Фокусот на Владата е кон намалување на нееднаквоста, бројките охрабруваат

Во Македонија трендовите покажуваат постепена стагнација, односно намалување на степенот на нееднаквоста, вели гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

-Нееднаквоста не е прашање во надлежност на Централната банка, но ние секако ги следиме и анализираме бројките и охрабруваат бројките што упатуваат на постепена стагнација, односно намалување на нееднаквоста во нашиот случај. Инаку во глобални рамки тоа е многу актуелно прашање кое се дискутира особено во последната деценија во светски рамки каде се забележува натамошен тренд на раст на нееднаквоста во општествата. Особено тоа е случај во американската економија и оттаму голем фокус на ова прашање не само за дијгностицирање, туку и на мерките и политиките кон кои треба да се насочат носителите на политиките со цел справување со овој глобален предизвик, рече Ангеловска-Бежоска во изјава за новинарите по повод претстојниот состанок на Конституенцата на СБ и ММФ што викендов ќе се одржи во Скопје.

За министерот за финансии Драган Тевдовски темата на Конституенцата се совпаѓа со главниот фокус на Владата, затоа што мерките што ги преземаат се во насока на намалување на нееднаквоста, како што е праведното оданочување со цел обезбедување дополнителни средства за социјална реформа.

-Ние како земја сме први во регионот што воведоа минимален адекватен приход, со тоа многукратно ги зголемивме социјалните трансфери кон најранливите категории граѓани. Анализата на НВО покажа дека овие две мерки-праведното оданочување и реформата на социјалната заштота практично ќе ја намали дури и ќе ја отстрани апсолутната сиромаштија во земјата, рече Тевдовски потсетувајќи една од првите владини мерки беше зголемување на минималната плата на почетокот на мандатот.

Додаде дека се бележат резултати и во делот на платите кои растат, вели со многу посилна динамика.

-Праведното оданочување наспроти многу кои даваа апокалиптични сценарија дека луѓе ќе се иселуваат и фрими ќе се отвараат во странство, тоа не се случи. Напротив бројките од Државниот завод за статистика, но и други релевантни инстиуции покажуваат дека платите растат со посилно темпо од претходно. Во ИТ секторот платите се зголемуваат за 5,5 проценти, вработеноста се зголемува и на општо ниво и кај младите, и се укажува дека одиме во правилна насока кон поправедно општество, посочи Тевдовски укажувајќи и на забележаниот посилен раст на индустриското производство, на извозот, на вработеноста како темели на поправедно општество.

На крајот од неделава најави ќе биде промовирана и мерката за враќање на ДДВ за физичките лица која треба да стартува од 1 јули, а е дел од владината програма.

Како до поправедно општество до поправеден ситем е тема во фокусот и на состанокот на Холандско-белгиската конституенца при Светска Банка и Меѓународниот монетарен фонд кој од 21 до 23 јуни ќе се одржи во Скопје.

Домаќини на состанокот кој има големо меѓународно значење се Народната банка и Министреството за финансии. Како што истакнаа на средбата со новинарите гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Тевдовски по повод одржувањето на состанокот на Конституенцата во Скопје, токму оваа тема – нееднаквоста, кои се причините за неа, што доведува до неа, какви се трендовите во последниот период, особено во посткризниот период и дали таа се зголемува ќе биде во фокусот на дискусиите на сите говорници.

-Меѓутоа, нема да се застане тука, ќе се дискутираат и можни решенија, политики во различни аспекти кои на крајот треба да доведат до позитивни ефекти, односно да доведат до порамномерна дистрибуција на доходот во секое едно општество, рече Ангеловска – Бежоска.

За министерот Тевдовски, состанокот е огромно признание и поддршка за нас, и се случува во период кога имаме многу позитивни сигнали во економијата, позитивни случувања, подигнувања на кредитниот рејтинг, но исто така ќе биде искористен за најдобра промоција на нашата земја.

На форумот ќе учествуваат високи претставници од ММФ и СБ, како и голем број министри за финансии и гувернери од членките на Конституенцата. Од ММФ доаѓаат дирекорот за европскиот дел Пол Вилсон, кој е добар познавач на состојбите во нашата земја и беше шеф на првата мисија на ММФ во државата од независноста, како и директорот за фискални политики Виктор Гашпар. Од СБ ќе присуствуваат тројца директори на СБ, што е, според Тевдовски, невообичаено за овој формат на состаноци. Меѓу говорниците го издвоија проф. од Универзитетот во Чикаго Луиџи Зингалес во чиј фокус на научен интерес е токму нееднаквоста во САД, колку фундаментите на овој систем во кој живееме создава предуслови за праведно општество или креира бариери и пречки за тој систем и како овој систем да застане на здрави нози.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер