Форум во Делфи: Ентузијазмот на Западен Балкан за влез во ЕУ опаѓа поради долгите преговори - Канал 5

Форум во Делфи: Ентузијазмот на Западен Балкан за влез во ЕУ опаѓа поради долгите преговори

Пред 20 години, на состанокот во Солун, ЕУ го објави приемот на земјите од Југоисточна Европа, но тие сè уште стојат во чекалната каде што го губат ентузијазмот за членство, изјавија неколку официјални претставници на економскиот форум во Делфи.

Форум во Делфи: Ентузијазмот на Западен Балкан за влез во ЕУ опаѓа поради долгите преговори

Во Грција, под чие претседателство Европската Унија во 2003 година објави декларација во која се вели дека „иднината на Балканот е во ЕУ“, се одржа форум со панелот „Последици од застојот на проширувањето на ЕУ“.

Црна Гора, Србија, БиХ, Македонија и Албанија се кандидати за влез, но никој не се осмелува да предвиди кога некоја од нив би можела да влезе во ЕУ.

„ЕУ мора да ги охрабри земјите од Западен Балкан да се приклучат бидејќи веќе поминаа многу години без никој да се приклучи“, рече Зоран Миљаниќ, министер во техничката влада на Црна Гора.

Неговата земја, која имаше најмногу проблеми во затворањето на поглавјата поврзани со корупцијата и владеењето на правото, најдалеку напредуваше во преговорите.

„Би било оптимално Црна Гора да стане членка во следните четири години“, истакна тој.

Во соседна Србија, бројот на жители кои поддржуваат влез во ЕУ падна од 70 на 35 отсто, што е најниско ниво во историјата.

Драгана Радоњиќ Петровиќ, потпретседател на Здружението на српските економисти, смета дека тоа е така затоа што преговорите се исклучително тешки, а кога земјата навистина напредува, се поставуваат нови пречки пред неа.

„Ја ловиме ЕУ, но таа ни бега секој пат бидејќи е побрза“, изјави Радоњиќ Петровиќ. „Ни рекоа дека ќе влеземе, но тоа е долг, многу долг пат. Оваа конференциска сала е претесна за да ги собере сите документи потребни за членство“, додаде таа.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу на отворањето на форумот рече дека нејзината земја има водечка улога во поддршката на тие земји на нивниот пат кон ЕУ. И Шпанија, која на 1 јули ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, рече дека ќе ги поддржи. Тоа лично им го кажал шпанскиот министер за надворешни работи на нивните функционери кога ги посетил пред две недели.

„Знам дека луѓето во Србија, Албанија и Црна Гора се веќе уморни, дека им е доста од ова слушање“, рече Кетрин Ештон, поранешен шеф на дипломатијата на ЕУ и потпретседател на Европската комисија од 2010 до 2014 година. „Но, тие треба да продолжат со напорите за влез во ЕУ, за да не се откажат од своите задачи“, додаде таа.

За време на нејзиниот мандат во 2013 година, последната земја, Хрватска, беше примена во ЕУ, а оттогаш нејзината татковина, Обединетото Кралство, зачекори напред. Во последните десет години единствен напредок е забележан во 2022 година со отворањето на преговорите со Албанија и Македонија и доделувањето кандидатски статус на БиХ.

„Се надевам дека ЕУ навистина ќе го исполни своето ветување и дека сите ќе влеземе во ЕУ, сега кога сме на вистинскиот пат“, рече Бесарт Кадија, заменик-министер за надворешни работи на Албанија.

Во Македонија има најголема огорченост затоа што таа земја е 18 години во чекалната. За да ги започне преговорите, во 2018 година таа мораше да додаде „Северна“ на своето име бидејќи Грција инсистираше на тоа. Во 2020 година ЕУ донесе одлука за почеток на преговорите, но потоа беа блокирани од Франција, каде граѓаните не се склони кон проширување.

„Пред локалните избори во Франција, претседателот Емануел Макрон ни стави вето со образложение дека пристапниот процес со Србија и Црна Гора не функционира, дека не се гледа напредок и дека е потребна промена на методологијата за целиот Западен Балкан со цел преговорите да се движат побрзо“, вели извор од македонската дипломатија за Хина, кој бара анонимност.

„Неволно се согласивме на тоа и почнавме да работиме на нова методологија, но потоа Бугарија почна да бара од нас да кажеме дека нашиот јазик не постои, дека сме измислен народ, да ги менуваме учебниците по историја“, додава изворот.

Радоњиќ Петровиќ е убеден дека Србија ќе има слични проблеми, меѓу кои е и ситуацијата со Косово. Затоа предлага поинаков пристап кон процесот.

„Треба да го знаеме датумот на влез и што треба да направиме дотогаш. Во спротивно, другите земји можат да нѐ блокираат, како што беше случајот со Македонија“, рече таа.

Од почетокот на преговорите во 2014 година, Србија отвори 22 поглавја од вкупно 35, но затвори само две.

Колку години ќе бидат потребни за да се затворат сите?“, праша Радоњиќ Петровиќ.

Анџелина Ајхорст, директорка на Европската служба за надворешни работи, тело контролирано од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, вели дека Брисел нема намера да менува ништо.

„Тоа ќе продолжи да биде напорен и долгорочен процес на преговори, нема да ги менуваме правилата за влез“, истакна таа. Тврди дека „процесот на проширување не е запрен“, бидејќи десет земји чекаат на ред, меѓу кои Украина, Молдавија и Турција.

Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и Западен Балкан, вели дека процесот на проширување е „исклучително бавен“ и дека луѓето таму се сомневаат во значењето и намерите на ЕУ.

Потребна е нова енергија во регионот, но ја нема.

Економскиот форум Делфи беше лансиран во 2015 година како верзија на Југоисточна Европа на Светскиот економски форум во Давос. Од среда до сабота, 990 учесници од 71 земја се собраа да разговараат за геополитиката, економијата, финансиите, енергијата, општеството и заштитата на животната средина, објави организаторот.

Меѓу говорниците беа грчкиот премиер Киријакос Мицкотакис, лидерот на опозицијата Алексис Ципрас, албанскиот премиер Еди Рама, хрватскиот министер за економија Давор Филиповиќ, генералниот секретар на ОЕЦД Матијас Корман, австрискиот канцелар Карл Нехамер, косовскиот премиер Албин Курти, историчарот Тимоти Еш и економистот Нуриел Рубини..

Форумот се одржува веднаш до античките урнатини на храмот на Аполон, каде што пророчицата Питија некогаш ја претскажувала иднината на грчките владетели. Форумот е основан од грчкиот претприемач Симеон Цомокос од Атина, пишува агенцијата Хина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

Има 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж.

На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж.

Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво.

Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера.

Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок.

Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер