Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
2Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
Шоу бизФото: Бастијан Швајнштајгер сепак фатен со водителка!Во медиумите се појави досега најсилниот доказ, дека прељуба е причина за крајот на бракот меѓу светските спортски легенди, екс тенисерката Ана Ивановиќ и славниот спортист Бастијан Швајнштајгер. -Ова е досега најсилниот доказ во прилог на приказната дека бремената колешка Естер Седлачек, на Швајнштајгер е главната причина за разводот на славниот Германец и Ивановиќ. Светските медиуми досега шпекулираа дека убавата водителка Естер е причината за пропаѓањето на бракот меѓу Ана Ивановиќ и Швајнштајгер. Сега се појавија и информации каде Естер и Бастијан ја минале зимава. Додека Ана се сончала на егозотични плажи, Бастијан и Естер зимата ја минале на планина во Австрија. Бастијан и Естер престојувале во ист ресторан. Швајнштајгер и Седлацек се големи љубители на снегот и планинските предели, па слободното време често го користат за да избегаат на чист воздух. Овој пат изборот падна на ски-центар во Австрија, каде што двајцата престојуваа кон средината на февруари. Бастијан уживал во скијање, додека новинарката времето го минувала во долги прошетки. Бастијан и популарната ТВ водителка веќе подолго време се неразделни. Естер и популарниот Швејни дадоа повод за различни коментари бидејќи во програмата во живо имаа неколку „контроверзни“ изјави. Сите веќе добро знаат за поканата на Бастијан до атрактивната водителка да го поминат викендот заедно. Приватниот живот на Естер Седлачек инаку е вистинска мистерија. Се знае дека е мажена, но не со кого. Таа имаше ќерка во мај 2019 година, а син две години подоцна. Сега по трет пат е во „друга состојба“. Ова е малку чудно бидејќи Естер некогаш беше во врска со Кевин Трап, познат германски голман. Тогаш немаше толку многу криење.Тагови: Ана Ивановиќ развод Бастијан Швајнштајгер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПочина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата. Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга. Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот. „Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот. Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.Состојки за денешниот рецепт: 4 јајца 1 главица кромид 1 домат 150 гр. свежи печурки 1 зелена лута пиперка 100 гр. кашкавал малки мајонез масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТеодора Евтимовска-Бојковска е предложена во Собранието за нова судијка во Уставниот судТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот. Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година. Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook