Фолксваген ќе ги повика на вонреден сервис сопствениците на 56.000 примероци на моделот Голф 8, а станува збор за автомобили кои произведени до јули 2020 година.
Како што се наведува, станува збор за софтверски проблем кој влијае на работата на мултимедијалниот систем.
Германскиот произведувач соопшти дека сервисот не е задолжителен, но со оглед на тоа дека во рамки на мултимедијалниот уред се сместени многу команди од витално значење за функционирањето на возилото, се очекува дека повеќето од сопствениците ќе дојдат на сервис, за да не ризикуваат.
Инаку Фолксваген имаше и софтверски проблеми и со електричните модели „ID.3“, кои во меѓувреме се отстранети.
Веста за повлекувањето доаѓа по објавата дека Голф во 2020 ја задржал титулата на најпродаван автомобил во Европа, со преку 312.000 испорачани примероци.