Се заканува нова трагедија на Тибет- глечерите пред уривање со над 1.000 жртви и 500 заробени во тунелите
2Се заканува нова трагедија на Тибет- глечерите пред уривање со над 1.000 жртви и 500 заробени во тунелите
Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
1 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
СудбинаАмерикански милионер и ловец на крупен дивеч бил згмечен од крдо слонови Американскиот милионер и ловец на крупен дивеч Ерни Досио (75) почина откако беше згмечен од стадо слонови за време на ловна експедиција во Габон.Досио, сопственик на лозје од Калифорнија, починал минатиот петок додека ловел еден вид антилопа во централноафриканската дождовна шума, пишува „Гардијан“. Според извештаите, Досио и неговиот водич биле во дождовната шума Лопе-Оканда ловејќи го жолтогрбиот дујкер, антилопа која се смета за речиси загрозена бидејќи нејзината популација се намалува, кога неочекувано наишле на пет слонови со младенче. Досио бил убиен во нападот на животните, додека неговиот водич, професионален ловец, бил сериозно повреден. Операторот на сафари „Колект Африка“ ја потврдиле смртта на својот клиент. Страствен ловец и претприемач Досио, по потекло од Лоди, Калифорнија, поминал години градејќи обемна колекција ловни трофеи, која вклучувала животни како слонови и лавови. Тој се сметал за познато име во круговите на Сафари клубот во Сакраменто. Тој бил сопственик на „Пацифик АгриЛендс Инк.“, која управува со 12.000 хектари лозја во Модесто. Службениците во амбасадата на САД во Габон сега го координираат враќањето на неговите останки во Калифорнија. Пензиониран ловец кој го познавал, за британските медиуми изјави дека Досио бил ловец целиот свој живот. „Ерни лови откако можел да држи пиштол и поседува бројни трофеи од Африка и САД. Иако многумина не се согласуваат со ловот на крупен дивеч, сите ловови на Ерни биле строго лиценцирани, целосно легални и спроведени како придонес кон зачувувањето на природата преку контролирано пукање“, рече изворот, додавајќи дека слоновите биле „изненадени“ од присуството на ловци во времето на средбата. Мултимилионска индустрија Ловот на трофеи е меѓународна мултимилионска индустрија, во која клиентите убиваат десетици илјади диви животни низ целиот свет секоја година. Легалните договори за лов во Африка се популарни меѓу некои богати Американци, а тука е и познатиот случај на Доналд Трамп Џуниор, кој пред повеќе од десет години беше фотографиран со отсечена опашка на слон. Само во Јужна Африка, вредноста на индустријата е проценета на 100 милиони долари во 2005 година, 68 милиони долари во 2012 година и 120 милиони долари во 2015 година. За време на неговиот прв мандат како претседател, Доналд Трамп создаде контроверзен советодавен совет за диви животни за да помогне во промената на федералните правила за увоз на трофеи од африкански слонови, лавови и носорози. Советот беше распуштен во 2020 година откако во тужбите се тврдеше дека станува збор за нелегален, пристрасен панел составен од ловци на трофеи, а не од експерти за заштита на природата, кој работел на промовирање на економските интереси на ловот на крупен дивеч. Патем, шумите во Габон се засолниште за приближно 95.000 шумски слонови, што го сочинува мнозинството од светската популација на овој критично загрозен вид. Минатата година, во сличен инцидент во Јужна Африка, друг американски ловец беше убиен од бизон што го следел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаАлександар Николоски во „Вести плус“ Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Александар Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Живот Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витаминНедостатокот на одделни витамини и минерали може да предизвика сериозни здравствени тегоби. Меѓу важните нутриенти е витаминот Б12, чиј недостаток може да се одрази на нервниот систем, крвната слика и општата состојба на организмот. Недостатокот на витамин Б12 може да се развие постепено, а симптомите не секогаш се лесно воочливи. Во некои случаи може да се јават проблеми со помнењето, збунетост и тешкотии со концентрацијата, но и физички симптоми како трнење, пецкање во рацете и нозете. Кои се симптомите на недостаток на витамин Б12? Витаминот Б12 е вклучен во формирањето на црвените крвни зрнца и е важен за здравјето на нервниот систем. Кога на телото му недостасува, може да се појават различни симптоми: изразен замор и слабост, вкочанетост или трнење во рацете и нозете, проблеми со меморијата, тешкотии со разбирање и расудување, проблеми со видот, мускулна слабост, ранички или болки во устата. Симптомите може да варираат од личност до личност, а нивниот интензитет зависи од тоа колку долго трае недостатокот на витаминот. Витаминот Б12 природно се наоѓа главно во храна од животинско потекло, како што се месо, риба, јајца, млеко и други млечни производи. Затоа, луѓето кои не консумираат храна од животинско потекло може да имаат поголем ризик од негов недостаток ако не користат правилно збогатена храна или додатоци во исхраната. Сепак, недостатокот не е нужно поврзан само со исхраната. Проблемот може да се појави и кога телото не може правилно да го апсорбира витаминот Б12. Зошто телото не апсорбира доволно витамин Б12? Недоволната апсорпција може да биде поврзана со разни проблеми на дигестивниот систем. Гастритисот, или воспалението на желудочната слузница, може да влијае на способноста на телото да го апсорбира овој витамин. Една од можните причини е недостаток на желудочна киселина, која е потребна за правилна апсорпција на Б12. Одредени болести на дигестивниот систем, како што се Кронова болест и целијакија, исто така можат да го отежнат апсорбирањето на овој витамин. Ризикот може да постои и кај луѓе кои имале одредени операции на дигестивниот систем, вклучително и операција на гастричен бајпас. Прекумерното консумирање алкохол исто така може да го оштети дигестивниот систем и да придонесе за недостаток на витамин Б12. Важно е да се препознаат симптомите Бидејќи недостатокот на витамин Б12 може да се развие постепено, симптомите понекогаш се припишуваат на замор, стрес или стареење. Сепак, честата вкочанетост и пецкање во екстремитетите, необјаснетиот замор или промените во меморијата и когнитивните способности не треба да се игнорираат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина Брачните проблеми може да се предвидат со 96% прецизност – тврдат психолозите Ако се препознаете во овие 4 обрасци на однесување, време е за разговор.Начинот на кој партнерите разговараат за време на конфликтот, дури во 96% од случаите може многу да открие за состојбата на нивната врска. Психолозите Џон и Џули Готман издвојуваат 4 веродостојни обрасци на однесување врз основа на долгогодишното проучување на партнерските односи. Тие автоматски не значат дека бракот е осуден на пропаст, но може да бидат важен знак за тоа дека на односот треба да му се посвети внимание. Критиката на партнерот го продлабочува проблемот Начинот на кој парот ја започнува кавгата може прилично да го предвиди исходот. Првиот образец не е обичниот приговор, туку нападот врз карактерот на партнерот. Реченицата „Никогаш не правиш како што треба“, или „Толку си себичен...“ не го решаваат конкретниот проблем, туку создаваат чувство дека другата личност е постојано виновна. Многу покорисно е, кога говорите за конкретна постапка и сопствените чувства, наместо „Никогаш не мислиш на мене“, да кажете: „Ме повреди тоа што не ми се јави“. Презирот е особено опасен за бракот Сарказмот, потсмевот, вртењето со очите, навредите, обраќањето од високо, може да укажуваат на презир. Според истражувањата на Готман, токму презирот е еден од најсериозните показатели дека во односот се насобрало многу незадоволство и горчина. Одбранбениот механизам го отежнува решавањето на конфликтот Кога партнерот ќе се пожали, а другата личност веднаш почнува да се правда и да ја префрла вината, разговорот тешко може да доведе до решение. Реченицата „За сè сум јас виновен!“, или „Така направив затоа што ти...“ често служи за избегнување одговорност. Дури и признавање на дел од сопствената одговорност може да го промени текот на разговорот. Важно е да покажете дека сте ја слушнале перспективата на партнерот, дури и кога потполно не се согласувате. Повлекувањето може да изгледа како рамнодушност Последен образец е повлекувањето, односно емоционално исклучување во текот на конфликтот. Тоа може да биде игнорирање на партнерот, гледање во телефон, одговарање со еден збор или одбивање разговорот да продолжи. Сепак, повлекувањето не мора секогаш да значи дека не ви е грижа. Понекогаш тоа укажува на емоционален хаос, па паузата може да помогне. Кога двајцата ќе се смирите, може да продолжите со разговорот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00