Форбс објави листа од 50 доктори и научници, кои станале милијардери поради пандемијата

По една година откако е регистриран првиот случај на ковид-19 во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, пандемијата сè уште кружи низ целиот свет, но почетокот на нејзиниот крај полека почнува да се гледа.

Надежта за закрепнување ќе биде програмата за вакцинирање против ковид-19 што веќе започна во Соединетите држави и Велика Британија и ветувачкиот третман со антитела кои би можеле да го потиснат почетокот на потешките симптоми на болеста.

Овие медицински откритија исто така овозможија појава на мноштво нови милијардери кои се збогатија откако инвеститорите побрзаа да вложат пари во развој на вакцини, методи на лекување и развој на медицински помагала.

Така, списанието Форбс најде 50 нови милијардери во здравствениот сектор оваа година. Најзначајните новодојденци се научниците кои стојат зад двете најуспешни вакцини против коронавирус - едната развиена од Pfizer и BioNTech и другата откриена од Moderna.

Угур Сахин, извршен директор на BioNTech, кој ја основал компанијата со неговата сопруга Озлем Туречи, сега вреди 4,2 милијарди долари. Стефан Бансел, директор на Модерна, има 4,1 милијарди долари. Вртоглавиот подем на Модерна создаде уште двајца милијардери од нејзините први инвеститори, имунологот од Харвард, Тимоти Спрингер и научникот од МИТ, Роберт Лангер.

Но, заработувачката не е само на вакцините. Компаниите кои биле вклучени во развојот на лекови кои помагаат да се намалат симптомите на ковид-19, исто така профитирале од пазарот. Карл Хансен, извршен директор на канадската компанија за биотехнологија AbCellera, сега вреди 2,9 милијарди долари откако неговата компанија излезе во јавност на 11 декември со третман со антитела развиен заедно со фармацевтскиот гигант Ели Лили, за што доби одобрение од американската Администрација за храна и лекови. Компаниите кои работеле зад сцената, односно им помагале на поголемите компании да тестираат нови лекови, исто така се збогатија. Значи, Август Троендл, основач и извршен директор на фирмата за истражување на договори со седиште во Синсинати, Медспејс, сега вреди 1,3 милијарди долари.

Новите милијардери доаѓаат од 11 различни земји, но повеќето живеат во Кина, раниот епицентар на ковид-19. Меѓу нив, најистакнат е Ху Кун, претседател на производителот на медицински помагала Контек Медикал Системс. Заработката на Контек се зголемила за скоро 150% поради силната продажба во странство на производите како што се пулсни оксиметри или уреди кои ја анализираат состојбата на белите дробови.

Наредната недела се планирани состаноци во сдсм и ИО за свикување отчетен конгрес

Извори од СДСМ за Канал 5  брифираат дека во тек се подготовки за процесите што ќе се случуваат во партијата, согласно статутарните постапки и она што беше јавно соопштено досега, по изборите.

Наредната недела се планирани состаноци на раководството на СДСМ и Извршниот одбор за отпочнување на постапката за свикување отчетен Конгрес, согласно Статутот на партијата. На отчениот Конгрес ќе се рагледаат причините за изборниот резултат, спроведените анализи и поднесените извештаи за работењето на партијата. Согласно Статутот, се очекува на отчениот Конгрес да бидат дефинирани рокови и начин на спроведување на внатрепартиски избори. Процесот на обнова ќе биде на сите нивоа, ќе се избира претседател, заменик претседател, раководство, сите органи и тела на партијата на централно и локално ниво, согласно Статутот на СДСМ.

„Гответе со Дракче“ - Макарони во болоњезе сос

Во вторник  (14.05.2024) во емисијата гостин ни беше Оле Поцкова

Состојки за денешниот рецепт:

400-500 гр.макарони

1 пакетче болоњезе сос

300 гр. свинско мелено месо

1 врзопче босилек

зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д, договориле Азески и раководството на „Бехтел и Енка“.

Стопанската комора на Македонија стои на располагање во изнаоѓање, односно вмрежување на локалните домашни компании кои треба максимално да бидат вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д, било договорено на вчерашниот состанок на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите соработници со раководството на компанијата „Бехтел и Енка“.

Двете страни, како што соопшти Стопанската комора на Македонија, се договориле и понатаму да ги продолжат контактите со засилено темпо со што би се олеснила реализацијата на овој проект.

На состанокот, Азески и раководството на „Бехтел и Енка“ разговарале за динамиката за остварување на планираните активности. Притоа од страна на Азески било потенцирано дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко.

Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“, како што е наведено во соопштението, било подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности.

Раководството на „Бехтел и Енка“ побарало поддршка од Стопанската комора на Македонија во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4 000 работници (квалификуван кадар-инженери и сл. како и неквалификуван кадар-општи работници).

-Стопанската комора на Македонија ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години, се посочува во соопштението.

Договорот со „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа - Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.

„Бехтел-Енка" во регионот има реализирано проекти за изградба на автопатишта во Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Турција и Романија. Заедно, „Бехтел-Енка" имаат изградено повеќе од 28.000 километри автопати и патишта, 100 тунели и 26 големи мостови.

притисни ентер