Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
2Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
2Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
АвтомобилизамФолксваген најави електричен автомобил за само 20.000 евраVolkswagen подготви вистинска револуција на европскиот пазар, најавувајќи два нови модели на електрични возила кои ќе бидат достапни за пошироката популација .Volkswagen подготви вистинска револуција на европскиот пазар, најавувајќи два нови модели на електрични возила кои ќе бидат достапни за пошироката популација - ID.2 по цена од помалку од 25.000 евра и уште подостапен модел, наречен ID. .1 кој ќе чини под 20.000 евра. Мартин Сандер, шеф на продажбата на германскиот автомобилски гигант, неодамна во интервју за Automotive News изнесе интересни тврдења за сигурноста на електричните возила. „Електричните возила се многу посигурни од автомобилите со мотори со внатрешно согорување“, истакна Сандер, додавајќи дека најдобриот начин луѓето сами да се уверат е да ги тестираат возилата. Меѓутоа, реалноста на пазарот покажува поинаква слика. Неодамнешното истражување на Consumer Reports на околу 300.000 сопственици на автомобили покажа дека електричните возила имаат 42 отсто повеќе проблеми од конвенционалните автомобили. Сепак, ова претставува значителен напредок во однос на претходната година, кога разликата беше дури 79 проценти. И покрај предизвиците, Volkswagen бележи импресивни резултати на европскиот пазар. ID.7, најновиот електричен модел на компанијата, веќе има повеќе нарачки од традиционалниот Passat. Посебно се издвојува изданието ID.3 GTX, кое, според Сандер, ја надминува конкуренцијата во неколку клучни аспекти - има подолг опсег од Tesla Model Y, подобри перформанси од Golf GTI и побрзо полнење од BMW i4 . Компанијата очекува дека оваа година дури четвртина од нејзините испораки во Европската унија ќе бидат возила со нулта емисија. Фолксваген веќе ја држи водечката позиција во продажбата на електрични возила во Германија, а минатиот октомври беше најпродаваниот производител на електрични автомобили во Норвешка. За сопствениците кои сè уште се двоумат дали да се префрлат на електрични возила, Сандер предлага еднодневен тест кој, како што вели, треба да ја покаже леснотијата на полнење и неговата брзина. Со новите, попристапни модели кои доаѓаат на пазарот, Volkswagen јасно ја покажува својата посветеност на електрификација и демократизација на електричната мобилност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски се сретна со повредените од „Пулс“Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКристијано Роналдо казнет со 255 евра!Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра. Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика. Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си ЏинпингАмериканскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот лидер дека не сака да ја заврши војната. Тој истакна дека Украина, во просек, губи од 25.000 до 35.000 војници секој месец.Москва не гледа можност за завршување на војната без учество на „некој претставник од Киев“ кој е подготвен да „преземе одговорност“, соопштија од Кремљ. Украинскиот преговарачки тим добил сигнал од американската страна за подготвеност за одржување средба, а разговорите би можеле да се одржат во вторник или среда, изјави претседателот Володимир Зеленски. Во меѓувреме, американскиот претседател повторно го обвини Зеленски дека не сака да ја заврши војната и дека не прави многу за да помогне. Тој сугерираше дека можеби е време некој друг да преговара во име на Украина. „Овој конфликт можеше да биде решен уште одамна. Да ме беше послушал – се сеќавате ли како беше во Овалната соба? Ова можеше да се реши уште пред многу време. Време е некој друг да преговара во име на Украина. Можеби е време Украина да номинира некој друг, а не Зеленски, за мировните преговори“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа. Според Трамп, Русија се однесувала соодветно кон Украина: „Искрено кажано, Русија се однесуваше сосема нормално кон Украина. Не направија ништо што би било надвор од вообичаеното“. Тој најави дека е отворен за разгледување на можноста за трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. „Би разговарале за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака да се одржи средбата, јас би учествувал“, рече Трамп. Папата Лав XIV го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со цел да се овозможи достава на хуманитарна помош и евакуација на цивили од Олешки.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter