Фон дер Лајен и Кошта му го честитаа на Дан изборот за претседател на Романија - Канал 5

Фон дер Лајен и Кошта му го честитаа на Дан изборот за претседател на Романија

- Од градското Собрание до место во Европскиот совет. Искрени честитки до Никушор Дан за победата на романските претседателски избори, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс. 

Фон дер Лајен и Кошта му го честитаа на Дан изборот за претседател на Романија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта упатија „искрени“ и „најтопли“ честитки за победата на градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан на вчерашниот втор круг од изборите за претседател на Романија.

- Од градското Собрание до место во Европскиот совет. Искрени честитки до Никушор Дан за победата на романските претседателски избори, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Според неа, изборот на Дан за претседател на Романија е силен сигнал за приврзаноста на Романците кон европскиот проект.

- Се радувам на соработката со вас за подобра Европа и подобра Романија. Искрени честитки, додаде Фон дер Лајен во објавата.

Упатувајќи му најтопли честитки на Дан за победата, Кошта, исто така во објава на Икс, посочи дека романскиот народ масовно излезе на гласачките места, избирајќи го ветувањето за отворена и просперитетна Романија во силна Европа.

- Заедно да го исполниме тоа ветување. Се радувам на соработката со вас, додаде Кошта во честитката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Родри – светски шампион на лет на „ниско буџетна авио компанијата

Капитенот на светскиот фудбалски шампион Шпанија, Родри дефинитовно  не е опседнат со луксуз како многу од фудбалерите, тоа го покажа при враќањето од  Шпанија во Манчестер.

Видео: Родри – светски шампион на лет  на „ниско буџетна авио компанијата

Скромниот светски шампион со Шпанија и ѕвезда на Манчестер Сити е снимен како чека во ред за пријавување на летот на аеродромот во Мадрид, од каде што патувал за Ливерпул.

Тој не изнајмил приватен авион ниту си обезбедил некаков вид ВИП-транспорт – како што тоа го прават многу фудбалери од негов ранг – туку, како и секој обичен смртник, застана во редот пред шалтерот, онаму каде што одат сите патници пред полетувањето.

На истиот лет со Родри била и новинарката на Би-би-си, Емили Бробин, која сподели снимки и фотографии од шпанскиот фудбалер на аеродромот.

Ова не е неочекувано од Родри, кого славата и парите не го промениле . Оние што го познаваат велат дека Родри е сè уште истиот оној Родри што бил и пред големиот подем во кариерата.

Се разбира, глетката на фудбалер кој може да си дозволи сопствен авион, а сепак стои во ред со обичните луѓе, ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

Покрај тоа што со недели е во центарот на вниманието поради успехот со Шпанија, Родри веќе неколку дена е тема на европските спортски портали поради можниот трансфер во Барселона.

Според последните информации, играчот постигнал договор со Каталонците, но трансферот моментално е „закочен“ од Сити, кој бара повеќе пари за „слободата“ на својот фудбалер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАТО собори дрон над Летонија, воздушна тревога во региони покрај Русија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало што рано утрово навлезе во воздушниот простор на Летонија.

НАТО собори дрон над Летонија, воздушна тревога во региони покрај Русија

Инцидентот се случил во регионот балви, на североистокот на земјата, а вооружените сили по интервенцијата соопштија дека воздушната закана е завршена.

Пред соборувањето бил прогласен портокалов степен на воздушна тревога во неколку области во источна Летонија. Жителите добиле предупредување преку мобилните телефони, а околу еден час подоцна тревогата била укината.

Армијата засега не го објави потеклото ниту типот на дронот. Познато е дека леталото било соборено на релативно голема височина, поради што остатоците може да бидат расфрлани на поширок простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, а кога нема резултати се заканува со апсења исто како Мицкоски

Таман помисливме дека со одењето на Мицкоски на екскурзија, не на одмор, ќе се одмориме, едноставно од лагите од страна на Владата, кога еве се појави неговиот заменик, кој што лаже колку него, а веројатно и уште повеќе. 

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, а кога нема резултати се заканува со апсења исто како Мицкоски

Го слушаме Муцунски како ја објавува новата фаза во ВМРО, а новата фаза е откако редовно не демантираат нас, сега почнаа самите себе да се демантираат. Интересно.

Да погледнеме какви изјави на Муцунски објавија медиумите пред 10 дена на 3 август.

„Има разговори под радарот за деблокада на ЕУ интеграциите“,

„Се водат разговори под радарот за деблокирање на европскиот пат“

„Се водат разговори под радарот за деблокирање на Македонија“.

Три наслови. Различни медиуми. Ист лик, ист лажго - Тимчо Муцунски. После 10 дена му текна да се демантира самиот себе и да каже дека СДСМ лажат. Не он.

И затоа денес кога ја држиме оваа прес-конференција за јавноста да се увери кој всушност ја откри новата стратегија и новиот проект на Влавата на Мицкоски. Значи не се работи за никакво премолчување, не се работи, се разбира што се однесува до Муцунски за некаков демант, едноставно е фатен во лага.

Тоа е позната шема која што веќе ја видовме, но интересно е што сега Муцуцки се јавува во оваа улога. Откако ја среди состојбата во општина Аеродром, откако ја среди нашата дипломатија, ја среди состојбата во МНР, сега му дале задача да се занимава со домашната политика. И сега ќе се заканува на опозицијата, на граѓаните, дека шират паника.

Ова нас во СДСМ ни е многу добро познато. Ние веќе ги видовме сите урнеци, сите типови на декрети по урнекот на Хитлер против слободата на говорот. И кога ние ја информиравме јавноста за труењето во Гостивар и дека на 50 места едноставно нема податоци дали водата за пиење и дали воопшто може да се користи макар како техничка, сега гледаме дека доцнат и со западно-нилската треска, повторно се закануваат, повторно истата шема.

Да се потсетиме дека Мицкоски од собраниската говорница нарачуваше процеси против опозицијата и така натаму. Ги навредуваат и понатаму граѓаните со „талог“, ја навредуваат и понатаму опозицијата, продолжуваат со истата реторика која што секако нема да им помине.

Сакам да им порачам - немаат аргументи, немаат резултати, немаат одговор на ниту едно прашање. Има само афери и има само лаги.

На крај, сакам многу отворено да ги прашам, дали мислат или дали некој во ВМРО смета дека нас во СДСМ ќе не заплашат со вакви закани? Дали сметат дека народот ќе го заплашат?

Зарем не гледат дека македонскиот народ не можат да го замолчат. Зарем не гледаат дека народот се буди. Народот ги прочита. Народот веќе не им верува. Сакам да им порачам дека ќе одговарат за сите лаги и за сите афери.

Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер