со секојдневните изјави. Овие лица не можат да се претстават како жртви, тие се производ на талогот на СДС, кои сметајќи дека се деца на Заеви можат да прават што сакаат, кога и да сакаат без за тоа да одговараат. Кога политичари како Филипче застануваат зад вакви лица и се обидуваат да ги претстават како жртви, јавноста има право да праша, каква порака им испраќаат на младите и какви вредности сакаат да наметнат како модел на однесување? Со такви ликови не се гради држава и таква иднина на Македонија и на македонската младина не им треба. Граѓаните не сакаат политика во која блискоста со моќни политички семејства создава чувство на недопирливост, не сакаат релативизирање на насилството, не сакаат двојни стандарди и, што е најважно, не сакаат враќање на политиките од времето на СДС и Зоран Заев. Талогот на СДС не може да биде вредносна норма и нема место во новата политичка и општествена реалност. На талогот од СДС местото им е далеку од политика и граѓаните, како на неколкуте последователни избори, така и на следните, кога и да се случат, ќе ги испрати не само во уште подлабока опозиција, туку во политичка историја. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаСДСМ: Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода - ниту еден експерт, ниту еден документ, ниту еден одговорен!Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода.Повеќе од 4.700 граѓани завршиле во болница. Епидемија на жолтица. И до денес - ниту едно стручно лице од надлежна институција не излезе пред јавноста да каже каква е реалната состојба со водата. Ниту еден официјален документ. Ниту една потпишана експертска проценка. Зошто? Затоа што никој не сака да потпише документ со кој би го потврдил тоа што го бара Мицкоски, бидејќи потоа би можел кривично да одговара. Наместо стручните лица и институции, јавноста ги слуша „експертите“ на власта: • Клековски – НВО менаџер • Христијан Мицкоски - машински инженер • Панче Тошковски - правник • Стојанче Ангелов - полицаец/специјалец Машински инженер, полицаец, правник и НВО-менаџер ни ја објаснуваат хиперхлорацијата, чистењето на цевководите, епидемијата на жолтица и квалитетот на водата за пиење. Ова е лицето на оваа Влада. Експерти за сè. Кога треба да се превземе одговорност - нема експерт, нема институција, нема потпис. Кога треба да се избегне одговорност, има прес-конференции и изјави без покритие. Повеќе од еден месец луѓе се трујат. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница. А државата сè уште нема капацитет да издаде еден единствен стручен наод. Граѓаните на Гостивар не бараат политички изјави. Бараат чиста вода и одговорност. Досега го нема ниту едното, ниту другото. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook