Форд повлекува два милиони возила - Канал 5

Форд повлекува два милиони возила

Производителот на автомобили Форд соопшти дека повлекува речиси два милиони теренци „Експлорер“, произведени помеѓу 2011 и 2019 година, поради загриженост дека спојката што ја држи облогата на шофершајбната може да падне при возење.

Форд повлекува два милиони возила

Ова е едно од најголемите повлекувања на возила во САД од почетокот на годината, објави Форбс.

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) покажа документи доставени до нив дека делот, која се наоѓа на 1.889.110 возила, може да се олабави и да предизвика одвојување на облогата на шофершајбната, со што се зголемува опасноста на патот и ризикот од несреќа.

Заклучно со 12 јануари, Форд имал информации за 568 онлајн поплаки и повеќе од 14.000 барања за гаранција поврзани со овој проблем, покажуваат документите на „NHTSA“.

Хронологијата на отповикувањето објаснета во документите покажува дека „NHTSA“ и Форд го анализираат проблемот од 2018 година, но Форд претходно заклучи дека „нема неразумен ризик за безбедноста“ поради малата количина на спорните делови.

Минатата година, „NHTSA“ започна прелиминарна истрага и сугерираше дека тоа е делумна опасност, што го натера Форд да ја преиспита ситуацијата и да иницира отповикување.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 28 возачи поради „безобѕирно управување возило“. 

Лишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозвола

Од нив, 25 лица управувале возило без возачка дозвола (осум лица во Скопје, четири во Битола, по две лица во Велес, Свети Николе, Тетово и Кичево и по едно лице во Делчево, Кочани, Кавадарци, Неготино и Куманово). Иако имале активна забрана за управување патничко возило, затекнати се како управуваат возило по едно лице во Чашка и тетовско, додека со брзина поголема од дозволената управувало едно лице во гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

За настанот е известен јавен обвинител.

Лишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековите

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го штити интересот на граѓаните, се проширува позитивната листа на лекови, се обезбедува поголем избор и пониски цени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековите

СДС продолжува со лаги и манипулации на граѓаните.

Чии интереси штити СДС? Тврдењата дека „се излажани пациентите" се неточни и намерно ја игнорираат целата слика.

Точно е дека референтната цена на „Фостер" беше намалена откако генеричкиот лек влезе на позитивната листа, токму со цел да се создаде конкуренција и пациентите да добијат алтернатива, наместо да зависат од еден единствен производител. Алтернативата е достапна во земјата.

Ова е стандардна пракса и препорака на СЗО за внесување на генерики кои ќе донесат заштеда, средства кои остануваат за здравствениот систем, а не за странски фармацевтски компании.

Обвинувањата за „хаос и негрижа" не објаснуваат зошто СДС молчеше кога хронично болните пациенти со онколошки заболувања, останаа без биолошка терапија под нивна власт или кога умираа пациенто со цистична фиброза!

Наместо да се бараат политички поени врз грбот на пациентите, властите преземаат конкретни чекори, проширување на позитивна листа и намалување на цените. И да, заштедените средства повторно ќе бидат употребени за нови лекови за истите пациенти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап.

СДС молчеше додека Филипче профитираше за време на корона кризата, а пациентите останаа без лекови.

За разлика од изминатите 7 години, кога здравството беше во колапс и ликови како Филипче го руинираа и ограбуваа здравството за лични и партиски интереси, сега работиме на враќање на довербата кај граѓаните и здравство кое ќе биде исклучиво за пациентите.

СДС да не собира политички поени врз здравјето на граѓаните. Тоа е СДС. Расипничкото владеење на СДС и ДУИ го испразни буџетот за својот луксуз и тендери, а цената ја плаќаа граѓаните.

Здравството е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат плати, се реновираат оддели и се купува нова медицинска опрема.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер