Фото: Анастасија во бикини со порака до фановите „останете дома“

Убавата ќерка на големата балскана музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, Анастасија објави „жешка“ фотка во бикини на социјалните мрежи со порака „останете дома“.

Анастасија која е веќе успешна пејачка се присетила на летниот одмор и на Инстаграм објавила фотографија во бикини со која уште еднаш покажа зошто е омилена кај посилниот пол.

-Редовно се присетувам на летото и плажите додека лежам замотана во ќебе дома во кревет... Сега не се излегува никаде. Остани дома за ова чудо што побрзо да помине, бидејќи се зависи од нас, напишала популарната Таса под фотката.

Младата пејачка инаку редовно на социјалните мрежи ги воодушевува фановите со свои сексапилни фотографии од егзотични дестинации.

притисни ентер