Чудо во Индонезија: Бабичка извлечена жива од урнатините, три дена по катастрофалниот земјотрес (ВИДЕО)
2Чудо во Индонезија: Бабичка извлечена жива од урнатините, три дена по катастрофалниот земјотрес (ВИДЕО)
АвтомобилизамФолксваген под истрага за првоаприлската шегаСега ќе се утврдува што всуштон била вистината и како сето тоа влијаело на вредноста на акциите на компанијата.Идејата на Фолксваген за преименување на брендот во САД наводно било шега, а судејќи по реакциите, не премногу успешна. Фолксваген поради својата шега со промена на името во Волтсваген се најде под истрага на амеириканскта Комисија за хартии од вредност, со сомнеж дека шегата можела да влијае на цената на акциите, пишива германски Шпигл. Деталите не се познати, но компанијата потврди дека американската агенција навистина побарала одредени информации од американската подрижница на Фолксваген. Шегата започна неколку дена пред 1 април, кога германската компанија во САД „случајно“ објави соопштение во кое се вели дека ќе го промени името. Еден ден подоцна, Фолскваген го промени логото на социјалните мрежи, а потоа и искочи со ново соопштение на тема промена на името во кое се влеи дека сето тоа било шега. „Промената на името“ предизвикала раст на вредноста на акциите за 12,5%. Сега ќе се утврдува што всуштон била вистината и како сето тоа влијаело на вредноста на акциите на компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДронот што НАТО го собори над Латвија бил украински Вооружените сили на Латвија објавија дека дронот соборен во воздушниот простор на балтичката земја на 14 август е од украинско потекло, што е најновиот во низата инциденти како што се прелева војната на Русија против Украина во соседните земји.Италијански борбен авион стациониран во Балтикот собори дрон откако влезе во воздушниот простор на Латвија, членка на Европската Унија и НАТО, за време на украинските напади врз руските пристаништа, објави НАТО. Дронот влегол од Белорусија Дронови на украинската армија што таргетираат цели во Русија неколку пати оваа година залутаа во воздушниот простор на балтичкиот регион и го вклучија алармот. Латвиските вооружени сили објавија дека дронот влегол во Латвија од Белорусија, најверојатно поради руско електронско блокирање. Тие одбија да дадат дополнителни детали за дронот.Тагови: НАТО Латвија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЧудо во Индонезија: Бабичка извлечена жива од урнатините, три дена по катастрофалниот земјотрес (ВИДЕО)84-годишна баба е пронајдена жива три дена по силниот земјотрес што ја погоди источна Индонезија, во спасувачка операција што локалните власти ја опишаа како чудо.Земјотресот со јачина од 7,7 степени уби најмалку 73 лица, повреди повеќе од 900 и остави речиси 60.000 бездомници. 84-годишната Паулина Поби беше пронајдена жива во вторник, три дена откако земјотресот го погоди подрачјето во сабота наутро, во близина на островот Флорес. Свлечиште предизвикано од земјотресот го блокираше пристапот до селото Нитунглеа, каде што живееше постарата жена, заробувајќи ја под урнатините на нејзината куќа од бамбус. Шефот на полицијата во округот Сика, Бабанг Супено, им изјави на локалните медиуми дека 84-годишната жена е безбедно извлечена од урнатините и однесена во најблискиот здравствен центар на лекување. „Таа не можеше да се движи ниту да зборува“ Според локалниот службеник Рудолфус Риба, жената не можеше да се движи ниту да повика помош бидејќи беше парализирана. „Бидејќи беше парализирана, не можеше да се движи ниту да зборува, па нејзиното семејство конечно ја пронајде четвртиот ден“, изјави тој за француската новинска агенција АФП. Нејзината состојба беше опишана како добра, бидејќи немаше повреди. Спасувачите рекоа дека била само исцрпена, не јадела ниту пиела вода неколку дена. „Се чини нереално, речиси како чудо“, рече Риба. MUKJIZAT! 4 HARI TERTIMBUN RERUMPUAN RUMAH, NENEK LUMPUH DI NTT BERHASIL DIEVAKUASI SELAMAT 🙏😭 Kisah haru dan keajaiban nyata datang dari lokasi terdampak gempa NTT. Nenek Paulina Pobi, lansia sebatang kara berusia 84 tahun warga Desa Nitunglea, Pulau Palue, Kabupaten Sikka,… pic.twitter.com/qC3ZlCVViX — Sumatera Adil & Federal (@indepenSumatera) August 19, 2026 Индонезија е во целосен хаос по земјотресот. Иако некои продавници, бензински пумпи и други објекти на островот се повторно отворени, патиштата сè уште се покриени со урнатини додека спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат урнатините за можни жртви. Индонезиската агенција за управување со катастрофи соопшти дека 398 тони помош, вклучувајќи храна, шатори, засолништа за раселени лица и донации од граѓани, се доставени до погодените области. Сепак, дистрибуцијата на помош е попречена од планинскиот терен на Флорес и штетите на патиштата предизвикани од земјотресот. Владата ја зголеми употребата на воени авиони, бродови и персонал за поддршка на операциите во оддалечените области. Според портпаролот на агенцијата за управување со катастрофи, Бартон Панџаитан, операцијата останува тешка поради географските карактеристики на областа. Во меѓувреме, геолошката агенција на Индонезија регистрираше повеќе од 3.000 последователни потреси од саботата, од кои најмалку 86 беа доволно силни за да ги почувствуваат жителите. Постојаните потреси предизвикаа страв кај многу жители, кои избегнуваат да се вратат во своите оштетени домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваХајди Клум позира гола- фановите поделени: Не требаше ова да го објавиш (ФОТО)Хајди Клум повторно предизвика бројни реакции на Инстаграм. Германската манекенка објави фотографија од летниот одмор на која позира топлес, покриена само со пешкир и во чипкана долна облека, а нејзината објава брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници. Клум кратко напиша „Утро“ покрај фотографијата, додавајќи неколку емотикони од сонцето, палмите и морето. Во видеото, таа позира на отворено со пешкир префрлен преку рамената, а очите ѝ се насочени кон камерата. Се фокусираше на опуштената атмосфера и нејзината фигура, која често ја покажува на социјалните мрежи. За некои, ова е премногу Објавата веднаш предизвика лавина од коментари. Многумина ѝ рекоа дека изгледа одлично и ја пофалија нејзината самодоверба. „Мојата инспирација. Затоа што е убава, секако, но пред сè е духовита и паметна. Најдобра“, напиша еден следбеник, додека други оставија коментари како „Кралица“, „Божица“, „Прекрасна Хајди“ и „Изгледаш одлично“. Сепак, не беа сите воодушевени од нејзиното објавување. Некои од следбениците сметаа дека фотографијата е премногу провокативна, а некои особено се фокусираа на деталите на долната облека. „Дали е тоа крв?“, „Зошто гледам крв?“, „Дали имаш менга?“, прашаа некои во коментарите, додека други го критикуваа нејзиниот избор на фотографија. „Не ми се допаѓа, искрено... Не знам каква е потребата“, напиша еден корисник. „Лош вкус за толку убава и елегантна дама“, додаде друг следбеник. „Премногу покажуваш, девојче“, „Изгледаш одлично, но јас не би го објавил ова“, „Инстаграм треба да го блокира ова“, се некои од коментарите. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Имаше и такви кои ја бранеа Хајди и ги критикуваа негативните коментари. „Искрено ми е жал што гледам колку несигурни луѓе има во коментарите“, напиша еден корисник.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook